- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 22.647
- Поени од реакции
- 39.328

... специјалната институцијата што требаше да донесе „правда, за да има мир“ во МКД (сега Северна МКД) нивниот резултат на тоа „специјално“ работење е исплата од 9 милиона евра со четири решени случаи, два затворени со откажување од обвинението, 15 активни предмети пред Кривичниот суд, четири случаи што се вратија на повторени постапки, и два за кои се чекаат одлуки од Апелацискиот суд и 19 истраги за кои сѐ уште не е поднесено обвинение, со што со право СИТЕ членови со се главната К.Ј. треба да ја вратат разликата на парите за „специјалната“ работа што не ја завршиле, (оти еден обичен волонтер толку би изработил сам) па после тоа да се вратат на поранешните работни места како обични обвинители и тоа онака да им прогледаме низ прсти затоа штом нивниот главен двигател К.Ј.е замешана во корупциска афера, а сите тие добивале додаток токму поради звземање став бранејќи ја, усно ли, со колумни ли, написмено ли, по медиуми ли работењето на нивната К.Ј. !

...според логиката на нештата сите индиректно делимично се криви и сите ТИЕ „специјални“ обвинители треба на ист начин да бидат сослушани па дури и да одговарат кривично ако се докаже дека знаеле за ваквата кривична постапка на К.Ј. а не реагирале и инертно ќутеле... затоа што и ќутењето е кривично дело, ако некој ти дава пари за „специјална работа„ со што се има обврска скоро иста како сега К.Ј. што самата си ја сносува цела одговорност, а овие мува не ги лази туку само обичен трансфер од „специјално“ во „обично“ обвинителство....а убаво им било кога К.Ј. како главна им обезбедувала приход што ни на сон не го имале... па да се потсетиме колку месечно им се полнел џебот без да се напомени и за дополнителните месечни бонуси што ги земале :

...така да К.Ј. токму поради специфичнит начин како работела што ги привлекувала коментарите за нејзино осумгодишно студирање на Правен факултет со просек 6,2, токму таа треба да им возврати на сите тие што седеа позади неа, затоа што кога бродот тоне, не останува само капетанот на бродот туку сите или сите ќе се спасат или никој...
а не вака не е во ред, затоа што СЈО не е само К.Ј: туку сите тие што сега се враќаат од „ескурзија“ од специјално во обично обвинителство со само подебела банкарска сметка!