wot
aloof
- Член од
- 20 мај 2008
- Мислења
- 19.634
- Поени од реакции
- 34.026
Не бе ботче, не ми ги зимај здраво за готово тие реченици и гради контраргумент околу нив, пишав можеби јас сум наивен романтик за да се акцентира колку вие сте woke и пробиле жениве, исто и тоа со 10 посто дека гледаат стан и кола у земјава, тие тези се да воспостават баланс бидејќи вие тврдите 90 посто тоа го прават. Таквите мои екстреми се само за исмејување на нечии цитирани екстреми, и преголем дел си одвоил на истите за жал, а останува премалку суштинско за дискутирање. Друго, не можеш да бараш причини и статистика а притоа несмасно да вметнеш дека твоите тези се од твое искуство. Ако ми дематираш став и имаш статистика - пастирај, you dont say stage freeze - you just do it, па ќе ја дискутираме нејзината точност и релевантност. Немој само да биде релевантен еквивалент на јутуб видео - за кој се мажиш? За Белгија. И немој да биде релативизирање за статусни симболи и надвор од земјава, те молам. Некои си гугл муабети дали радо би дејтале адвокат или питач. Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? Астронаут, бидејќи никој не сака да биде бездомник. Не збориме за што би преферирале, и ја би преферирал да се земам со некоја докажана инжињерка у Гугл, ама дејтањето не ми е сведено на барање таква. Тоа е секогаш секундарно, кај сите, освен кај ефтини спонзоруши. А не можат сите да бидат ефтини спонзоруши оти ratio-то не пасува. Се разбираме нели? Сусаро вика сите бараат кеш после 30, ти викаш повеќето, што е 51 посто. Ајде пастирај.Нема „агри ту тисагри" у муабетов, ти можеш као романтик да веруеш и дека кравите летаат, ама не очекувај твоите позиции да бидат сериозно сфатени ако не дадеш добри причини за твоите заклучоци. Ако кажуваш дека само десет отсто од сите девојки во Македонија гледаат статусни симболи како кола, работа и стан кога одбираат со кого ќе се мажат, треба да понудиш некаква статистика што го поддржува твојот исказ, а не да го вадиш од ракав, а премисите да ти бидат дека веруеш така пошто си романтичен. Тоа што си романтичен, не е релевантно на тоа дали само десет отсто од типките гледаат такви и такви статусни симболи кога одлучуваат со кого ќе се мажат.
Ако кажеш дека девојките над 25 год. се совршени битија за дејтање, треба да дадеш причини зошто мислиш така, вака као гол исказ, нема никаква тежина што е поголема од исказот „Девојките над 25 год. не се совршени битија за дејтање."
Повеќето луѓе никогаш не научуваат како да дискутираат прописно и многу расправии се резултат на лаичка дискусија.
P 1. Мојата теза дека луѓето бараат статусни симболи е поддржана од моето искуство, но поважно, од многу истражувања што може да ти ги приложам. Во просек, членови на бенд ебат поише у рок културата, диџеи у техно/транс културата, мафијаши у шабанската култура и директори во корпоративната култура, земени другите фактори изедначени (изглед, самодоверба, емпатија итн.).
P 2. Други фактори се релевантни за тоа дали некоја ќе те свиѓа како: лепота, емпатија, самодоверба, емоционална интелигенција итн.
P 3. Ако некоја цура не те свиѓала, а те свиѓа откако ти си напунил 30 год., тоа е така пошто нешто у тебе, нејзе или и у двајцата се сменило. Што, не знаеме.
Заклучок:
Ако статусниот симбол (види p.1) е релевантен и ти после 30 имаш статус за работи кои и' се приоритетни, може да заклучиш дека таа промена на твојот статус е релевантен фактор иако не знаеме колку е значаен што зависи од нејзиниот светоглед. Може да влијае со удел од 5 отсто во нејзината одлука, може со 90 отсто, а тоа зависи и од другите работи кои се смениле кај нејзе и тебе (p 3), односно дали она вреднува повеќе некои карактеристики кои ти сеа ги поседуваш (p 2). Некои типки дејтаат некои типци коишто порано не ги свиѓале поради нивниот социјален статус. Од тоа множество типки, на многу им е релевантен социјалниот статус (p 1), но не знам колку е значаен во споредба со другите релевантни фактори (p 2) бидејќи немам доволно информации.
Вака изгледаат сериозни дискусии. Другото најверојатно е ветар у магла ако целта на дискусијата е сериозна дебата. Ако сакаш да дискутираме сериозно, со надеж дека и двајцата ќе добиеме нешто од муабетов, треба да користиме критичко размислување.
Моите ставови не се голи искази, сите ги образложив зошто тоа го мислам, пример за дејтањето девојки од 25+ дека е идеално што ме прашуваш, убаво објаснив зошто тоа го мислам, не можам секој став да си го линкам у фуснота, слободно пишај и ти зашо е обратно според тебе и ќе си ги решаваме проблемите, оригиналниот конфликт е дека 25+ сите се сајкоу вс мојот став овде, последен пасус. Инаку може да имаме сериозна дискусија без притоа да мора да научиме нешто. Мене ми е победа што воопшто се збори за тоа. Ја коа имам заќоравени сфаќања за нешто - се кријам и ќутам.