За време на војната во Виетнам, советските ловци Миг17/19 и 21 се покажуваат како смртоносни во однос на поголемиот F-4 Фантом за време на блиски средби во воздух. Разочарана од таквите резултати од воздушни дуели, Американската авијација ја признава потребата за изработка на супериорен ловец кој ќе воспостави воздушна доминација.
Поради тоа во 1965 Американската авијација упатува повик за доставување на понуди за израбока на air superiority fighter. Таквиот авион не само што требало да доминира во однос на помалите советски ловци туку требало да биде подобар и од новиот Миг-25 кој во 1967 бил претставен како најдобар и најмодерен ловец. Во 1969 година, по разгледување на поднесените предлози од осум производители до Американските воздухопловни сили одбран е проектот на компанијата McDonell Douglas (денешен Боинг) односно ловецот познат денес како F-15 Eagle. Првиот лет го бележи во 1972 година.
F-15 до денес е надградуван неколку пати како различни варијанти во зависност од потребите како F-15A/F-15B/F-15C/F-15D и последната варијанта од 1988 година F-15E Strike Eagle. Моделите F-15/A и F-15/C се со едно седиште додека моделите F-15B и F15/D се двосед со второто седиште за тренинг. Моделот F-15Е е исто така со две седишта со тоа што второто седиште е наменето за офицер за оружје бидејќи F-15E освен за воздухопловна борба е приспособен и за изведување напади на земја и носење на напредни воздух-земја проектили. Јапонските модели на F-15 се изработуваат под лиценца на Мицубиши.
Со моделите на F-15 освен САД оперираат воздухопловните сили на Израел, Јапонија, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.
Од неговиот прв лет во 1972 па се до денес во период од скоро половина век, на терен F-15 се покажа како доминантен air superiority fighter. Неговите резултати во воздушни дуели се 106 победи и нула порази. Ниту еден друг авион до денешен ден нема соборено F-15.
Самиот факт дека до сега во 40 и кусур години користење ниту еден друг авион нема соборено F-15 во воздушен дуел го прави авионот комплетен хегемон и една од најдобрите воздухопловни креации. Моделите A/B/C и D не се соборени ниту еднаш, додека моделот Е има три загуби, две од ПВО и еднаш погоден од ракета додека паркиран.
Освен САД најголем бенефит од F-15 има видено Израел. Мачејќи се да воспостави водухопловна доминација над својот воздушен простор и честото надлетување од страна на Мигови во сопственост на соседните арапски земји го принудуваат Израел да пристапи кон купување на најновиот американски ловец F-15. По набавката на новиот ловец (допочнително набавуваат и F-16) за брзо време Израел станува доминантна воздухопловна сила со можност да проектира воздухопловна доминација во поширокиот регион.
Првата победа на F-15 е остварена од Израелската авијација. Во период од 1979 до 1983 за време на израелските напади на палестински позиции во Либан и Либанската војна, Израелските F-15 се одговорни за рушење на 56 сириски ловци во воздушни дуели (36 Миг-21, 17 Миг-23, 2 Миг-25 и еден Aerospatiale хелихоптер).
Дополнително F-15 ловците ги имаат изведено операциите Opera и Wooden leg, првата со цел уништување на нуклеарен реактор во Ирак заштитен со тешка ПВ одбрана и втората операција за уништување на палестинското седиште и камп во Тунис.
Израелски F-15 со шест kill markings за срушени сириски авиони.
Израелски F-15 со четири kill markings.
За време на акцијата Desert Shield во Ирак, F-15 на USAF е одговорен за 34 победи ( меѓу кои 5 Миг-29, 2 Миг-25, 8 Миг-23, 2 Миг-21, 2 Сухои-25, 4 Сухои-22 и други).
Дополнително ловецот има извршено еден куп други акции на Блискиот Исток при ноќни услови и беше дел од операцијата во Ирак во 2002 година.
F-15 исто така е прилагоден за носење на ASAT проектили за рушење на сателити.
Во моментот моделите A и B се пензионирани, додека моделите C и D ќе се пензионираат некаде во средината на 20тите. Моделот F-15E Strike Eagle ќе остане во употреба најверојатно до средината на 30тите. Во денешно време постепено главната ударна сила за air superiority на САД се префрлува на новиот F-22 Raptor иако е прашање колку е тоа потребно поради немање на сериозна конкуренција во таа област, со што тоа е една од причините за запирање на програмата за нови F-22 .
F-15E Strike Eagle
Во Кувајт за време на операцијата Desert Shield