- Член од
- 9 јануари 2006
- Мислења
- 5.768
- Поени од реакции
- 7.701
A Firmata za koja rabotis e ?Минатото зимо/сезона беше убедливо најлошо за греење со клима. Јас не паметам да имало онолку проблеми со клими како оваа година.
Сервисерите беа преплавени со false positive пријави за клими кои не „греат“. Поплаките не беа од одреден бренд туку севкупно.
Зимата беше ладна со премногу влага. Паѓало и до -20/-15 ама воздухот бил сув па се случуваше без проблем да работат дури и on-off клими предвидени до -7.
Овој пат беше поинаку. Дури почнала да работи натрупала мраз, паднала ефикасноста па дефрост и така во круг. Во главно најголеми проблеми имаа оние со слаба или просечна изолација.
Друга тема и приказна е општата „некултура“ кај корисниците кои не знаеа/не знаат/немаат искуство со клими. Ги гаснат, местат на неразумни температури, погрешно место на монтажа во 80% од случаите затоа што или така им е згодно или така им одговарало на монтерите.
Па, добиваме внатрешни кои се монтирани премногу високо а во некои случаи сум гледал едвај 10-ина сантиметри простор.
Надворешни монтирани на тераса повторно набиени во плафон и лево и премногу залепени за ѕид а цела фора е оваа непречено да усисува воздух од позади.
До пред неколку години сум водел војна со монтери кои немаа чуено за вакумирање па истото го правеа на силеџиски начин (го одвртуваат фреонот се додека на другата цевка не излезе малку фреон - демек прво се истиснува воздухот кој бива заменет со фреон)
А сега се расправам дека е страшно битно климата да има непречен проток лево, горе и назад.
Згора на се пенали се плаќаат ако се намести на премногу ветровито место (на пример ветер од напред) и за таа намена се продаваат anti wind дифузери и се мести настрешница.
Местењето на гумици на памет и од тепка може да доведе до искосување на страната каде што е тешка па да се деформираат гумиците под компресорот (внатре во климата). Резултат на ова е она специфично брмчење на климите како да стружи плех на плех и ова е вака се додека не се стопли времето.
Затоа секогаш и без искључок на страната од компресорот се мести тврда гума а на другата мека.
И сега повторно се враќаме на тоа дека компресорот не чини пролеќе. Џабе Gree компресор, џабе Toshiba ако рандом кинез намести лоши гумици, лош и тенок плех кој често не е заштрафен како што треба, лош квалитет на пластика и сл.
Za Prilep e ova ?
Slobodno kazi i se gleda montaza ke dobijat saglam.....nema potreba da se kriete, kazete si slobodno samo moze da ve pobaraat





