- Член од
- 5 март 2018
- Мислења
- 17.158
- Поени од реакции
- 19.557
Дечки јас само шо се вратив од Саранда и сум презадоволна од одморот.
Саранда е преубава, градот има се шо можи да посака еден турист од убави плажи, ресторани, хотели, кафе барови, ноќни клубови, продавници, бутици, се е на едно место.
Градските плажи се преубави и водата е многу чиста, јас си одев редовно кај Аполон хотелот и сум презадоволна и од местенцето како е средено околу хотелот и од услугата на персоналот, лежалките беа најефтини мислам таму, 500 леќи за две лежалки со чадор, цените на плажата исти како кај нас, лежалки два пати плативме после тоа не ни ги наплаќаа.
Шеталиштето им е многу средено, ептен е раздвижено навечер, има еден куп таверни и кафе барови покрај пристаништето, тука има и локалци кои продаваат накит и сувернири низ целото шеталиште, во глобала има што да се прави и што да се види.
Овој дел содржи повеќе ресторани а надолу почнуваат плажите и кафе баровите кај што е целата младина, скоро на секоја плажа има бич бар и навечер е топ, сите плажи се еена до друга и сите се добро уредени.
Е сега за навечер паркинг да најдиш е лото, сообраќајот е во хаос, и подобро е да излезиш без кола
Сакам само да ги поздравам сите членови кои делеа тука негативни коментари за Албанија, као таму не знајш шо ќе те најди, криминал, исчезнувале туристи и уште еден тон глупости, премирно е местото и на секого му го препорачувам и за тие кои одат со помал буџет и на тие кои сакаат да имаат пораскошен одмор.
За крај да додадам дека во ниту еден момент не се осетив несигурно или пак непријатно, спиевме со отклучена врата и на плажа си остававме ствари, ништо не ни фалеше, една членка имаш постирано жена завиткана во црно ниту една не видов , не дека ми смета тоа ама чисто да му кажам дека грешно е информирана, во Охрид повеќе ги има такви одколку таму.
Луѓето се сите услужливи и пријатни, барем тоа е моето искуство.
Нема споредба Грчките села со Саранда, ги шијат на секое поле и кога би бирала од 10 пати 10 пати ќе ја изберам Саранда.