jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.578
- Поени од реакции
- 27.425
Нема никаква разлика од директно и индиректно вмешан. Ако е вмешан на било каков начин, тогаш под итна постапка ќе бараме да си даде оставка и да се оди на предвремени избори.
Само не знам после тоа за кого би гласал народот што барем малку има осет за реалноста што се случува во земјава..
Испративме криминална банда, за да донесиме друга банда што распродаде се што се можеше да се продаде без никаква добивка од истото. Катастрофа..
Ево утре да има избори, што би праеле реално?
-Да го бараме Бранко да се врати?
-Да го бараме Грујо да се врати?
-Да гласаме за Заев?
-Да гласаме за Мицкоски?
И, во која матна да се давиме кога овие се нашите опции... нема друго.
Државава е дувло на криминалци малце поодамна, не е од денеска. Пошто се ставаш на страната на тие што ја донеле оваа власт... Зарем не ти беше познато дека Заев е беше аболициран криминалец и дека за него имаше снимка како ја злоупотребува службената должност (градоначалник на Струмица), за да земе поткуп?Сликите како слики не играат голема улога. А не верувам ни дека постоело некакво интензивно дружење помеѓу Заев и Боки. За останатите во владата во право си. Скоро сите што се "гушкаат" низ фото галериите со Боки, се високи членови во владата.
И тоа ми е поентата, дојдовме на дереџе - што и да заокружиме да е залудно. Чаре? Некоја трета опција која никогаш немала ни теоретски шанси да им се приближи на овие 2 македонски и 2 албански блока....
Значи страшно... државава е дувло од криминалци, а секој поштен или избега во странство или нема никаква комуникација со бандиве што владеат со државава.
И, кој ќе ги оправа работите овде... ние, обичниов народ (да не речам - смртници)... ? Катастрофа.
Најинтересно е што од сите криминалци, вие се фативте на орото со најлошите. И тоа малку достоинство што го имавме (Името Историјата и сл) го распродадоа за лични интереси... Знаеш ли што беше цената да се распродаде тоа? Само за да дојдат на власт...
Значи сите индикации ги имаше дека ќе се случи ова што ќе се случи и пак слепо се одеше да се донесе оваа гарнитура без никакви морални вредности на власт.
Последно уредено: