Матиќ уште на припреми беше катастрофа. Како и Санчез, така и за Матиќ мислам дека нивото на ПЛ е пренапорно. Матиќ ми делува и ко поистрошен од Санчез. По мене Фред, Мек Томинеј и Погба треба да се прв избор во средина. Е сеа, што се дешава со Фред и како дури не фаќа место ни на клупа, при ваков Матиќ, може да погодуваме.
Џејмс трча, се враќа у одбрана, врши добар пресинг, али за сега она што е најбитно, а тоа е перформанси у напад, кога игра десно, е најлош од тројката напред. Се гледаше уште на припреми дека десна страна уопште не му лежи, далеку покорисен е лево. За сега, детето е топ за да влегува некаде 60-70-та минута, на изморена одбрана, али проблемот е што нема кој друг да игра на десно крило. Гринвуд е другата опција, али он па со 17 години, не може да биде прва опција на таа позоција. Со оглед на тоа дека Рашфорд, Марсијал, Џејмс ни се моментално најдобар избор, треба Рашфорд и Џејмс да ги менуваат позициите у тек на утакмицата. До сеа ни еднаш не сменија позиција во овие три утакмици.