Сем Харис вика дека моралот не е тотално арбитрарен и од тепка утврден -- моралот не е тотално релативен. Харис покажува дека основата на било кој морал е резултат на комплексна еволутивна адаптација за интензивен социјален живот. Во таквата еволутивна адаптација за динамичен социјален живот, човечките заедници емпириски дошле до основата на секој етички систем: општа добросостојбата на заедницата. Во рандом човечка заедница основните морални норми се во функција на постигање и одржување општа добросостојба на заедницата. Пример: правилото за фер постапување. Фер третманот не е само апстрактен принцип “паднат од небо” туку резултат на еволутивна адаптација. Фер-плејот (еднаквоста во постапките и третманот кон другите) денес се аксиом за кој не се потребни докази. Харис наведува и конкретни докази од неуроимиџинг студии кои укажуваат дека фер постапувањето резултира со позитивнa (reward-related) невролошкa активност, а нефер постапките предизвикуваат негативни невролошки реакции. Таквата еволутивна адаптација и универзалниот стремеж кон добросостојба резултирале со грижа за деца, старци и болни, емпатија, заштита на домот и заедничките добра, итн. Значи, во основа сите социјални заедници се базираат на ист егзистенцијален стремеж: доволно храна, безбедно засолниште, социјална хармонија, праведност, итн.
Првата битна поента на Харис е дека стремежот за добросостојба е основа на секој морален кодекс. Е сеа, ова е многу покомплексно. Има големи разлики за начините КАКО да се постигнат и одржат правдата, хармонијата, безбедноста, итн. Оттаму и разликите меѓу западноевропското право и шеријатот, моногамијата вс. полигамијата, одењето по гол г`з у џунгла и носење троделно одело, кравата и полуцилиндар, итн. Овие разлики се поради куп причини и анализите се малце комплексни. На пр. Ескими нема да идат по гол г`з пошто е ладно, а бедуините у Мароко ќе се умотаат у чалми да не јадат песок ко ќе задува у Сахара. Значи животната средина може и влијае врз дрес кодот во една заедница. Религијата експлицитно го нормира моралот. Бељата е кога религијата (а и било која идеологија) се интерпретира фундаменталистички или екстремистички, а не селективно, во согласност со она што е позитивна пракса, научно потврдено и емпириски проверено како саглам. Религиозни текстови изобилуваат со купишта небулози, бабини деветини и неукост. Затоа за педерлук се кине глаа или иде у затвор, у Африка ако си албино го јадеш стапот, а у Судан или Афганистан ако женско се пердаши на страна ќе јаде едно пар стотини камења у глаа, итн.
Втората битна поента на Харис е дека моралот не може и не треба да е одвоен од науката. Харис вика дека моралните кодови треба да добиваат инфо и да се апдејтираат консеквентно од и според науката. Мене овие две тврдења ми се гледаат саглам и здрава основа за дефинирање универзални хумани вредности и универзален морал.