Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
Битола има голема несреќа со катастрофални градоначалници. Со толку убав „почетен капитал“ од стари градби и убав народ, толку да се немало идеја и минимална иницијатива и желба да заживее градот тоа е страшно. Не одам толку често ама едноставно не гледам дека било што се прави (освен што има најскапи такси и давачки од сите градови во мк).
За жал идејата дека жена градоначалник ќе биде освежувачка промена се покажа како голема заблуда. Штета за толку убав град со таков потенцијал.
 
Има бесплатен паркинг карши јавор меѓу зградите!
 
За некој ден секаде ке биде бесплатно, на концесионерот му истекува договорот во Јуни (не сум сигурен за точниот датум ама во Јуни е) општина Битола е во фаза на формирање јавно претпријатие за паркинзи пошто нема повеке да се издава - самата општина ке стопанисува па додека се средат тие формалности ке има некој вакуум простор кога никој нема право да наплатува.
 
До 26ти.

На база на шпекулација општината ќе започне дури од Септември.

До тогаш каков хаос ќе биди (не)можам да замислам.
 
И белата ноќ не е тоа шо беше.
Б од Бела ноќ нема веќе, каде бе со оној репертоар ?
Прво започнаа нешто како во стил white sensation се носеа диџеи од секаде, широк сокак преполн, сите во бело, високи маси, горе долу беше ок, првата година со Кирил Џајковски беше супер, имаше од секаде гости, фул беше корзото, значи идејата да се направи нешто такво успеа и шо направија Битолчани наместо да си продолжат со таа традиција и да си фураат по тој план, да носат подобри диџеи тие секоја година се послабо и послабо, нормално за добра журка треба салам организација а за тоа треба и пари а општината нејќи да се замара па локалите се оставени сами на себе да си плаќаат од џеб.
Прво беше една вечер па од лани направија две вечери во стил како фестивал нешто, па сменаа и стил на музика се удри на српско-македонска, абре каков фестивал какви бакрачи, она повеќе на панаѓур личи со тезгите кај паркингот :ROFLMAO:
Брука сме значи, едно нешто направивме добро и тоа го испустивме.
 
Шо сакаш, види прво штандојте кои служеа како шанк од што беа, па ќе ти стани јасно како ден :)
Истите штандови, дрвените што продаваат мед на Магнолија, тие беа користени, незнајш дали сега ќе падни или покасно :D Дури нема некои промоции за мед, да се искористат како шанк за легендарната Бела ноќ.
Единствено нешто добро му беше што беа на паркингот пред Домот, барем беа понастрана од Широк Сокак, ако се на Широк Сокак нема врвење, тотален хаос, седиш во место и сите се туркаат, вака барем проодна е улицата...
За изведувачите секоја година се полошо и полошо, па уште и два дена :pos:
Едниот ден наша музика форсираат, другиот странско :pos: Ај Лозано е ок, во подем е дечкото, ама вгодина кој ? Немаме други, не ме чуди в година и Жаре Бербер да биди на Бела Ноќ, до таму дојде работата или пак Боки 13 ако излези од затвор :D
Изгуби сенс оваа организација, еве 2 години со ред е под нулата, во негатива се.
Џабе фрлени пари, тотално изгубени за ништо, барем да ги вложат во нешто, од што би ќарил градот....

Сакаат да организират нешто, ама едноставно НЕ ГИ БИВА !
 
Каков Лозано бе него од дома не го слушаат :pos: некој друг ќе го слуша
 
Каков Лозано бе него од дома не го слушаат :pos: некој друг ќе го слуша
:tapp:

Едно е да не ја слушаш таа музика која ја пее он и да не сакаш да настапува зошто не ти е интересен на тебе,еве ни јас не сум ги слушнал повеќе од еднаш оние новите песни кои ги направи ама коментаров ич не ти е на место.

Извини ама типично македонско завидливо и љубоморно ти е мислењево.
 
Што и фали на музиката на Лозано?
Спореде мене ништо не и фали но еве јас не ја слушам зошто никогаш не сум изразил желба и интерес да слушам таква музика ама да напишеш таков коментар како членов погоре е идиотски.
 
Спореде мене ништо не и фали но еве јас не ја слушам зошто никогаш не сум изразил желба и интерес да слушам таква музика ама да напишеш таков коментар како членов погоре е идиотски.
Не се губи, мајтап беше коментарот од погоре, на Лозано ќе му љубоморам :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom