Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Да прашам до тие што повеќе се разбират.

Дали нешто ќе смета доколку климата е поставена на 50cm од таванот ? Пошто на тоа место има бетонски носач нема можност да се постави на 10cm од таван па затоа прашувам дали нешто ќе се промени ако ја поставам на 50cm дистанца.
И мене ме интересира сличен проблем. Имам носач околу 50цм внатре во собата. Каде е добро да се постави внатрешната? На ѕидот или на носачот? Носачот е спуштен околу 25цм од плафонот.без наслов3.PNG
 
Последно уредено од модератор:
И мене ме интересира сличен проблем. Имам носач околу 50цм внатре во собата. Каде е добро да се постави внатрешната? На ѕидот или на носачот? Носачот е спуштен околу 25цм од плафонот.Прегледај го приврзокот 215847
Не поставувај клима на носач дупло по грубо е. Стави си ја како што јас планирам, среди си каблите да не се гледат и само климата да се гледа како сликата, а доколку си во можност спушти ја таа празнина со гипс картон од лево на ниво на носачот да биде со вградено лед осветлување мислам дека ќе одговара.

maxresdefault.jpg


Јас кога ќе ја монтирам на 50cm дистанца вака ќе биде што знам мене ми се допаѓа најбитно.
 
Инвентори.
Толку разбираат, ајде и "Ѓоле" нека ги викаат... но добро е што се планираат субвенции за топлотни пумпи! Помина една акција (почеток на годинава) само за Скопје... ми кажаа луѓе, од оние што добиле, им доаѓале комисија од “Град Скопје“, да проверат дали е монтиран! И тие да сработат нешто!... Имаше некој критеријум, немаа право да конкурираат исклучени од парно... така нешто беше!? И мислам тоа е многу исправно!
Инвентори а...ама да не мислеа само на “Инвентор“.... од овде само Андроит ќе земе субвенции! ;) :P
 
Последно уредено:
Море само нека монтираат што повеќе. Па да стигне глас и до комшииве мои, па еден зимски ден барем да дочекам да не ми ТРУЕ ЦЕЛО МААЛО на гнасотилаци и чад дрварски.

Одвратно е зимно време колку смрди од комшииве.

Да не го дрвеа, и да одвојат сериозни пари ЗА СЕКОЈ клима уред и ајт. Да изнаставеа простиве народи. 20% поврат или максимум 9000 денари. Идеално!!! Ќе се форсираат клими што се од 35-45000 а тие се најчесто добри за греење.

Ајде што било само да ги одвикне од СМРДЕЊЕ, смрдачиве околу мене. Страшно.

Макар и со Инвентори од Групер.
 
Да изнаставеа простиве народи.
Ова е таа препотентност за која цело време ве карам со Локван.

Сите би да имаат Mitsubishi Zubadan со фенкојлери.
Додека државата не добие пари од EU па да ги раздаде по народ како што е на запад уште долго време ќе мирисаш дрва.

Вака ќе изнакупат клими за неизолирани куќи и за макс. година до две ќе се вратат на дрва.

Кредитирањето треба да биде за PVC дограма и изолација.
Луѓето не се ретардирани. Со добра изолација греењето на дрва е излишно.

Во меѓувреме апашанава од нашиве банки дава поволни GEFF кредити зачинети со манипулативни трошоци за обработка и што ли уште не, па ти испаѓа исто да земеш потрошувачки кредит.
 
Препотентен сум, ако. Ќе трпам критика ако треба.

Ме отруја жив. НЕПОИМЛИВО е колку ми смрди маалото. Неможеш да пружиш алишта надвор. Јакните ми трујат незнаеш колку, мора да стојат кај скалите. Прозор отварање од Мај натака.

Дрварите ќе ги хејтам до последен здив. Ме отруја мене лично и си имам лични причини за да ги хејтам.

Во сред Скопје ти да имаш 8 куќи со по 20 кубика на сезона е умоболно. Во радиус од 100 метри. Треба во затвор да се оди за загрозување на животот на комшиите. Умоболно, да.
 
Јас мислам најголем проблем кај народов наш е неинформираноста за климите ко ќе му спомнеш клима одма помислува само на ладење поготово постарава генерација од времето на Тито уште ко ќе му спомнеш 3,5 клима одма ги мава инфаркт 3,5 сат??? и толку завршува таа дискусија сега треба да седне некои да му објаснува 1сат да поминат па 2-3 сметки па да свати замислете купувате Daikin Sarara и домашните од штекер ВРП оти трошела 3.5 на САТ :)))
 
Препотентен сум, ако. Ќе трпам критика ако треба.

Ме отруја жив. НЕПОИМЛИВО е колку ми смрди маалото. Неможеш да пружиш алишта надвор. Јакните ми трујат незнаеш колку, мора да стојат кај скалите. Прозор отварање од Мај натака.

Дрварите ќе ги хејтам до последен здив. Ме отруја мене лично и си имам лични причини за да ги хејтам.

Во сред Скопје ти да имаш 8 куќи со по 20 кубика на сезона е умоболно. Во радиус од 100 метри. Треба во затвор да се оди за загрозување на животот на комшиите. Умоболно, да.
Не се виновни комшиите. Треба да се спроведе една добра кампања. И јас мислев дека инвертерите трошат многу струја. Не знаев дека тие се еден вид топлинска пумпа (за топлинската пумпа знаев дека троши 1/4 до 1/3 во однос на испорчаната топлина, но малкумина се запознаени со тој факт). Инвертерите се понеекономични од топлинските пумпи, но сепак се добра работа. Ако се направи споредба со дрвата (особено во Скопје), не знам како би излегла сметката. Што е поефтино? Ајде вие од Скопје пресметајте колку чини греење на дрва, а колку со инвертер. Можете тука да ги вклучите и (многу префалени) пелетите.
 
Последно уредено од модератор:
Еве моја стара пресметка.

Греење на букови дрва
1 kWh топлина = 2.3 денари (*1650kwh = 3795 денари за Февруари)
Сметав дека 1 m³ букови дрва се 3.000 денари.
Сметав дека 1 m³ букови дрва даваат 2.000 kWh топлина, затоа што податоците што ги најдов се движеа од 1.800 до 2.200 kWh.
Сметав дека се искористуваат 65% од тие 2.000 kWh, затоа што ефикасноста на печките што ги најдов се движеше меѓу 60% и 70%.

Греење со ефтин инвертер
1 kWh топлина = 1.6 денар (*1650kwh = 2640 денари за Февруари)
Го земав како пример Mitsubishi HJ35VA, кој според Eurovent има SCOP 3.8 (A). Seasonal COP е просек земен од цела грејна сезона. Оваа просечна ефикасност можат да ја постигнат ефтини инвертери. 1 kWh електрична енергија го сметав 4.5 денари. Како што напоменав погоре, и ќе земам дека просечен COP ка климата и бил 2.8 за овој месец

Греење со скап инвертер (хиперинвертер)
1 kWh топлина = 1.125 денар (*1650kwh = 1856 денари за Февруари)
Го земав како пример Mitsubishi FH35VE, кој според Eurovent има SCOP 5.1 (A+++). Seasonal COP е просек земен од цела грејна сезона. Оваа просечна ефикасност можат да ја постигнат само климатизери со цена од 1.000 €, па нагоре. И тоа само неколку климатизери, не било кои за тие пари.
1 kWh електрична енергија го сметав 4.5 денари. Како што напоменав погоре, и ќе земам дека просечен COP ка климата и бил 4 за овој месец.


Ако земеме дека наместо 1650kwh, што е нормално за еден простор за еден месец, дека на просторот му требаат 5 пати повеќе kwh или 8250kwh односот ќе остане ист. А заштедата само ќе се зголемува сметано во денари на месец.

Греење на букови дрва
1 kWh топлина = 2.3 денари (*8250kwh = 18.975 денари за Февруари)
Сметав дека 1 m³ букови дрва се 3.000 денари.
Сметав дека 1 m³ букови дрва даваат 2.000 kWh топлина, затоа што податоците што ги најдов се движеа од 1.800 до 2.200 kWh.
Сметав дека се искористуваат 65% од тие 2.000 kWh, затоа што ефикасноста на печките што ги најдов се движеше меѓу 60% и 70%.

Греење со ефтин инвертер
1 kWh топлина = 1.6 денар (*8250kwh = 13.200 денари за Февруари)
Го земав како пример Mitsubishi HJ35VA, кој според Eurovent има SCOP 3.8 (A). Seasonal COP е просек земен од цела грејна сезона. Оваа просечна ефикасност можат да ја постигнат ефтини инвертери. 1 kWh електрична енергија го сметав 4.5 денари. Како што напоменав погоре, и ќе земам дека просечен COP ка климата и бил 2.8

Греење со скап инвертер (хиперинвертер)
1 kWh топлина = 1.125 денар (*8250kwh = 9.280 денари за Февруари)
Го земав како пример Mitsubishi FH35VE, кој според Eurovent има SCOP 5.1 (A+++). Seasonal COP е просек земен од цела грејна сезона. Оваа просечна ефикасност можат да ја постигнат само климатизери со цена од 1.000 €, па нагоре. И тоа само неколку климатизери, не било кои за тие пари.
1 kWh електрична енергија го сметав 4.5 денари. Како што напоменав погоре, и ќе земам дека просечен COP ка климата и бил 4.
 
Back
На врв Bottom