Кадетската ракометна репрезентација на Македонија со пораз ја заврши групната фаза на Светското првенство (СП) и загуби од Јапонија (22-31). По натпреварот, селекторот Данило Брестовац ја коментираше играта на националниот тим и истакна дека нашите кадети во ниту еден наврат не успеале да му...
www.gol.mk
Добро, не ми е јасно, дали дечкото размислува пред да даде вакво експозе?
Сериозно?
Сме имале проблеми со нешалблонизирани репки, така сме ги учеле децата од мали, да играт по шаблони
А, најјакото е на крај
, "Но, преку видео-анализите гледав дека не може да ѝ парираме на Јапонија посебно со ротација".
ГАСИ ИНТЕРНЕТОТ, ДОСТА Е.
Дали вреди дополнителен коментар? се е излишно..
Јапонците биле 3 пати побрзи, техничари биле, да бе немој да не вреѓаш. Јапонија те гази со 10 разлика на домашен терен, Јапонија, пионери во светот на ракометот, какви техничари, какви
, Аргентинците шо беа? 5 пати покрупни, или ? Да не го имаа новиот Диего Симоне шо ни ја свртија утакмицата од -4 на полувреме.
За Данците и останатите европски селекции? Шо да очекуваме од нив? Или тие имаат пари, моќ, па и со нив ништо.
Не бе, друже севселенски селекторе, не е ниту до брзината, не е ниту до техниката, до психата е, самодовербата, подготвувањето на децата пред мечот ( фитнес тренинзи за децата, издржливост), од ова немаме ништо, затоа ќе ни се случуваат дебакли во сите селекции.
Изговори од типот побрзи беа, летаа на терен, техничари беа не проаѓаат, нека се и побрзи, нека се индивидуалци, има начини да се сопрат такви репки, ама треба да проработи силата на колективот, да ги искористиш своите предности пред такви ИНДИЈАНСКИ РЕПКИ, предност во висина, предност во игра во одбрана, прекин игра, да го натераш противникот да греши, па преку брзи контри и полуконтри да ги скршиш. а колку треба за такви егзотични репки да ги скршиш? Многу малку, само една добра серија па потоа сами топките им паѓаат од рака.
Ама сме играле по шаблон, а другите европски репки како играат бе друже селекторе? Еве една Хрватска, да не летаат и тие по терен.
Не, ама имаат самодоверба, тактика, дисциплина и план како да се справат со индијански репки, затоа не им се случуваат вакви егзодуси.
Ние едвај со Нигерија тепавме,
Не е успешно селекторување гледање со саати видео анализи, сурфање на интернет, или преку разни апликации, програми како шо практикуваше додека беше помошник на Обврван.
Тоа е работа на помошници, асистенти, не не селектор, тоа е разликата. Многу треба за еден селектор, за да биде успешен во својата работа, му треба тим да стои зад себе, но најголемиот дел до товарот мора да го понесе сам, па потоа да се стави на анализа дали ги бива или не?
Наоѓањето на изговори за неуспесите, префрлање на топката на противниците, демек не ни одговарале на играта, на тремата на децата, на системот на работа кој се практкува во школите е само одлика на слаб селектор.
Затоа ќе ни бидат резултатите на ова дереџе.
Се надевам дека нема да се избламираме во Австрија,а доколку импровизираме ќе се случи и тоа.