Ај нека им е честито на жителите на улица Модест Мусоргски во Маџари, изгледа ќе бидат првите корисници на оптички Интернет од А1 Телеком во нивната населба.
Ормарот со оптички разделници е кристално ист како ормарите со оптички разделници на Македонски Телеком, со разликата што го нема логото T или T-Home, а сосема случајно вчера ги видов техничарите од А1 Телеком како ги спроведуваа доводните кабли во ормарот.
Иронично е тоа што Хиподром и Маџари се најтазе населби низ кои и Македонски Телеком пушта оптички телекомуникациски кабли од крајот на 2018 година и почетокот на 2019 година, но ете баш на улица Модест Мусоргски немаат пуштено оптички телекомуникациски кабли, што значи дека барем на оваа улица А1 Телеком први ќе донесат оптички Интернет.