Самоубиство!

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
Пааа вака, ги исчитав сите 127 страници и решив да прозборам на темава.

Веќе долг период размислувам за самоубиство. Немам доволно добра причина да продолжам да живеам.
Барам, но исто како да барам во сено игла.
Имам 30 години, живеам сама, имам одлична работа и финасиски сум доста стабилна, не се жалам но тоа што ме мачи е самотијата, осаменоста, изолираноста од општеството.
Не е моја вина тоа туку игнорирањето од сите што ме опкружуваат, исмевањето, и ред други работи за кои ќе пишувам наредната прилика, здрава и жива.
Како одминува времето се повеќе се менувам и доаѓам до степен да не можам да се препознаам.
Го знам коренот на проблемот но прв пат не можам да се соочам.
Помош од стручно лице?

Кога имаш добра работа и финансии зошто дозволуваш да си сама? Самотијата убива.

И не знам што се замараш со некои што те игнорираат и исмејуваат, јас па за инат на ваквите ќе си барам нови луѓе за дружење и ќе ги игнорирам овие што ме игнорираат.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Чим девојката пишала дека, ЧИТАЈТЕ: "Веќе долг период размислувам за самоубиство." - значи сигурно има многу повеќе ситници од кои чашата претекла. Сигурно не само од исмејувањето и игнорирањето.
 
Можеш да побараш и стручна помош. Да посетиш психолог или психијатар.
Психологот учел како со разговор да ти го испере умот од црните мисли.
Психијатар учел како со апчиња да ти ја промени билошката состојба на организмот, која пак потоа би резултирала и во подобра психичка состојба.

Мајка ми мораше да се оперира, и со тоа и се прекина м-циклус на 45 години.
Денови е добра, денови ја фаќа криза, онака плачи а вика дека солзите сами капат.
Беше на психијатар во државна установа, и препиша лекови за депресија. Но, од лековите и се креваше крвниот притисок 160-170 голем со 90-100 мал, кој нормално е 130-80. Беше повторно да и препиши друг пошто овај не и одговараше. Копилево и препиша лек од иста класа на антидепресанти со друго име. И од него и се креваше притисокот,и повторно не појде, така ете турка некако.

Сакам да кажам копилинава чекаат под рака нешто да завршат нормална работа.

И да напоменам дека во Македонија има голема стигма во поглед на барање стручна помош за ментални проблеми. пр (луѓето будала ќе ме направат)
 
Последно уредено:

А зошто не менувате доктор кога ќе видите дека не го бива? Пиши ми ПП јас ќе ти пратам броеви од неколку асални психијатри.

А и ти па што се замараш кој што ќе каже, дај батали ги северџани авангардата.
 
Затоа што не знаеме кој е добар, а и не можам никој да го кренам во раце и да го носам на доктор ако самиот не сака.

За другото, не мислев на себе, него на голем дел од популацијата вклучувајќи ја и мајка ми.
 
Ви благодарам на сите за размислувањата и советите, највеќе за разговорите во лп, не очекував дека ќе наидам на голема поддршка.

Се обидувам да се пронајдам себе, сфатив дека парите и кариерата нема да ми донесат среќа во животот иако кога дојдов до тој степен бев решена да се фокусирам на било што само да не размислувам.
Коренот на проблемот, луѓето кои ме доведоа до овој степен се одамна надвор од мојот живот но чувствувам на моменти тежина и затоа размислував за тој чекор.
Не ми е сјајно, но комуницирам со сјајни луѓе од време на време но ја немам потребната доверба во нив, за да можам да се потпрам и да сметам на тие лица.
Секако дека не е до нив, во мене е проблемот што одамна не умеам да се опуштам и уживам. Не знам што да очекувам од луѓето, но дел од вината ја барам во себе што дозволив да дојдам до овој степен да не се препознаам.
Причина поради која се затворив е што не сум подготвена да пуштам нови лица во мојот живот.
Често добивам нож во грб од лице од кое не сум очекувавала, и кога ќе решам да запознаам некого ќе упропасти се, и повторно од почеток.

Ќе бидам добро, веројатно.
 
Ке почнеш да пушташ нови лица во твојот живот ама многу посилна од порано. Тоа што во моментов го доживуваш како слабост и став, всушност е твоето најсилно оружје. Психички ќе бидеш спремна дека не сите се искрени и добронамерни ама ќе имаш и убави луѓе кои полека ќе ти ја враќаат вербата.
Никад нема да имаш гаранција дека пак некој суртук нема да те повреди ама тоа го поминуваме сите и само не учи повеќе да ги почитуваме и чуваме тие што вредат.
Главата горе, животот е убав!
 
Сакам да споделам се со цел да им помогнам на останатите на кои од било каква причина ќе се решат на ваков чекор. Поради многу работи кои ми се случија во последните неколку години се изгубив себеси и се обидов да си ги скратам маките. Првин размислував да си ги исечам вените, ама немав храброст за тоа да го сторам. Од друга страна не сакав моите најблиски да ме запомнат по последната слика која ја виделе, а тоа да бидам јас целиот во локва крв. Се обидов на еден друг начин да го сторам тоа . Целиот бев премрзнат кога во еден момент заѕвони мојот мобилен телефон. Тој повик ме спаси. Луѓе не се обидувајте да си наштетите , што и да ви се случи во животот. Не вреди да ги завиеме нашите најблиски во црно. Размислете убаво пред да превземете било што.
 
Препорачајте некој навистина добар психијатар за жртва на траума (силување)
 
Пааа вака, ги исчитав сите 127 страници и решив да прозборам на темава.

Веќе долг период размислувам за самоубиство. Немам доволно добра причина да продолжам да живеам.Барам, но исто како да барам во сено игла.Имам 30 години, живеам сама, имам одлична работа и финасиски сум доста стабилна, не се жалам но тоа што ме мачи е самотијата, осаменоста, изолираноста од општеството.Не е моја вина тоа туку игнорирањето од сите што ме опкружуваат, исмевањето, и ред други работи за кои ќе пишувам наредната прилика, здрава и жива.Како одминува времето се повеќе се менувам и доаѓам до степен да не можам да се препознаам.Го знам коренот на проблемот но прв пат не можам да се соочам.
...да бидеш толку самостостална, со само 30 години со одлична работа добро платена и највероватно сопствен стан,а да „ веќе подолг период размислуваш за самоубиство“ ??? некако не ми иде... имаш родители: брат сестра? или толку си сама , читај „осамена“ да направиш нешто што воопшто не личи на твојата состојба? што да речат ТИЕ што се бескуќници, што немаат леб да јадат? што да речат тие што се со силен хендикеп оставени сами на себе на светот и се борат до последен момент никогаш не помислувајќи да дигнат рака на себе?

1567356501428.png 1567356629914.png

...зарем твојата мајка се мачела да те роди и порасне за да ти за секунд си го одземеш животот? зашто? толку ти е слаба психата? ....не ми се верува дека е можно такво нешто!
1567356753254.png 1567356450047.png

...погледни ги храбрите и земи пример за нивната упорност и борба наспрема твоето банално оправдување!
 
... кај си бе ти? уште не ме поднесуваш? а ти мене баш ми фалиш! :backa:
... инаку дали си запознат со визуелно делување преку фотографии освен само пишанката? знам дека го знаеш тоа!
 
... кај си бе ти? уште не ме поднесуваш? а ти мене баш ми фалиш! :backa:
... инаку дали си запознат со визуелно делување преку фотографии освен само пишанката? знам дека го знаеш тоа!

не ставај сликовници жити све
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom