jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.645
- Поени од реакции
- 27.606
Види јас не кажав нешто што беше во мојата глава, туку работи кои се дел општо познати (имаше неколку доста опширни интервјуа со него во 90тите вклучително за атентатот), дел можат да се проверат во МВР многу лесно. Јас ништо од личните муабети со него не извадив тука, па да кажам и да промовирам.Ја разбирам потребата да се промовираш само немој тоа да го правиш на сметка на други!
Зарем мислиш дека тоа што го напишав е резултат на “нешто некој напишал на форум“ па јас пренесувам или можеби лично подолг временски период сум разговарал со човекот?
Види вака немам намера никого да убедувам ниту да пишувам за нешто што не можам да го потврдам со некаков доказ-аргумент, но многу добро знам што збореше кога и каде. Ако тебе повеќе ти одговара да веруваш во твоите сознанија јас немам ништо против, од мене толку, само уште за арапскиот (Палестинците верувам говорат некоја верзија на арапски) говореше пред мене, а до кој степен го знаеше не би можел да речам затоа што не говорам но многу добро ги знам и Иранците и Ирачаните и Алжирците и Палестинците и Либијците, можеби и јас сум ги обучувал, кој би знаел!
Дали имал и какви информации околу атентатот на Глигоров, ќе мора да ти веруваме сепак не успеа да ми ги даде дискетите, а бидејќи ми е доста од “расправии“ со однапред дисквалификувања, нека биде ти знаеш, ти речи, јас ќе молчам.
Не е вистина дека му бил телохранител на Глигоров, човекот е маргинализириран на почетокот на 92 и ставен на должност на Солунска Глава. И башка тоа би било чин ко да му даеш на волк јагне да чува.
Јас не спорам дека ти си зборел со некого.... Но тој некој као да не бил Алигаторот....
Едноставно не ми е убаво да слушам лаги и глупости за луѓе што сум ги знаел и што сум ги почитувал. Уствари не сакам за никој лаги да слушам.