Тука праиш утка: Харис јасно вика дека етичките судови на психопатите се невалидни, и тоа на поише места. "This is why one cannot argue for the rightness of one's views on the basis of mere preference." (Moral Landscape: 81) Значи, концептот за добросотојба го верифицира во универзални емпириски потврдени социјални пракси кои ги делат сите човечки заедници и се резултат на еволуција. Харис никаде не ја редуцира етиката на персонална преференција. Напротив. Значи, она што психопатите им праи филм, не може да го земеме како позитивна универзална матрица. Затоа што кога Ханибал ќе го искасапи некого и свари за доручек (и коа тоа му праи зен), крши едно елементарно етичко правило: убива недолжен чоек. Не моеш ова да го споредуеш со плацебото на џанакот и бабата кои не повредуваат никого.
Психопатот беше екстремен пример кој алудира на нешта што повеќемината ги делиме, а тоа се агресијата и доминацијата, другата страна на паричката. Во сите човечки заедници постои некаква манифестација на тие пориви зашто имаат некаква функција за опстанокот. Херис ги чери пика тие што мисли дека се полезни, а тоа е филозофско стојалиште и потоа и' дава интринзична вредност само на благосостојбата. Науката не може да ни каже зошто тие се полезни ако не тргнеме од некакви етички премиси.
Процентот на луѓе кои нанесуваат болка за лична корист не е исклучок од правилото, туку е правилото што важи за мнозинството. Мнозината се и емпатични, нешто што ја покажува комплексноста на човековата природа. Секоја од овие појави има своја функција. Степенот на емпатија наспроти доминација кај еден ист човек варира зависно од темпераментот, верувањата и други фактори. А и со различни луѓе сме емпатични/агресивни во различна мера зависно од односот што го имаме со нив. Тоа дека секој има различен начин на кој стига до благосостојба не ми беше исказ кој ги негира нашите универзални пориви туку поврзан со тоа дека секој различно ги манифестира истите и ги манифестира во различна мера зависно од психолошкиот профил, искуствата, верувањата и други фактори, нешто што има варијација на тема. Но ако не можеме емпириски да ја потврдиме добросостојбата, не можеме да знаеме дали чувството на добросостојба е истата работа за сите, дали секој го користи терминот за различна состојба на умот со различни квалитативни особини или појавноста на добросостојба се јавува во множества, па можеби има конечен број на добросостојби, 10 на пример. Тогаш ќе треба да ги видиме разликите и на кои од добросостојбите ќе им дадеме интринзична вредност.
Муабетот се сведува на ова:
П1. Ние имаме универзални пориви.
П2. Универзални пориви се агресија, емпатија и др. и некои од тие се пожелни, а некои не.
П3. Пожелни се емпатијата, финоќата итн.
П4. Науката може да ни каже како најдобро да ги манифестираме пожелните пориви.
Науката не може да ја докаже валидноста на П3 и П4 и за истите мора да се сложиме за да ја користиме науката целисходно.
Има и екстремни случаи во кои некои од универзалниве порививи фали или е премногу потенциран, но тоа не ја негира аксиомата која важи за повеќемината, сепак користиме статистика, а не премиси кои се апсолутни.
Другиот проблем е што Херис тврди дека некои луѓе живеат подобро од други. Ние треба да видиме зошто е тоа така и знаењата да ги искористиме во наша полза. Но некои говнари живеат подобро од други добри луѓе поради различни причини. Некои од тие причини се директно поврзани со нивното говнарство (газат све), а други не се (добиле наследство). Тие што не се (наследството) не ни кажуваат ништо за моралноста сама по себе бидејќи се опортуни фактори кои не се поврзани со истата. Некои од тие што ни кажуваат за моралноста се контра нашата теза (говнарството). На крајот од денот, ние ги чери пикаме вредностите кои ги сметаме за доблесни и тоа е добро, јас ја имам истата позиција. Но науката не може да ни каже ништо за тоа.
Харис користи утилитаризам и консеквенционизам, но го повлекува прашањето зошто добросостојбата е единственото нешто со интринзична (внатрешна) вредност и зошто треба да се максимизира. Можеби и ако ја дефинираме добросостојбата, таа не е единственото нешто со интринзична вредност (патиш за поголема цел). Ако сите нешта со интринзична вредност кажеме дека се еквиваленти на добросостојба, влагаме во премногу инклузивна дефиниција, а и имаме проблем бидејќи патњата за поголема цел има квалитативни особини кои се различни од тие на добросостојбата. Исказот дека треба да ја максимизираме добросостојбата е проблематичен ако има други вредности со интринзична вредност кои се косат со нашата добросостојба, како на пример, патњата за виша цел.
Не сфаќај ме погрешно, јас веруем дека науката е добра алатка што може да ја користиме за подобрување на нашето поведение, само не веруем дека може да каже нешто за вистинитоста на нашиот етички систем бидејќи верувам дека етиката нема онтолошка основа, нешто што е поткопано од отвореното прашање на Мур ако тргнеме од рамката на онтолошкиот натурализам како и од ред други аргументи. Позитивноста на праксите не може да биде потврдена емпириски ако немаме морални начела за тоа што е позитивност, па да видиме кои пракси би довеле до истата.