Анксиозност

  • Креатор на темата Креатор на темата pisatelka
  • Време на започнување Време на започнување
Очигледно само прочита тоа што ти одговара и истото го сврте како ти тебе одговара, кога 90% од работите кои ги напиша немаат врска со тоа што го зборам.

Ако ми викаш дека "Неможам да функционирам" или "не сум функционален" мислите се глуп муабет, тогаш очигледно не си се соочил со хардкор анксиозност која ОБЈЕКТИВНО И РЕАЛНО те прави нефункционален на секое поле, а тоа што си го мислиш истото ти ја влошува сосотјбата. И тоа е реален (но ирационален) зачаран круг во кој запаѓаш кога си анксиозен.

Отиди кажи му на некоја хардкор депресивна личност со суицидални помисли или себеповредувачки нагони дека треба хоби да има а секојдневно поминува низ трауми, и секој ден може да му е последен.

Депресијата не штети само на умот, туку и на целокупното тело од повеќе аспекти. Антидепресивите се нешто што може краткотрајно да те направи функционален, во довлна мера за да си го смениш животот и да поставиш стратегија како да се справиш со истото и да го надминеш проблемот преку паралелна работа на себе.

Кај посериозните случаеви антидепресивите се неизбежни и морални. И кај потешките случаеви антидепресивите се покажале РЕЛАТИВНО успешни. Имај на ум дека депресијата е многу комплицирана болест во поглед на дијагностицирање и формулација на истата.

Ја знам и реков милијарда пати дека хемијата е штетна на долгорочен план, ама ти пружа некаква можност за функционирање додека да се поправиш. И, доколку ја користиш хемијата 1/2 месеци, и АКТИВНО РАБОТИШ НА СЕБЕ во поглед на исхрана, сон, активност,медитација, секс тоа може да биде (и често е) рецепт за успех.

Имај на ум дека тој што минува низ депресија на своја 30та година, има работа, жена, деца, кредити и многу често неможе да си дозволи анксиозноста да му ја наруши кариерата и семејството, нешто што би го довело до работ буквално. Затоа како некое краткотрајна солуција постојат и лекарствата, ама без онаа РАБОТЕЊЕ НА СЕБЕ компонента, тешко дека ќе се надмине анксиозноста/депресијата.

Се сум поминал, се сум видел дури и многу полошо од тоа што си спомнал поминаа минимум 15 години за еве денес да е се под контрола и тоа замисли си - без хемии.
 
Се сум поминал, се сум видел дури и многу полошо од тоа што си спомнал поминаа минимум 15 години за еве денес да е се под контрола и тоа замисли си - без хемии.

Мило ми е и само напред.
Ама немој да им судиш на правото на избор на други само заради твоето субјективно искуство и "стигма" што ја имаш кон антидепресивите/бензодиазепините. На многу луѓе кои биле со правилен пристап, овие апчиња живот им спасиле и денес се среќни индивидуи.
Кај многу луѓе (јас), медикаменти + психолог + спорт + здрава исхрана + медитација и тн и тн, биле причина за успех во мојата борба.

Пробајте 1 месец, видете дали ќе има напредок, соочувајте се со стравовите и средувајте си го животот one step at a time!
Немојте да се ослонувате само на апчињата туку имплементирајте ги оние клишеа кои се толку пати наведени овде. Штом цел интернет е преплавен со начини како да се надмине депресијата/анксиозноста, сигурен сум дека 1 рецепт ќе се погоди успешен и ќе ви помогне.
 
Не судам, таман работа туку гледам какви се луѓето кои коирстат хелекс а какви се оние кои не користат.
Мислам мајндсетот дека мора да имаш нешто при рака е проблем. Да бидеме реални, буквално никој не користи хелекс и сл. 2-3 месеци.
 
Последно уредено:
Се сум поминал, се сум видел дури и многу полошо од тоа што си спомнал поминаа минимум 15 години за еве денес да е се под контрола и тоа замисли си - без хемии.
Лошо е вака да зборуеш за теми што не ги знаеш. :D
 
Лошо е вака да зборуеш за теми што не ги знаеш. :D
Зошто даваат антидепресив за анксиозност? Конкретен пример, сероксат за анксиозност. Каква врска има анксиозноста со серотонинот?
 
Зошто даваат антидепресив за анксиозност? Конкретен пример, сероксат за анксиозност. Каква врска има анксиозноста со серотонинот?
Зашто емпириски се покажуваат поефективни од пласебо. А и ја стимулираат неврогенезата на хипокампусот што е сјебан кај анксиозни и луѓе со растројства на расположение. Исто како и психоделици.
 
Здраво дечки, имал некој некад проблем, да се препотува, раце, нозе, цело тело, посебно кога ќе му текне на нешто лошо,некоја случка, нешто што некад било или што не би се десило?
 
Здраво дечки, имал некој некад проблем, да се препотува, раце, нозе, цело тело, посебно кога ќе му текне на нешто лошо,некоја случка, нешто што некад било или што не би се десило?
Јас го имам тој проблем, и мило ми е што има и други на форумов со кои можам да разменам мислење на оваа тема :) Јас исто така имам болест наречена Palmar Hyperhidrosis (https://en.wikipedia.org/wiki/Hyperhidrosis) или прекумерно потење на дланките, стапалата и пазувите речиси постојано, дури и сега додека го пишувам текстов. Ама да, можам да речам дека сепак поинтензивно е потењето кога ќе се присетам на некоја сериозна случка или немил настан, па дури и кога ќе ми текне дека во одреден момент ми се суви рацете, веднаш потоа од некојси потсвесен страв ми се запотуваат, и потоа речиси цел ден ми се испотени и дланките и стапалата. Мислам дека нема некои третмани што можат да ја излечат оваа болест, освен ако не помине или се ублажи со текот на времето. Јас лично пробувам со бебешка пудра, но и тоа краткотрајно делува. Така да можам да речам дека и двајцата имаме слични проблеми
 
Два добри линка поврзани со депресија....али би помогнале и за ова
Ова ми е посебно интересно, како спортот влијае на целата ситуација
Има бајаги инфо.....за тие што би сакале да пробуричкаат.
 
Два добри линка поврзани со депресија....али би помогнале и за ова
Ова ми е посебно интересно, како спортот влијае на целата ситуација
Има бајаги инфо.....за тие што би сакале да пробуричкаат.
 
Колку што разбрав и успеа да го процесуирам, концептов се сведува на следното(ако земам да го конвертирам со поими кои јас ги користам):
Состојба бр.1 каде немаме посматрање на дејствијата што се случуваат во организмот(да не се сведуваме само на мозокот, зошто не знаеме до толку). Тука функционираме во мод нешто сличен на AI каде емоциите(нетипични за AI ама мислам дека deepmind или некој друг ќе го докаже спротивното) се на прво место а разумот на второ. Обично под наплив на хормони и затоа луѓето тешко се справуваат со последиците од таквата ситуација која евентуално доведува до анксиозност или депресија во полош случај. Арно ама рачунај она е како температура кога имаме, температурата не е болест, туку реакција односно резултат на борбата на организмот со болеста. Така да се лечи до степен на тоа да не направи понатамошни проблеми а болеста си тлее. Затоа хемија не е трајно решение. А кога сме кај хемијата, она уствари го изолира тотално битието со тоа што го отсекува од доживувањето(искуството) го прави практично мртов.
Состојба бр.2 каде битието(Атман, Бог и т.н.) "стои" позади случувањата како сведок односно набљудувачот. Нема моќ со намера да смени ништо, затоа што тоа не му е во природата.....ако помислиш дека ја има таа моќ онда се појавило супер егото на задна врата, не дека не е корисно, ама и таа не е твојата стварна природа. Оваа втора состојба е мислам прилично ретка...ама еве нека ме корегира некој.
Постојат методи како да се "присили" организмот(мислите) да биде во втората состојба и тоа се техники на медитација...да препорачам по пат една а таа е vipassana ....на Буда техниката, затоа има голем стомак затоа што го набљудувал дишењето :)
Медитација е уствари состојба во која нема мисли, во која постои едно друго разбирање на светов(samadhi)....не можам да го опишам во вики пишува mindful mind, тоа ми е некако најинтересно и пропратено од блаженство(compassion, љубов,чувство на единство).
Ако има магија во овој свет тогаш медитацијата е таа магија, без да има некој кој што ќе сака да смени нешто нештата да се менуваат и тоа да станат такви какви што треба да бидат.

Она што е добро кај анксиозноста е тоа што тоа е последен повик за освестување....будење, а истото се манифестира преку функционалноста на организмот(мозокот) со тоа што ќе ти го уништи или ќе ти го репарира.
Има тука и други аргументи, како фрекфенцијата со која работи мозокот во медитативна и немедитативна состојба и др. срања....ама доста е за еден пост.
 
Па би кажал дека и депресијата е механизам кој му овозможува на човек да почне да размислува за себе и својот живот и еден вид на повик кон промена. Ова настрана хемискиот дисбаланс кој настанува во мозокот.
 
Сигурно лошо влијае :S :S

Посебно интересно било тоа...
Мислев на механизмот :)
Интересно за мене затоа што спортот за мене е на прво место и т.н. како и да е...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom