Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.277
Поени од реакции
791
Денес е ден на Независноста на Р.Македонија .28 години од 1991 ,значи благодарение на распадот на сфрј ,ние имаме неависна држава без разлика на тоа кој беше кој не бил за Македонија ,некој рече Киро не бил или Денко и други ,само вмровците биле за држава другите не овие сдсм слават ради реда некој ќе речи а можи па и така е или не е така ,

Еве интересно интервју со првиот министер за правда ѓорѓи наумов кој бил директно инволвиран во процесот на независноста заедно со киро јордан мијалков први се качиле на бината сите биле од ново село https://www.youtube.com/watch?v=4r_iur1Z9K4&t=762s иако киро не бил изгледа немал избор а имал и важна улога ,неможеле без него да прогласат или незнам оти не го избациле

.Му било понудено на господин михаил поглаваро да биди преседател .интересен податок е тоа што дедото на гурвски и мијаков бил член во 1941 на здружението
https://pogled.mk/dedoto-na-gruevski-i-mijalkov-chlen-na-b/ Благој Монев ,кој бил еден од студентите уапсени Македонска младинска тајна револуционерна организација ММТРО ,а потреседател бил Методи Гогов г.Михаил на во истото здружение . Интересни историски факти ,
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
D

Deleted member 12196

Гостин
државата при ембарго за оружје, прошферцува 40тина тенкови, 20 хеликоптери, 4 авиони. организираше 50к луѓе под оружје...
И на краај го потпиша срамниот О’ридски договор...
Па имаме канадери. И кампањоли
Ама две третини од нив се неисправни.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
556
Поени од реакции
1.282
Види ова, освен репризи од Васко од пред 10 години, тотална штама, нула. Дали веќе е целосно истрошена поентата за лажни “дебати”, или сончоглед медиуми се вртат по традиција, или најлесно се решаваат проблемите ако едноставно престане да се зборува за нив. Или пак претходните дебати и дискусии за скандали беа првенствено за рекет и сега е попаметно да леташ ниско.
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Вистина апселе деца за веење на знамето со ѕвездата од Бонче/Кутлеш?
Фудбалери биле...
Ако е вистина, тежок резил... Да маваш по сопствен народ
Автоматски споено мислење:

Кога е веќе забрането да се користи тоа знаме, не е забрането да се обои ѕвездата црвена а основата црна
 
Последно уредено:

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.079
Поени од реакции
19.903
Вистина апселе деца за веење на знамето со ѕвездата од Бонче/Кутлеш?
Фудбалери биле...
Ако е вистина, тежок резил... Да маваш по сопствен народ
Вистина било. Еве што напиша овој во темата Драга Кајгана.

Малото диктаторче од Муртино и сељачаната неизживеана околу него скроз забегале, апсат луѓе за истакнување знаме во трета македонска лига, хаха. Кој комплекс и фрустрации треба да ги имаш, за такво нешто да направиш.

 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.980
Поени од реакции
14.763
Храбро од Митовски.....вероватно има џокер во ракавот штом вака удира дирекно во лице...

Еве јас ќе поставам неколку прашања, на кои ги знам одговорите но за јавноста ќе има можност да ги обелодени и Русковска или пак самите актери вмешани во ситуацијата:
  • Дали е точно дека УСБ-то со компромитирачките материјали од сексуалните фантазии на скопскиот бизнисмен излегле од сефот на Јанева во СЈО?
  • Дали е точно дека на бизнисмеот му биле испраќани „парчиња“ од внатрешноста на Македонија, а за тие услуги тој исплаќал сериозни суми на пари?
  • Дали е точно дека еден дел од тие пари биле ипслатени преку фирма на неговиот зет на сметка на „Меѓународен Сојуз“ како инвестиција во проект за дом за стари лица?
  • Дали е точно дека Ременски присуствувал на средбите со бизнисменот и служел како обезбедување на зделките читај. рекетот?
  • Дали е точно дека на телефонот Ајфон одземен од Бојан Јовановски со „златно-жолта боја“ ИМЕИ бр. 357……. и СИМ картичка бр.893……….. се најдени пораки од Зоран Заев?
  • Дали е точно дека материјалите кои се предмет на јавна дебата се најдени на УСБ „Урбан Крузер“, „Супер Тален“?
  • Дали е точно дека е најден крипто-телефонот на Милевски марка „Биттиум“, и што има на него?
  • Дали е точно дека средбите се остварувале во еден елитен ресторан на излезот на Скопје, кон Велес?
  • Дали е точно дека Зоран Заев во пораките кои ги разменил со Јовановски бил информиран за она што го правел бизнисменот, и дали е точно дека ги одобрил активностите на Боки и неговите компањони?
А.Митовски
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.694
Мислам дека полошо е со казнувањата, со строго забраната за истакнување на знамето од Кутлеш, па и со името Македонија. Контрапродуктивно е, споредувајте со албанското знаме, повеќе се истакнува тука отколку во Албанија, баш заради тоа што било забрането.
Времето лечи све, па и фрустрацииве со знамињава и имињава.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Интересен е терминот "независност" во конкретниов случај. Јас не знам кои знаци на независност ние како држава ги покажавме изминативе (скоро) три децении. Ние не поседуваме ни надворешна а уште помалку внатрешна независност. Оти сите институции кои што наводно се во служба на интересите на народот се' впрочем, овие триесетина години, во служба на една шака поедници, кои што од оваа "независна" држава направија своја приватна сопственост.

Држава со корумпирани институции, како може да биде независна? За каква независност се зборува кога на референдум не се почитува вољата на народот кој што ја гласал таквата независност? Каква е таа независност кога друга држава ви диктира како ќе се нарекувате од утре? Кога за истакнување на национални обележја се лежи апсаана. Кога правните институции се во служба на поедници и носат пресуди по нарачка...
Кога избегнувате по секоја цена да го изговорите името на државата чија што независност наводно ја славите...
 
Член од
5 август 2017
Мислења
697
Поени од реакции
855
ама не мене да ме прашаш, нив тоа :). Има голем број медиуми диригирани од опозицијата така да...Или постирај ги сликите од тие протести што ги споменуваш.
мислиш од Шкуп, Скупи е кај Визбегово, тогаш би бил антички македонец. Или скит, римјанин, што знам.
Види, овие можеле да го запалат и ова знаме
или ова

или ова да го срушат?
таблите од сменетите називи на училишта во Чаир да ги искршат...
Или да организираат протест против признавање на Косово итн итн...
За грците не ми се ни збори. Палат грчко знаме, ги пцујат, а 80% народ дури и викенди користи за во грчка, да им го полнат бдп. Веома врло патриотски.
ти едно време самиот беше против лични дисквалификации, но да ти одговорам. Накратко, не можеш да знаеш какви погледи имам кон македонското знаме.
Eve bukirale carter letovi I ke doagale, da ne treba I dvorot da ti go iscistat, kazi slobodno, ne stegaj si ja dusata.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Република Македонија на 8-ми септември 1991 се стекна со независност на еден дел од својата етничка територија и само за еден дел од македонскиот народ. Киро Глигоров, Стојан Андов и Никола Кљусев во своите книги веќе си ги прикажаа настаните според свое субјективно наоѓање, со цел да си обезбедат достојно место во процесот на создавањето на македонската држава.


Затоа, периодот од 28 години независност е добра прилика да се осврнам на некои прашања кои фрлаат поинаква светлина на процесите од тоа време.


Веднаш да кажам дека осамостојувањето беше апсурден случај на меѓународната сцена бидејќи Македонија стана самостојна држава наспроти желбата на македонскиот државен врв, кој до последен момент се залагаше за зачувување на СФРЈ и тоа од оправдани причини:


Глигоров како долгогодишен сојузен функционер, и своевремено во релации со КОС (за ова и псевдонимот на Глигоров пишував во мојата колумна во „Неделно време„ од 16 април 2006) дојде од Белград како делегиран човек, за да се обиде да го спречи македонското осамостојување, а кога се беше јасно со распадот на поранешната СФРЈ, Глигоров дури во декември 1991 воскликна – Македонија е се што имаме?!


Стојан Андов не сакаше да слушне за независност и во оваа насока промовирајќи ја својата партиска платформа во тоа време јавно обзнани дека е можна суверена Македонија, но, само во рамките на суверена Југославија. На 8 август 1991, Андов на средбата со претседателите на општинските собранија пред одржувањето на референдумот изјавува дека со референдумот ние во никој случај не одиме на отцепување на Македонија. Дури, на 8-ми септември 1991 година, Стојан Андов во попладневните часови брзопотезно го напушти Скопје при што вечерта преспива во Дојран, за наредниот ден, рано сабајле ја напушти државата заминувајќи во Грција.


Експертската влада на Никола Кљусев беше еден интересен спој на министри, од кои еден дел имаа надежи за независна Македонија, еден дел на врска со Бугарската национална разузнавачка служба и еден дел на врска со КОС.


Како и да е, на тогашниот македонски државен врв, меѓународните процеси не им одеа во прилог, бидејќи, наспроти нивните залагања, моќните светски актери имаа зацртано дека СФРЈ мора да се распадне по секоја цена.


Така бидна самостојната македонска држава. Поточно, контролирана македонска држава фигурира(ше) во американските интереси во регионот, а во тоа време во новонастанатите околности најмоќна сила остана САД, додека Русија ослабена се повлече од глобалната сцена во националните граници.


Инаку, претседателот Глигоров дури во декември 1991 година ја отвори својата последна карта – независна Македонија, откако ЕЗ на состанокот во Брисел од 16 декември 1991 година донесе декларација со која побара од југословенските републики да се изјаснат дали ги прифаќаат поставените услови за признавање кое ќе се применува од 15 јануари 1992 година со што се означи крајот на СФРЈ.


Со еден збор, македонски челници до последен момент се залагаа за зачувување на СФРЈ, но кога стана очигледна дисолуцијата се тргна по сопствен пат.


Накратко и за наводната опасност од војна и во Македонија во тоа време и наводната поделба на земјата од страна на соседите.


Во тоа време нема реална воена закана од Бугарија, Албанија или од Грција која како членка на НАТО би војувала со Македонија, или, пак, од Србија, која преку ЈНА (во тоа време веќе е под контрола на Србија и составена само со српски војници), само блефираше со можна воена ескалација и во Македонија.


Дури, соседите од свои интереси повеќе ја посакуваа самостојноста на Македонија отколу да ја видат на страната на спротивниот ривал (кај некој од соседите).


ЈНА немаше концепт да отвора ново воено жариште и во Македонија и тоа не како резултат на некакви алтруистички причини, туку заради немањето доволен капацитет за отворање на трет фронт и во Македонија како и реалниот интерес на Србија спрема БиХ во која 40% отсто од населението се Срби, отколку за Македонија каде 2% отсто од населението се Срби.


Впрочем, тоа може да се види и од повлекувањето на ЈНА која, според договорот требаше целосно да си замине од РМ на 15 април 1992 година, а си замина и порано во март поради најавата дека ЕЗ ќе ја признае БиХ (што и се случи во Луксембург на 6 април 1992) и потребата делот од ЈНА од поранешната Трета армиска област (Косово и Македонија) да се лоцира благовремено во БиХ за да ја започне тамошната војна.


Бидејќи, веднаш по повлекувањето од Македонија, ЈНА ја започна војната во БиХ по нејзиното признавање од ЕЗ, тогаш јасно е дека ЈНА немала замисла и моќ да отвора нов фронт и во Македонија.


Дури, македонскиот државен врв во тоа време (кој е во силни релации со КОС како и впрочем македонската Служба за државна безбедност која е под влијание на Белград некаде до 1995 откога американската ЦИА целосно ке завладее во регионот), е соучесник со ЈНА во крвавата војна во БиХ бидејќи дозволи целото оружје и нафтени залихи да заминат со ЈНА иако постоеше начин како да се сочуваат, но со оглед на просторот за ова во друга пригода.


Затоа, прашањето зошто немаше војна во Македонија, треба да се гледа од аспект на стратешките интереси на ЈНА (Србија) за војување на другите жаришта на југословенски простори отколку како резултат на наводната мудра политика на државниот врв во тоа време.


На крај, збор-два и за референдумското прашање.


Собранието на 6 август 1991 година донесе одлука за референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат за прашањето: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија”.


Европските авторитети ваквото референдумско прашање со „додавка“ го протолкуваа во смисла дека Македонија со референдумот се определи за суверена држава, но, во рамките на асоцијацијата на југословенските држави.


На пример, на 7 декември 1991 година до претседателите на југословенските републики е упатен извештај од Арбитражната (Бадинтеровата) комисија во кој се констатира дека Македонија со референдумот се определи за суверена држава во рамките на асоцијацијата на југословенските држави, за разлика од Словенија и Хрватска за кои во извештајот јасно е забележана нивната волја за независност.


Во овој контекст, евидентна е коректноста на Роберт Бадинтер, бидејќи подоцна во Мислењето број 6 на Комисијата од 11 јануари 1992 година, во делот каде се оценуваат и цитираат клучните документи врз основа на кои се препорачува признавање на Македонија од ЕЗ не се спомнува референдумот од 8 септември 1991 година.


Во функција на изработката на мојата магистерска теза, во разговорот што го имав со Киро Глигоров на 31 октомври 2001 година, на прашањето кој е авторот на референдумската формулација, истиот воопштено ми напомена дека авторството е на државниот врв во тоа време. Во разговорот што го имав во МАНУ на 15 ноември 2001 година со Блаже Ристовски (потпретседател во првата влада во 1991 година), за референдумското прашање ми посочи дека летото 1991 година на средба во потесен круг во државната вила во Охрид, Киро Глигоров извадил едно ливче на кое било напишано референдумското прашање и притоа кажал дека ако така не се постави прашањето граѓаните можат да се произнесат негативно.


Како и да е, созреан е моментот да се расветли нарачателот на проблематичното референдумско прашање, со кое, како да прашавме – ако може во Југославија.


Ете, со оглед на просторот, најсумарно тоа се фактите за македонската независност. Се разбира, секој има право на сопствено мислење за ова извонредно значајно поглавје од нашата историја, но, никој нема право на сопствени факти.

Јанко Бачев
Авторот е универзитетски професор по меѓународно право
и претседател на Единствена Македонија
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom