Лук Шо наводно ќе го нема месец дена, задна ложа сјебал.
Разигравач , тоа ти е Андреас абдејтиран со дијагонали, пресинг, додавања, дриблинзи , шут и сл. Нешто како Ериксен.
Од набројаниве карактеристики на Переира му фали мозок т.е. визија и малце интелигенција да знае кога долга да пушти, кога да поткопа, да даде пас или дриблиг.Малце ми е криво кога ќе го видам малиот со тие технички способности, а не знае правилно да ги користи.
Инаку сега кога Маријсал е повреден, ја би ја пробал следнава екипа против Сотон да сум Оле:
Џејмс - Рашфорд - Переира/Мата
Погба - Матич - Скот
Јанг - Мегваер - Линделоф - ВанБисака
Давид Де Геа
Погба би имал поофанзивни задачи, нешто ко тоа што играше кога ни тргна зимоска.Предната тројка би се мешала цела време, со тоа што Рашфорд би тежнеел десно да оди, Мата на моменти да игра ко лажна 9ка, а Џејмс да се уфрла во празен простор.Тука би можело Јанг да се убаци ко 2ро крило, Погба креатор, Матич и Скот позади ко чистачи.
Замени: Мата/Переира зависи кој не играл, Фред и Гринвуд.Лингард на трибини.Ако има поовлен резултат би го пуштил Гомес место Мата/Переира.
Инаку арно спомна некој, мора на ВанБисака да му удрат заушка оти многу се влече кога изведува аути.Или имаше ситуации кога намерно оставаше топка да искочи во аут место да земе топка и да ја прати напред.Си направив паралела со Гери и Рафа на времето, ко улави трчаа да испратат топка штопобрзо напред.