Баш вчера читав
ова:
"...оваа власт (Заев) има две опции: или да заграби длабоко и темелно и да го расчисти овој скандал (Рекет и останатите пипци околу него) или функционерите на партијата на разни нивоа да се дадат на крадење со полна свест дека ќе ги изгубат следните избори. Притоа, уште вели, Катица не е доволна жртва, треба уште подлабоко, и да лежат сите оние од претходната власт за кои излегувавме на улица и да бидат казнети оние од сегашнава власт кои правеле криминал. А втората опција (општо крадење до пораз на избори) всушност и не е некоја опција според мојов пријател. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нема да им прости, освен на оние кои ќе се испазарат. "
Ајде сега да видиме до која длабочина ќе се оди со мачкање на очите? И до која мерка тоа прочистување може да биде контролирано и да не ги зафати сите глаучи? Или сепак е опција 2 - грабај додека се може, ама за година дена ќе бидат во опозиција и тогаш шо прајме?