Де Геа е киксер*. Одличен голман, со можеби најдобриот рефлекс во светот моментално. Но прима глупи голови, комуникација со одбрана 0, нафрлени топки му се дешава да плива у празно или да изгуби дуел.
Тоа никогаш нема да го искорени. А дека бранел секакви топки тоа е точно. А кога ќе прими гол некој шашав, му се простува ради добрите партии од претходно, што е голема грешка. Најнеблагодарна позиција е, но секоја грешка на голманот по која следува гол е неопростива.
Нит Алисон, нит Едерсон, ни Љорис не прават грешки од таков тип. Може ќе прими гол по земја дека нема да ја стигне или лошо ќе ја процени, ама да му паѓа од раце, да плива у празно, или да не покрива негова статива, не верувам дека им се дешава толку често како на него. А сите овие заедно немаат толку добар рефлекс како него. Предност плус пред овие тројца му е што брани и со нозе (дали му е од ракомет или од футсал како мал коа бил не знам , бидејќи тоа не се карактеристични фудбалски одбрани, но браво!).Цел свет се пали на неговите одбрани пошто се спектакуларни, ама на долги патеки, не е нешто многу посебен. И сам кажа дека ве коштал бодови минатата сезона, а ќе ве кошта и оваа ако продолжи така.

Дали не му се брани за Јунајтед, или не му се брани воопшто, не можам да знам.
Не зборам кога одбраната на Јунајтед е ужас. Ете и со Шпанија на СП, а и на некоја од квалификациите бил мизерија. Не може "најдобриот" голман на светот да му биде резерва на пацер како што е Кепа!
*Киксер е некој што ќе го фати невозможното, ќе брани све и свашта, а ќе прими глуп гол на прва статива, или ќе му се мавне од рака и ќе влезе у гол.
Типови на такви голмани што моментално ми текнуваат во ПЛ биле Кариус, Гомес, Лено.
(Не го споредувам Де Геа со нив, кажувам на што мислам кога некој е киксер)