Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, дали некој може да ми каже по нешто за следниве изборни предмети?

Напредно програмирање се учи јава, јас кога го слушав 2017/2018 го држеа Ѓорѓевиќ и Маџаров. Мене ми беше огромен проблем, најмногу го имам паѓано, ама мислам дека е еден од најбитните и најисплатливите предмети од факсов. Совет: да се слуша во трета година, после АПС
Автоматски споено мислење:

Некој да не знае што се учи практично на Веб базирани системи, Дизајн и архитектура на софтвер и Имплементација на системи со отворен код?
 
Здраво, дали некој може да ми каже по нешто за следниве изборни предмети?

Што комбинација би ми предложиле од овие предмети со оглед на тоа што имам Веројатност и Статистика?
Полесна по можност :D
 
Што комбинација би ми предложиле од овие предмети со оглед на тоа што имам Веројатност и Статистика?
Полесна по можност :D
Економија за ИКТ инженери е нов предмет, ќе го држи Смилка. Гарантирам дека ќе биде лесен за положување.
 
Економија за ИКТ инженери е нов предмет, ќе го држи Смилка. Гарантирам дека ќе биде лесен за положување.
И јас се мислев за него , ама за уште еден незнам кој :D
 
Шаблони за дизајн на кориснички интерфејси (интерактивни апликации), е полесен. Посебно ако се одлучиш за помала оценка да ги црташ во тетратка шаблоните, без никакво кодирање. Единствен минус е што Лошковска пола го предава, специфична си е и за прегледување, пишува 100 меилови на саат. Ама за положување не е страшно во секој случај.
Или одбери предмети од други смерови од кои било непарни семестри, секако нема правило. :D
 
Здраво. Ако даден предмет го положив во јунска сесија, но професорот сеуште ја нема внесено оценката во iknow, што треба да направам? Треба да го пријавам во септемвриска сесија за професорот да може да напише или?
 
Здраво колеги! Јас сум запишана на Компјутерско Инженерство, сакам да се префрлам на Компјутерски Науки сега во втора година. Имам прашање ако некој знае како ги признаваат предметите од другиот смер за положени? Конкретно еве за Дискретни Стуктури 1 и 2, јас имам положено дискретна математика. Дали би ми се важеле и они како положени?
 
Здраво. Ако даден предмет го положив во јунска сесија, но професорот сеуште ја нема внесено оценката во iknow, што треба да направам? Треба да го пријавам во септемвриска сесија за професорот да може да напише или?
Еден колега прашал на студентски денес, и ми кажа дека не треба да ги пријавуваш повторно.
 
Дали за трет семестар на Финки мора да се одберат изборни предмети од понудените, или може и од други смерови а се во непарен семестар, пошто тешки предмети имам сега, па би одбрала како изборни некои полесни...и предлог за изборни предмети во трет семестар КН
Благодарам
 
Можеш било кој изборен предмет од зимски семестар да го запишеш.
 
Како се правилата за рангирање на упис со повеќе одберени смерови? Пр. ако одберам повеќе смерови оди паралелно или рангират во првиот избор, па ако има слободни места во вториот итн. ?
 
Како се правилата за рангирање на упис со повеќе одберени смерови? Пр. ако одберам повеќе смерови оди паралелно или рангират во првиот избор, па ако има слободни места во вториот итн. ?
Ako prifakas privatna kvota ke te staat u prviot po izbor smer privatna,ako ne prifakas ke baraat mesto u drzavna kvota na drugite smerovi ama toj sto ima go ima odbrano za osnoven smer ke ima prednost pred tebe iako mozda ti ke imas poise poeni od nego.Neka me popravi nekoj ako gresam.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom