Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Имам еден проблем, па да прашам, може некој го имал истиот па го решил или па знае како да го решам. Значи вака:

Имам Seat Ibiza 1.4 Бензин (и плин) monopoint-injection 1995 год.

Немам копче-рачка за саух, туку е автоматски (не е електронски, барем така ми кажаа). Скоро секое сабајле кога ја палам, работи на дури 3-4000 обртаи во место, и додека возам додека менувам брзина, кога стискам кумплуг се качува на 3-4000, значи цело време на тоа стои, на семафор кога сум, со 4000 обртаи :) а во брзина ако е, сама си вози дури :). Сум приметил, ова го снемува кога ќе се загрее колата, па од таму сам заклучив дека може нешто да е до саухот (а може и грешам). А и да е загреана, да ја изгасам, и за 2 мин. да ја запалам пак, пак ќе работи на толку, само пократко.

Бев кај неколку автомеханичари, еден вика до монопоинтот дека е, па да си најдам друг (а скапи се), друг вика дека колата прима фалш воздух, ама па тогаш ЦЕЛО ВРЕМЕ би работела на 3-4000, а не само понекогаш.

Нема разлика дали ја возам на бензин или на плин, исто е.

Некој совет? Било што?

Фала.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
895
Има некое пореметување во системот.

Значи пробај да го смениш сензорот за температура. Дава изгледа погрешно очитување на ECU. Ептен се евтини
Сензорот за температура не му дава добри очитувања на компјутерот.
Ништо не губиш ако смениш.
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Има некое пореметување во системот.

Значи пробај да го смениш сензорот за температура. Дава изгледа погрешно очитување на ECU. Ептен се евтини
Сензорот за температура не му дава добри очитувања на компјутерот.
Ништо не губиш ако смениш.
Фала многу, денес одма одам-купувам-мењам, па ќе известам што било.
 
Член од
12 ноември 2009
Мислења
86
Поени од реакции
6
Дали некој знае веб страна од германија или некоја друга држава за продвање на машини како што се багери, булдожери итн .... и машини за правење на црева ? Благодарам однапред .... и се извинувам што сум надвор од темата, меѓутоа не знаев каде да пишам па затоа овде, ако има некој проблем слободно избришете го мојот пост.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Фала многу, денес одма одам-купувам-мењам, па ќе известам што било.
Да не ти е поебан саухот или дел од системот што го вклучува уклучува? На Ескордот (1.8 дизел) има автоматски саух, но не е вчитувањето од сензорот на температура, туку е на реле со тајмер... па релето е малку пореметено кај мене, и саухот некогаш знае да не се вклучи.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Значи вака е мојот проблем:
Имам Астра 1.7 ТДИ 97 год. Имам голем проблем со стаклото, ми се замаглува дури и при обично, сончево време, а да не правам муабет какво е кога врне дожд или снег. Дури и да го пуштам централното греење и греачот за стакло, џабе, ефектот е скоро никаков. Знае ли некој што може да биде решението за стаклото, првенствено за предното (возачко), но и за сите останати.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Ветробранското стакло најмногу се магли поради нечист филтер за полен (не за воздух, туку за кабина/полен). Смени го прво него, не би требало да е поскап од 400-500 денари. Би требало да е сместен под пластиката на бришачите :)
 

Warrior

Born to laugh
Член од
15 декември 2005
Мислења
375
Поени од реакции
3
ако е толку колку што пишал за цената, колава ке ти дојде бес пари.
само давачките се многу високи ако колата е над 2000 кубика.

и види колку има поминато :D
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Ветробранското стакло најмногу се магли поради нечист филтер за полен (не за воздух, туку за кабина/полен). Смени го прво него, не би требало да е поскап од 400-500 денари. Би требало да е сместен под пластиката на бришачите :)
Не е до тоа, другар. Го сменив пред неполн месец и пак зафркава. Го проверив на неколку места не знаеја да ми кажат шо е точно. Мислам дека од нешто внатре ми испушта пареа и таа оди директно во ветробранското стагло и затоа нон-стоп ми е замаглено, па мора на секоја минута да го бришам.
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
пареа може да ти испушта од системот за греење провери кај шалтаблата доле теписонот дали е влажен.
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Да не ти е поебан саухот или дел од системот што го вклучува уклучува? На Ескордот (1.8 дизел) има автоматски саух, но не е вчитувањето од сензорот на температура, туку е на реле со тајмер... па релето е малку пореметено кај мене, и саухот некогаш знае да не се вклучи.
Го послушав |Volkswagen|, го извадив сензорот за температура, го зачистив малку (кај спојката имаше влага), сега за сега супер работи само што сеуште (и претходно) не ми покажува температура, кога е колата загреана. Од понеделник ќе си купам такво сензорче, околу 300 е копија, а 1000 е оригинал, па да видам што ќе каже тогаш.

Не е до тоа, другар. Го сменив пред неполн месец и пак зафркава. Го проверив на неколку места не знаеја да ми кажат шо е точно. Мислам дека од нешто внатре ми испушта пареа и таа оди директно во ветробранското стагло и затоа нон-стоп ми е замаглено, па мора на секоја минута да го бришам.
Од кога ти е проблемов? Претходно да не си го ладел моторот со вода па сега со антифриз? И дали ти троши вода/антифриз?

Мене истово ми се случи, ладев на вода и од кога ставив антифриз, ми пукна парното (греачите) т.е. тоа и претходно имало дупчиња но бигорот од водата ги затворило па се си било супер. Кога ставив антифриз, се разредил бигорот, па почна од сегде да ми тече антифриз (доле кај патосниците) и да ми испушта пареа од парното.

Најверојатно и ти имаш рокнато парно.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Не е до тоа, другар. Го сменив пред неполн месец и пак зафркава. Го проверив на неколку места не знаеја да ми кажат шо е точно. Мислам дека од нешто внатре ми испушта пареа и таа оди директно во ветробранското стагло и затоа нон-стоп ми е замаглено, па мора на секоја минута да го бришам.
Да не тури некој шкарт антифриз од типот на prista? И јас ја имам истата мака, ми се маглеше предното стакло, а одоздола под пареата како да беше мрсно. Се изнамачив за да го извадам казанчето, испадна дека е ново, нити дупнато нити ништо. Претпоставувам дека до антифризот е (бидејќи немав проблем се додека не го сменав) па во некоја прилика ќе ставам поквалитетен.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
znaci sekoj pokvaliteten antifriz e mnogu jak ts jak u smisla se ima deseno na postaro reno da stavime orginal elf antifriz razreden fabricki znaci ne koncentrat i kolava od so se stari crevata da pocnat od site strani da pustaat :). zatoa treba i crevata da se menjaat
 

Kajgana Shop

На врв Bottom