Зошто сте сами?

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.040
Поени од реакции
24.768
Да, пошто реално ме боли кур за што се расправате со Сусаро. Досадно ми е и ми се дискутира со некој бидејќи сум осамен! <3

Ќе се расправав со Сусаро, ама Сусаро ќе ми се налути после два поста и ќе ми рече дека сум ко робот!
Да не не си. Ќе пишам дека во Зарзаватово сум го јадел најубавиот патлиџан, ќе ме цитираш, прво ќе бараш објаснување дали под најубав подразбирам најфотогеничен, најфкусен или можеби најтопчестоформен при што радиусот од центарот на патлиџанот до сите краеви е ист. После тоа од кога ќе ти појаснам дека мислам на најфкусен, ќе ми бараш параметри за вкус со изведена математичка формула, ламентирајќи дека вкусот варира на индивидуално ниво и дека не можам да пишам дека бил највкусен кога од истиот тој Перо би повратил во себе. Ако на крај некако преминеме преку тоа, ќе бараш стручен елаборат со здружени експерти од Земјоделски факултет и Републички Хидрометеоролошки Завод каде што разни варијабли како аерозагадување, квалитетот на почвата, пе ха вредноста на водата користена за наводнување како и ratio- то сончеви денови/количина на врнежи во литри на метар квдратен се најповолни токму во Зарзаватово. На крај ќе завршиш со теза во три точки каде што А : Доматот бил црвен, Б: Не може да се утврди каузална корелација помеѓу пигментот на доматот и вкусовните рецептори на јазикот, В: Тврдењето дека тој домат бил највкусен е logical phalacy и според тоа така треба сите ние да дискутираме ако некогаш ни текне да кажеме дека некој домат бил вкусен. И на крај му се љутиш на Станко пошто те накурчил оти ти рекол да не филозофираш.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.382
Поени од реакции
3.567
Која е идеалната излезна ситуација од ова? Да му даде на 18 и да се оженат? После да го вара, да сака да виде како би било со некој поамбициозен, со некој поискулиран, со некој љубоморен, со некој кој НЕ е љубоморен? Со помал кур, со поголем, со вагина? Зарем ебавањето во тие години е толку страшно? Да се пронајдеш и видиш со кој сет на карактеристики функционираш најдобро, да се изнаебаш и вкусиш сите благодети од сексот, да истражуваш и да смениш поглед на светот 10 пати на ден се дур не се уходиш со нешто што најмногу ти штима?

Јас велам обратно. ДЕЈТАЈТЕ ги баш тие девојки во тие години. Таму е пазарот. Во тие години некои раѓаат некои си одат патос дома од вотка секој ден. Некои имаат кариериште веќе некои уште имаат предмети од 3та. Можеш да најдеш најлесно тоа што бараш. Имаш тетки и имаш прави модели на тие години. Ќе најдеш за нетфликс и еднаш неделно секс и пушење трева за 90/60 притисок имање до нимфоманки кои нема да те остават да дишеш и ќе ти дигаат притисок за да ги запознаеш нејзините и да се земете. Домаќинки и спонзоруши. Каков и да си во тие години ќе најдеш баш тоа што го бараш. Освен ако си огорчено злопамтило на кое не му дале и сака да умре сам oти било дефулт стејт за да ѝ ја искриви на некоја со тоа и уништи животот кој можела да го има со него(?). Тогаш... вред, farewell captain. Потони со бродот. Its only fitting.
Moeto iskustvo se kosi so tvojata ubava zamisla.
Znam mnogu zeni nad 30 kako od prikaznive sto se imaat 'pronaogjano' niz godinite i na kraj zavrsile vo nekoj miren srekjen brak so nekoj prosecen Pero. Spored tebe ako se 'pronaogjale' vo mladite godini znaci deka ke bidat spokojni vo idniot brak taka? Golema greska.
Niz godinite osetile mnogu bolje od Pero, bile dupcheni od kosharkari, bile vozeni vo bmwa na mafijashi, bile shetani od biznismeni, bile zabavuvani od javni faci. Probale i po nekoja lezbica itn. Ziveele zivot kakov sto Pero nemoze ni da zamisli.
Otkako ke vlezat vo brak mnogu od niv ova razocaruvanje nema da mozat da go prifatat i ke go isturaat vrz Pero, kako da im e on kriv sto se simnale od konj na magare.
Mnogu zeni vo tie godini se tro popametni i dobro svesni deka nema da mozat da bidat srekjni vo takov prosecen brak pa se odlucuvaat da ostanat slobodni i da go furaat ovoj buren lajfstajl do koga mozat. Ne deka vaka se posrekjni, ama barem ne se so prosecniot Pero. Eve ostavam Dzej da doobjasni:

Od druga strana najgolemite seljaci i fraeri sto gi poznavam niz godinite shto izebaa i shuto i resheto niz gradot na kraj reshija da se ozenat so devojki so mala kilometraza (ako uopste) i imaat srekjni brakovi i rastat deca.
Nakratko to e to. La Verita i kur se pita
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Подолг, не толку директно поврзан со темава пост. Не е ни нешто посебен ама и јас не се чувствувам нешто посебно, само ми е досадно.

Луѓе ко луѓе, секакви ги има, со различни желби и потреби, понекогаш и специјални. Без да воопштувам, и мажите и жените си имаат механизми, машини кои што прават бинг! и сијалички, кои во различни периоди се палат или гасат, па така на одредена возраст, при недостаток на искуство и вишок хормони, бараме, наоѓаме, добиваме или купуваме едно, а во други времиња, со повеќе experience и помалку mana, најприродно сме заинтересирани за друго.

Некаде меѓу 25 и 35 год. (секако, од ракав ги вадам бројките, кои варираат), вообичаеното друштво се менува, се ретчи, се трансформира (свршувачки, свадби, крштевки, нови познаства и баџанаци) и дали некој внатрешен порив или притисокот на средината кај повеќе лица наметнува потреба и тие да направат некакви измени. Трајни измени, каде што посебно е важно да не се усере, оти тоа ќе сериозно ќе се одрази врз остатокот од животот. И тука веројатно преовладува она што индивидуата смета дека е „попрактично“ на долги патеки, па најважна е сопствената материјална сигурност, односно материјалната обезбеденост на евентуалното потомство (кое, од друга страна, неретко се создава за да се „зацементира“ бракот, што не е секогаш гаранција, но затоа некој измислил алиментација). Се' друго е плус - взаемна привлечност, љубов, сложување, заеднички интереси, добар секс ...

Неколку примери кои би се надоврзале на одделни мислења на темава: Познаник/другар кој по многу врски со девојки како измислени за (порно) филм на крајот заврши во среќна брачна заедница (така барем од страна изгледа) со женско лице кое повеќето мажи, а посебно тој, во некои други времиња не би го допреле ни со стап. Можеби навистина ја сака, а можеби таа љубов е поткрепена со фактот што девојката е од фамилија.

Познаник, познат по своите успеси во љубовта и сл. авантури (згоден, несомнено талентиран кога станува збор за комуницирање со спротивниот пол, и уште понесомнено, од семејство кое не знае колку пари има), често знаеше девојките со кои одеше да ги сведе подолу од гомна. На журка кога неговата женска стрпливо чека и се прави дека не се случува ништо, тој пола саат на една цура и објаснува во тоалетот за разликите меѓу барокот и класицизмот. Не една си помина со него така, а карактеристично е тоа што повеќето врски ги прекинувал тој, а не понежната страна. Преголема љубов или барање подобра сенка под сонцето?

Среќна двојка планира да ја „круниса“ долгата врска со брак (заедно живеат, а идните свекор и свекрва веќе година-две се мама и тато, идила - сите среќни и задоволни), но плановите се поматени кога добро ситуиран иселеник доаѓа во Македонија на две-три недели и се случува љубов на прв поглед, при што идната невеста ненадејно и без збогување заминува во не толку познат правец.

На една средба од славенички карактер, се среќавам со познаничка која никогаш, на ниеден можен начин, не сум ја сметал за посебно атрактивна. Со најголема сигурност можам да тврдам дека тоа чувство беше обострано (можеби сум грд). Едноставно не се забележувавме, и тука нема ништо лошо, ниту пак за префрлање. И наеднаш се случува пресврт, понуда да преноќам кај заедничка другарка (многу интересен предлог, но од крајно објективни причини невозможен), со предупредување дека ќе се каам ако не го сторам тоа. По нецела година разбрав дека типката се омажила и дека веќе има дете со некој кој го запознала на сличен славенички настан. Не знам дали фраерот се кае, а не е ни важно.

За некои луѓе не е проблем да бидат сами. Сакаат да бидат сами. Уживаат во тоа. Едноставно полошо функционираат во (долга) врска која наметнува низа ограничувања и прилагодувања и сметаат дека она што го добиваат за возврат не е доволно, не ги исполнува, ниту им го прави животот поубав. Само поразличен.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.459
И како ноншалантно упорно го игнорираат, запрепастувачки.
Има две, три страни кои пишуваат долги постови, при секое обраќање, дебатираат загреано и овој се појавува и се обраќа кон никого одредено - Абе не може само така да размислувате.
Толку.
Елвис хес лефт д билдинг.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Да не не си. Ќе пишам дека во Зарзаватово сум го јадел најубавиот патлиџан, ќе ме цитираш, прво ќе бараш објаснување дали под најубав подразбирам најфотогеничен, најфкусен или можеби најтопчестоформен при што радиусот од центарот на патлиџанот до сите краеви е ист. После тоа од кога ќе ти појаснам дека мислам на најфкусен, ќе ми бараш параметри за вкус со изведена математичка формула, ламентирајќи дека вкусот варира на индивидуално ниво и дека не можам да пишам дека бил највкусен кога од истиот тој Перо би повратил во себе. Ако на крај некако преминеме преку тоа, ќе бараш стручен елаборат со здружени експерти од Земјоделски факултет и Републички Хидрометеоролошки Завод каде што разни варијабли како аерозагадување, квалитетот на почвата, пе ха вредноста на водата користена за наводнување како и ratio- то сончеви денови/количина на врнежи во литри на метар квдратен се најповолни токму во Зарзаватово. На крај ќе завршиш со теза во три точки каде што А : Доматот бил црвен, Б: Не може да се утврди каузална корелација помеѓу пигментот на доматот и вкусовните рецептори на јазикот, В: Тврдењето дека тој домат бил највкусен е logical phalacy и според тоа така треба сите ние да дискутираме ако некогаш ни текне да кажеме дека некој домат бил вкусен. И на крај му се љутиш на Станко пошто те накурчил оти ти рекол да не филозофираш.
Не, тоа не го правам. Лесно можеш да го банализираш муабетот со примери за домати и све тоа да биде смешно, но не и точно. Тоа го правам кога луѓето ќе кажат дека жените се вакви и вакви, сите наркомани се глупи и слични искази кои во нивната глава изгледаат логично и паметно, но кога ќе треба да подразмислат што зборуваат и колку е тоа поткрепено со добри аргументи, испаѓа дека тресат глупости.

Луѓето генерално кога дискутираат и изнесуваат ставови, тоа го прават емотивно и со лоџикал фаласис. И додека емоционалниот јазик е супер за бондање (поради што не замарам луѓе како јеховин сведок за критичко размислување да ми дефинираат вкусни домати), уметност и тристо други чуда, е многу контрапродуктивен во дискусии наменети за дознавање на фактите. Еволуцијата не' потковала да преживееме, а не да ја дознаеме вистината. Поради тоа, стотици години се смислувани методи со кои дискутантите ќе се заштитат од такви грешки како генерализации, логички грешки и психолошки предрасуди за да може да дискутираат колку што е можно пообјективно.

Таквиот метод изгледа сувопарен, но е многу ефикасен. Луѓето што сакаат искрено да стигнат до вистината како научниците со бел мантил и тие филозофите као мене имаат добри причини зашто зборуваат баш така.

Ти на пример кога ќе пишеш пост, тоа е пост полн со генерализации, емоции и по некоја поезија со клип од Тома Здравкович, па твојот пост ќе допре до срцето на ординери инцел, нема да бидеш досаден филозоф и ќе си добиеш лајкови, популистички ко говорите на секој дилетантски оратор. Ама честопати кога некој досаден филозоф ќе навлезе искрено и објективно да го анализира тоа што го зборуеш, ќе те шибне бекфајрот и егото, па ќе му речеш дека многу филозофира. Не само ти, повеќето. Зошто да филозофираме, кога може да кажеме дека сите жени се курви (не велам дека ти го велиш ова)... Искуството ми покажало дека кога другар што го откачила бившата ќе ми рече така, треба да го гушнам, да го разберам зошто кажуе така и кога ќе се смири да му речам дека тресе глупости и ја проектира својата болка, праи лоџикал фаласис и не се сите жени глупи и ако го откачила бившата, не треба да развие месијански комплекс и да им проповеда на други луѓе како жените се курви.

Со твоите постови се ебе повише, не бери гајле. Емотивниот јазик е многу помоќен од досадно навлегување у релевантни, значајни и точни премиси и заклучоци, дрвење со логички структури и тристо други досадни срања. Но кога чичковците у бел мантил сакаат да стигнат до објективни заклучоци, го користат тој досаден пристап, а не спотови од Аца Лукас.

Форумов не е место за таков тип на муабети освен у ретки ситуации, помеѓу роботи ко мене иако според мене тоа треба да биде целта на форум во кој дискутира за некоја тема. Но реалноста е поинаква. Ко што кажа мојот омилен лик Логен од серијалот на Аберкромби: „Човек се не смее залажавати". :D

И не сфаќај ме погрешно, не мислам дека сум посупериорен на било каков начин, ниту пак зборувам вака за да си го покажам курот. Порано го правев тоа, но не повеќе. Можеби некогаш у дискусија ќе ме шибне егото кога ќе прочитам некоја глупост и ќе се осетам посупериорен, но знам дека тоа е илузија што ми ја прават емоциите и не кажува ништо за реалноста. Не мислам дека ваквиот сувопарен пристап ќе ми донесе пријатели и сум приметил дека емотивниот јазик што одговара на верувањата на луѓето со кои зборувам ми дава поголем социјален статус, нешто што го правам повремено поради комформизам. Впрочем у вистински живот ретко навлагам така у муабети освен ако не приметам дека има простор за тоа. Неам социјален бенефит од вакви муабети ако сакам да фурам прагма, но мислам дека методот на дискусија што го користам е подобар и поефективен, верувам дека доколку сите го користат истиот, ќе има помалку недоразбирања и глупи верувања поради кои се соочуваме со различни проблеми. Луѓето нема да раскинуваат со партнерите поради погрешни интерпретации, да си ги лечат децата со хомеопатија и да убиваат кафири, но можеби грешам.
Што не верувам е дека ако почнат да размислуваат критички, ќе престанат да уживаат во убави домати и песни од Шемса.

Ти губиш пријатели кога ќе кажеш нешто што не е компатибилно со верувањата на многу луѓе, нели? Но си искрен и достоен. Така нешто и јас. Не веруем дека ќе се откажам од метод на размислување кој мислам дека е една од најдобрите алатки што може да ги има човештвото само зашто ти и Анон ќе ми речете дека филозофирам. Од тој аспект ја и ти сме исти.
Затоа Анон ќе мисли дека хомосексуалноста е заразна и кога ќе гледа гејови, ќе се плаши од нив. Ја нема. Можеби затоа што по пат на размишљање за моите лоџикал фаласис сум сфатил дека тоа верување не е базирано на добри аргументи. Но не мислам дека тоа ви значи на тебе или на некој друг на крајот од денот.
 
Последно уредено:
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.957
Поени од реакции
8.141

Замисли Меси да го чита форумов, од 9 години ја сакал, ја добил на 21 кога станал играчиште

While Messi started on his road to becoming the greatest player in the world, Antonella was in a relationship with another Rosario neighbour, one that lasted three years.

Башка тој дур се потел како коњ, таа му се клецала со други
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Ама ја тупите за едноставни работи ауууу...
Ботко, само некоја сапиосексуалка може да те слуша ако вака почнеш да и филозофираш, инаку не после 30 и до 80 не кандисуваш некоја да ти ги слуша тупењава. А и останативе од друштвово не се далеку од ова.

Прво, сами се/сте бидејќи сте влезени во некоја зона на конфор, без разлика дали сте од едниот или другиот пол. Некој тоа го живее со журки, друг со гејминг, трет со книги, четврт си има навики кои не сака да ги дели со друго битие и да му се нарушат дневните рутини, петти сака да патува низ цел свет и тн. Од тука доаѓа и стравот за грешка при одбирање на партнерот и несигурноста колку ќе ви биде нарушен или подобрен тој „мир“. Животот не станува поедноставен, напротив покомплициран, факт е дека сегашниве генерации сме од тие гледаните на тацна кои не видоа ни војна ни глад, овие што идат после нас се уште побетер, па како одминува времето нема да ве гледаат мама и тате туку вие ќе треба да се грижите за некој, нема да ги трошите парите само за вас туку и за некое друго битие кое треба да го родите,на жените да ви го сјебе телото, а на мажите раатот и сите задоволства, на кратко ова ви е тоа што ве/не очекува.

Крај краева секој бара некаква сигурност, без разлика дали е машко или женско, разликата е кој во што ја гледа таа сигурност и до кој степен. Интелигенцијата на индивидуаата исто одредува во понатамошниот тек и избор на настаните исто како што и возраста си има одредена улога при пресекувањето дали да се оди all in или не со некој партнер. Јбг, природата може да се менува но до одреден степен, биолошкиот часовник си чука и кај едните и кај другите и со секоја измината година коефициентот е против вас кога станува збор за зачнување на деца, способност да ги одгледате истите, па дури и да се разбудите живи утрото. Додатно и самата култура игра улога во одлуките за врска, брак и слично, пред 3-4 децении на истиве простори било лудост да се чека ерген/мома до 30ката, исто како што сега е лудост обратното да се жените/мажите на 20-25 години, ова сеуште може да го видите кај некои култури околу вас, пример кај торбешите, турците, албанците. Еве ако не ми верувате, трк до Батинци, на двете раце се бројат ергени и моми над 30 години, скоро сите се уште околу 20ката во брак.

Не е обврзувачки дека мора да бидете со некој после 30 или било која возраст, но самотијата е заебана работа и ретко кој има научено да биде живее сам со себе, особено во овој свет со социјални мрежи каде додека вие го пиете кафето сабајле сами без да има со кој да се испцуете во најмала рака, на фејсбуци и инсаграми си ги гледате врсниците како ги сликаат децата, семејствотот и тн, така да депресија и анксиозност не се далеку од загарантирани во ваков тип на живот (иако и ова е релативно, имам колеги кои се сами и на 50, али исполнети поради работата до максимум, воркохолици пар екселанс кои баш поради бркање на кариера и барање на битие кое соодветно котира и може да го прифати нивниот живот останале сами).

Така да ич да не ви чуе, сите што се праите поштени далај лама и мајка тереза да ви излезе вечер некоја што се родила во острејлија, стара 35 години, разведена од црнец, али татко и и има фирмиште кое врти по 5 милиони годишно и недвижности низ цел Сиднеј ќе и се пуштите како загари кога ќе ги пуштиш од синџир и нема да ви треба ни 2 недели да потпишете за брак (финансиската гаранција е она што ве прави сигурни во случајов, а имун на тоа скоро и да нема), иако сега изигравате жртви и судии за тие што го прават ова.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

Дај постов нека фати некаков правец пошто вака делува ко нафрлани параграфи, последниот параграф ти е во тотална спротивност со се што пиша погоре.

Тешко тебе ако мирот си го градиш во однос на тоа што ти "поседуваш" и што твоите фејсбук пријатели постираат на фејсбук.

Друго, осаменост и самотија, се различни ствари. Постојат луѓе кои што сами ја бираат самотијата, затоа што својот мир го наѓаат во поинакви нешта отколку во семејството, пријателите, групното одење на одмор, релаксирање по кафани, одење по прослави, тривијални муабети за трети лица итн. И тоа нема никаква врска со тоа дека се скржави.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Ама ја тупите за едноставни работи ауууу...
Ботко, само некоја сапиосексуалка може да те слуша ако вака почнеш да и филозофираш, инаку не после 30 и до 80 не кандисуваш некоја да ти ги слуша тупењава.
Hehehe kolku si smesen. Nema da ebam so vakvi filozofiranja.
Батали ти дали некоја ќе ми ги слуша тупењава, глеј ти некој да не те зарази со хомосексуализам, па после од 30 до 80 да те кандиса некој педер, па после ќе мора бившата да те слуша како и' го тупиш со новиот дечко.
Ебате црепот. :D
Мрзам такви глупи и зајадливи говнари како тебе. Имаш приметено дека секогаш ти ги скокам коментарите кога пробуеш да влезеш у дискусија со мене? Зошто мислиш дека е така?
Дај постов нека фати некаков правец пошто вака делува ко нафрлани параграфи, последниот параграф ти е во тотална спротивност со се што пиша погоре.

Тешко тебе ако мирот си го градиш во однос на тоа што ти "поседуваш" и што твоите фејсбук пријатели постираат на фејсбук.

Друго, осаменост и самотија, се различни ствари. Постојат луѓе кои што сами ја бираат самотијата, затоа што својот мир го наѓаат во поинакви нешта отколку во семејството, пријателите, групното одење на одмор, релаксирање по кафани, одење по прослави, тривијални муабети за трети лица итн. И тоа нема никаква врска со тоа дека се скржави.
Увек меле вака неповрзано.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Hehehe kolku si smesen. Nema da ebam so vakvi filozofiranja.
Батали ти дали некоја ќе ми ги слуша тупењава, глеј ти некој да не те зарази со хомосексуализам, па после од 30 до 80 да те кандиса некој педер, па после ќе мора бившата да те слуша како и' го тупиш со новиот дечко.
Ебате црепот. :D
Мрзам такви глупи и зајадливи говнари како тебе. Имаш приметено дека секогаш ти ги скокам коментарите кога пробуеш да влезеш у дискусија со мене? Зошто мислиш дека е така?

Увек меле вака неповрзано.
Од кај знаеш може и тоа ќе биде арно, декларирање на хартија како хомосексуалец во денешно време ти носи само бенефити, кој знае што си реално?
За вториот дел, заебано е кога треба да се соочиш со реалноста, полесно е живеење во замислен свет и филозофирање во круг до бесконечност.
Автоматски споено мислење:

Дај постов нека фати некаков правец пошто вака делува ко нафрлани параграфи, последниот параграф ти е во тотална спротивност со се што пиша погоре.

Тешко тебе ако мирот си го градиш во однос на тоа што ти "поседуваш" и што твоите фејсбук пријатели постираат на фејсбук.

Друго, осаменост и самотија, се различни ствари. Постојат луѓе кои што сами ја бираат самотијата, затоа што својот мир го наѓаат во поинакви нешта отколку во семејството, пријателите, групното одење на одмор, релаксирање по кафани, одење по прослави, тривијални муабети за трети лица итн. И тоа нема никаква врска со тоа дека се скржави.
Напротив, не беше спротивност туку сарказам за сите што погоре ги осудуваат тие спонзорушите, а во реалност ти гарантирам дека 99% ќе се залетаат ако видат некаква сигурност, особено кога станува збор за финансиска и ќе замижат на сите тие проблеми кои демек се проследени кај тие повозрасните. Инаку нема што друго да се филозофира на оваа тема, различни се причините за што се луѓето сами, дел од категориите се тие што ти ги набројав погоре а основата е живеење во одредена зона на конфор од која не е баш едноставно да се излезе, е сега дали мора да се излезе-НЕ! особено ако научиш да живееш сам со себе, ако сметаш дека ќе имаш проблем и дека пресудно ти е да бидеш со некој, тогаш барај си чарето.

Кај пишав дека мојот мир го гледам со тоа што пријателите на фејсбук? Ако шеткаш наоколу реалноста е деак голем број од луѓето живеат во однос на тој имагинарен свет споредувајќи се со тие што ги следат.
 
Последно уредено:
Z

zmej gorjanin

Гостин
Од кај знаеш може и тоа ќе биде арно, декларирање на хартија како хомосексуалец во денешно време ти носи само бенефити, кој знае што си реално?
За вториот дел, заебано е кога треба да се соочиш со реалноста, полесно е живеење во замислен свет и филозофирање во круг до бесконечност.
Автоматски споено мислење:

Напротив, не беше спротивност туку сарказам за сите што погоре ги осудуваат тие спонзорушите, а во реалност ти гарантирам дека 99% ќе се залетаат ако видат некаква сигурност, особено кога станува збор за финансиска и ќе замижат на сите тие проблеми кои демек се проследени кај тие повозрасните. Инаку нема што друго да се филозофира на оваа тема, различни се причините за што се луѓето сами, дел од категориите се тие што ти ги набројав погоре а основата е живеење во одредена зона на конфор од која не е баш едноставно да се излезе, е сега дали мора да се излезе-НЕ! особено ако научиш да живееш сам со себе, ако сметаш дека ќе имаш проблем и дека пресудно ти е да бидеш со некој, тогаш барај си чарето.

Кај пишав дека мојот мир го гледам со тоа што пријателите на фејсбук? Ако шеткаш наоколу реалноста е деак голем број од луѓето живеат во однос на тој имагинарен свет споредувајќи се со тие што ги следат.
Не е обврзувачки дека мора да бидете со некој после 30 или било која возраст, но самотијата е заебана работа и ретко кој има научено да биде живее сам со себе, особено во овој свет со социјални мрежи каде додека вие го пиете кафето сабајле сами без да има со кој да се испцуете во најмала рака, на фејсбуци и инсаграми си ги гледате врсниците како ги сликаат децата, семејствотот и тн, така да депресија и анксиозност не се далеку од загарантирани во ваков тип на живот.

Сигурно е ова или?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom