Воени авиони

Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Пред неколку дена стигнале неколку српски мигови од Русија во Србија.

https://rs.sputniknews.com/foto/201710121113021855-Mig-Migovi-foto-galerija-barajnica-eksluzivno-avioni/


Опасни машини, во блиска будуќност ке се набавува и противваздушни системи, иако моменталната српска власт прави такви глупости што не се ниту граничат со здрав разум ова за поздрав.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
8.410
Опасни машини, во блиска будуќност ке се набавува и противваздушни системи, иако моменталната српска власт прави такви глупости што не се ниту граничат со здрав разум ова за поздрав.
Старо бескорисно железо (кое се виде во 1999 година) дури и со модернизација , а да не зборувам за денешницата.
https://www.youtube.com/watch?v=P-M9jA1INk8&t=7s

https://www.youtube.com/watch?v=4lqKEn3ptoE
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.830
Поени од реакции
36.862
За време на војната во Виетнам, советските ловци Миг17/19 и 21 се покажуваат како смртоносни во однос на поголемиот F-4 Фантом за време на блиски средби во воздух. Разочарана од таквите резултати од воздушни дуели, Американската авијација ја признава потребата за изработка на супериорен ловец кој ќе воспостави воздушна доминација.

Поради тоа во 1965 Американската авијација упатува повик за доставување на понуди за израбока на air superiority fighter. Таквиот авион не само што требало да доминира во однос на помалите советски ловци туку требало да биде подобар и од новиот Миг-25 кој во 1967 бил претставен како најдобар и најмодерен ловец. Во 1969 година, по разгледување на поднесените предлози од осум производители до Американските воздухопловни сили одбран е проектот на компанијата McDonell Douglas (денешен Боинг) односно ловецот познат денес како F-15 Eagle. Првиот лет го бележи во 1972 година.

f15_hero_new_1280x720.jpg

F-15 до денес е надградуван неколку пати како различни варијанти во зависност од потребите како F-15A/F-15B/F-15C/F-15D и последната варијанта од 1988 година F-15E Strike Eagle. Моделите F-15/A и F-15/C се со едно седиште додека моделите F-15B и F15/D се двосед со второто седиште за тренинг. Моделот F-15Е е исто така со две седишта со тоа што второто седиште е наменето за офицер за оружје бидејќи F-15E освен за воздухопловна борба е приспособен и за изведување напади на земја и носење на напредни воздух-земја проектили. Јапонските модели на F-15 се изработуваат под лиценца на Мицубиши.

Со моделите на F-15 освен САД оперираат воздухопловните сили на Израел, Јапонија, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.

Од неговиот прв лет во 1972 па се до денес во период од скоро половина век, на терен F-15 се покажа како доминантен air superiority fighter. Неговите резултати во воздушни дуели се 106 победи и нула порази. Ниту еден друг авион до денешен ден нема соборено F-15.
Самиот факт дека до сега во 40 и кусур години користење ниту еден друг авион нема соборено F-15 во воздушен дуел го прави авионот комплетен хегемон и една од најдобрите воздухопловни креации. Моделите A/B/C и D не се соборени ниту еднаш, додека моделот Е има три загуби, две од ПВО и еднаш погоден од ракета додека паркиран.

Освен САД најголем бенефит од F-15 има видено Израел. Мачејќи се да воспостави водухопловна доминација над својот воздушен простор и честото надлетување од страна на Мигови во сопственост на соседните арапски земји го принудуваат Израел да пристапи кон купување на најновиот американски ловец F-15. По набавката на новиот ловец (допочнително набавуваат и F-16) за брзо време Израел станува доминантна воздухопловна сила со можност да проектира воздухопловна доминација во поширокиот регион.
Првата победа на F-15 е остварена од Израелската авијација. Во период од 1979 до 1983 за време на израелските напади на палестински позиции во Либан и Либанската војна, Израелските F-15 се одговорни за рушење на 56 сириски ловци во воздушни дуели (36 Миг-21, 17 Миг-23, 2 Миг-25 и еден Aerospatiale хелихоптер).
Дополнително F-15 ловците ги имаат изведено операциите Opera и Wooden leg, првата со цел уништување на нуклеарен реактор во Ирак заштитен со тешка ПВ одбрана и втората операција за уништување на палестинското седиште и камп во Тунис.

disp_f15.jpg
Израелски F-15 со шест kill markings за срушени сириски авиони.

IAF-F-15C-Baz--Independence-Day-2017-Tel-Nof-IZE-082.jpg
Израелски F-15 со четири kill markings.

За време на акцијата Desert Shield во Ирак, F-15 на USAF е одговорен за 34 победи ( меѓу кои 5 Миг-29, 2 Миг-25, 8 Миг-23, 2 Миг-21, 2 Сухои-25, 4 Сухои-22 и други).

Дополнително ловецот има извршено еден куп други акции на Блискиот Исток при ноќни услови и беше дел од операцијата во Ирак во 2002 година.

F-15 исто така е прилагоден за носење на ASAT проектили за рушење на сателити.

Во моментот моделите A и B се пензионирани, додека моделите C и D ќе се пензионираат некаде во средината на 20тите. Моделот F-15E Strike Eagle ќе остане во употреба најверојатно до средината на 30тите. Во денешно време постепено главната ударна сила за air superiority на САД се префрлува на новиот F-22 Raptor иако е прашање колку е тоа потребно поради немање на сериозна конкуренција во таа област, со што тоа е една од причините за запирање на програмата за нови F-22 .


F-15E_Strike_Eagle.jpg
F-15E Strike Eagle

1280px-Multiple_F-15E_parked_during_Operation_Desert_Shield.jpg
Во Кувајт за време на операцијата Desert Shield

135573.jpg


es-15 nwumvocn.jpg
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.423
,,,,pozdrav do let,,,:icon_mrgr:,,,

,,,od shto se strashna rabota @Let 3 kojznae kade e letnat,,,[DOUBLEPOST=1551342961][/DOUBLEPOST]
Старо бескорисно железо (кое се виде во 1999 година) дури и со модернизација , а да не зборувам за денешницата.
https://www.youtube.com/watch?v=P-M9jA1INk8&t=7s

https://www.youtube.com/watch?v=4lqKEn3ptoE
,,,crtani- filmovi,,,
,,,konkreten primer na borba pomegju americhki so ruski piloti,,,
 
Последно уредено:

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Operation Balakot was a failure
A post strike analysis by Michael J. Sheldon for the Digital Forensic Lab suggests India’s air strike inside Pakistan was a failure.
Using commercial satellite imagery, Sheldon was able to confirm that the strike had taken place near Jaba Top.
Images taken on Feb. 27 showed only impacts in the woods and none of the surrounding structures seem to be damage.
[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=QDS5sLIOgPo[/youtube]

Analiza napada
:arrow: https://medium.com/dfrlab/surgical-strike-in-pakistan-a-botched-operation-7f6cda834b24[/quote]

indiska bruka
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Зошто брука? Им обориле ете еден ф-16
Рон друже
некој доказ
И Пакистан вели а ББЦ потврдува 2 Миг21 Бизон дека собориле.

А и местото кое е напднато од индијците нешто не се прославиле со успешни погодоци.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Ни една земја не кажува реален број на загубени авиони, се смета срамота и плус го руши моралот така да во принцип секогаш се лаже.

Се смета дека Индија загуби два авиона а Пакистан еден (но може да има и загуби што не се кажуваат) но тоа што не се знае е дали Индија ги постигна целите односно дали успеа да ја уништи базата на џихадистите во пакистанскиот дел на Кашмир, Индија тврди дека е уништена, Пакистан дека не е и дека Индијците морале да бегаат и го исфрлиле товарот (бомбите) на рандом локација без вистинска штета.

Се збори и дека Индијците симулирале напад на сосема друга локација за да го повлечат PAF од вистинското место на напад, тактика што делува многу логично.

Мој впечаток е дека Индија не помина така добро како што очекуваше (плус еден заробен пилот) но и Пакистан иако навидум однесе (медиумска) победа брзопотезно го врати пилотот за да не ескалира судирот што покажува или на слабост (Пакистанците признаваат дека во отворена конвенционална војна со Индија би загубиле) или на однапред контролиран судир.

Моди е пред избори така да ова е одличен морал буст и добивање потенцијални нови гласачи.

Добро е што се смири пошто нуклеарна војна никому не му е од корист.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.649
Поени од реакции
42.202

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Иначе не само што обориле ф-16, истиот тој паднал на своја пакистанска територија и пилотот бил линчуван доле од мештаните. Не ни провериле кој што е пред да го убијат.

https://www.mkd.mk/svet/vesti/pakistanskiot-pilot-bil-linchuvan-po-greshka-lokalcite-mislele-deka-e-indiec
у нервоза

The MiG-21 Bison fighter jet of the Indian Air Force that shot down and advanced American origin F-16 of the Pakistani Air Force on 27/02/2019 was a highly upgraded version of the Soviet era jet . India's first MiG-21 arrived from the Soviet Union in 1963 and four years later Hindustan Aeronautics Limited started making these jets at home under license from Soviets . The MiG-21 Bison upgrade was launched in 1990s and the last upgrade for 110 MiG-21 jets to Bison happened in 2006 turning them in to capable modern fighter jets fitted with beyond visual range missiles . Guests : Air Vice Marshal PK Srivastava (Retd.), Defence Expert Ajay Banerjee, Defence Correspondent, The Tribune Maj Gen Ravi Arora (Retd.), Chief Editor, Indian Military Review Anchor - Vishal Dahiya Producer - Vishal Dahiya , Nishtha Malhotra
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305


Su-47 на МАКС 2019 со прототип се појавува после 12 год :)
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
ова се стари слики, на МАКС го извадија за изложба само, Су-57 беше главната ѕвезда

Да да, али го ставив дека сепак не е заборавен туку ете нешто и се работи на него, чим го извадија по долго време.

Иначе од su-57, mig- 35, до макетата на Охотник, и кинескиот дрон Lj-I што го спремале за f-35, до иранската стелт крстосувачка ракета. Па до цивилните авиони од руско производство МС-21 и руско-кинескиот CR929 пандан на аирбус А380 и Боинг 777.
МАКС 2019 имаше што да им покаже на Западната хегемонија у растварање :)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.830
Поени од реакции
36.862
Да да, али го ставив дека сепак не е заборавен туку ете нешто и се работи на него, чим го извадија по долго време.

Иначе од su-57, mig- 35, до макетата на Охотник, и кинескиот дрон Lj-I што го спремале за f-35, до иранската стелт крстосувачка ракета. Па до цивилните авиони од руско производство МС-21 и руско-кинескиот CR929 пандан на аирбус А380 и Боинг 777.
МАКС 2019 имаше што да им покаже на Западната хегемонија у растварање :)
Миг -35 не гледам каква иновација претставува со оглед на тоа дека во најголем дел е базиран на претходникот Миг - 29, освен може некаква надградба или под варијанта. Ако не се лажам ги користи истите мотори дизајнирани во 80тите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom