Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Sto ste tolku negaticni ubavi si prasav puste mi materijali jas ke si procenam dali sum za toa ili ne sum

Види тука линковите дали се живи.

Сега е нешто сменета програмата, но претпоставувам дека во глобала е пак истиот материјал за првите 2 семестри.
 
Дечки дали на универзитетски лист на пријавата и подолу кај резултати од проверка на знаењата и умеењата, треба нешто да се полага затоа што во средно предходно не избрав математика за естерен предмет(иако е задолжителен) туку странски јазик и на сајтот iknow селектирав како несоодветен предмет. Дали треба нешто да се полага од предметите на пријавен лист или ова важи за студенти учебната 2007/2008 година. Предходно студирав на Феит ми одеше програмирањето ама електротехничките предмети не и затоа решив да се префрлам.
И која е минималната квота за влез во било кој од смеровите?
 
Не треба да полагаш ништо, минимална квота мислам дека и нема баш одредено во секој случај некој од колегиве можеби знае.
Автоматски споено мислење:

Имам едно прашање и дилема која што ги мачи пола студенти кои што не се сигурни дали има услови за запишување предмети во следната година ако пример предтходната не си положил некој предмет па на крај да испадни дека тој е услов за да запишиш некој предмет во следната година?
И што воопшто се случува ако изоставиш 2 предмети или повеќе ги запишуваш повторно или пак нешто друго? Затоа што прочитав дека со молба најмногу можиш да запишиш 6 предмети по семестар.
 
Ако не положиш предмет ако е задолжителен го презапишуваш, ако е изборен може и да избереш друг ( не мора да го презапишеш). Ако неположениот предмет е услов за друг предмет кој сега треба да го слушаш - може да го запишеш тој предмет со молба за запишување без предуслов (99% одобруваат) . Во семестар максимум може да слушаш 6 предмети, без разлика дали се презапишани или нови. т.е. можеш да презапишеш 1 предмет и да завршиш пак во рок, инаку касниш х предмети ( зависи колку си презапишал). Тие предмети ќе може да ги запишуваш било кога како 6ти предмети или пак да ги оставиш за понатаму како дополнителен семестар (9ти). Ако имаш нешто нејасно пак, пиши.
 
Последно уредено:
За кај ти треба?
Лично за мене. Сакам да научам нешто плус, а и во cv да ми стои дека сум магистер.
Купување диплома не е опција, бидејќи сакам дипломата да има вредност.
 
Лично за мене. Сакам да научам нешто плус, а и во cv да ми стои дека сум магистер.
Купување диплома не е опција, бидејќи сакам дипломата да има вредност.
Не се исплати.
 
Лично за мене. Сакам да научам нешто плус, а и во cv да ми стои дека сум магистер.
Купување диплома не е опција, бидејќи сакам дипломата да има вредност.
Ако бегаш надвор океј, а за во Нортх едино ако планираш државна функција или асистент на факултет. А тоа мр. посерисе.
 
Здраво на сите,
Ме интересираше дали со завршена прва година на ФИНКИ- софтверско инженерство можам да се префрлам на ФОН истата насока или пак во Словенија на Државниот универзитет во Љубљана или Марибор? Дали програмата е слична и дали треба нешто дополнително да се полага за да ми се признае годината?
Ви Благодарам,
Поздрав!
 
Здраво дечки, дали знаете дали постои опција курсевите кои ги имам запишано да не бидат видливи за другите на courses? Благодарам
 
Здраво дечки, дали знаете дали постои опција курсевите кои ги имам запишано да не бидат видливи за другите на courses? Благодарам
Колку што имам чепкано, мислам дека не може.
 
Здраво, дали некој може да ми каже по нешто за следниве изборни предмети?

Здраво, дали некој може да ми каже по нешто за следниве изборни предмети?

Интернет програмирање на клиентска страна - лани беше само Интернет Програмирање. Се состои од теорија што се полага на компјутер во која има прашања на заокружување, лабораториски вежби кои ги правите од дома, но за нив се прави тест за да добиете поени и практичен испит во кој имате 1/2 задачи што треба да ги искуцате. Се учи JavaScript, jQuery, како и Ajax, DOM и JSON објекти.

Шаблони за дизајн на кориснички интерфејси - или Интерактивни апликации. Горе доле се учи истиот материјал ко ИП. Разликата е во тоа што теоријата по овој предмет е од дадена слика да кажеш кој шаблон е употребен и имаш 2-3 прашања каде што од дадена слика треба да ги опишеш тие шаблони. Исто има лабораториски и се добиваат поени на ист начин ко на ИП. Практичниот испит е опис на некој интерфејс и можеш да го нацрташ на лист за помалку поени или пак да го искодираш за максимален број на поени. Со цртање мислам дека максимална оценка е јака 7ца.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom