Да, ја имам ( пишува во мојот потпис ). Набавена во ноември 2014 година. Цена со се монтажа и патни трошоци ( не сум од Скопје ) =54.000,оо денари. Се работи за стан на приземје со вкупна површина од околу 60 м2. Истиот нема енергетски ефикасна фасада. Греам површина од 25-26 м2, најчесто со отворена врата и кон 2 други простории или вкупно околу 40 м2. Во најладниот период и помага друг уред монтиран во спална соба во површина од околу 14 м2 со отворена врата кон другите простории. Спалната се грее со Fujitsu ASYG 07 LMCA. Значи со двата уреда греам околу 54-55 м2. Вториот уред 07 LMCA е набавен во септември 2015 година. И од двата уреда сум задоволен, а не сум задоволен од монтажата. За жал кога монтираа јас не бев многу запознаен со правилата на струката околу монтажата па ги монтираа преблиску до таванот. Колку нестручни монтери има кај нас може да послужи и личното искуство кое го имам при монтажата на Fujitsu ASYG 12 LUCA. Имено монтерите не знаеја дека предниот панел на овој модел при вклучување во работа се подигнува, така што при монтажата треба да се остави дополнител простор од таванот за разлика од моделите со статичен преден панел. Па се случи ( оп, оп, оп , добро е ) и при активирање и подигнување на предниот панел, останува прстор меѓу него и таванот од 1 см., а според упатството треба најмалку 5 см. Fujitsu ASYG 12 LUCA е одлична клима за простор до кај 25-30 м2, а ако истиот е излоран и со солидни прозори-бања. Економичен, моќен, тивок, ефикасен, но кај нас скап, во Србија мислам дека едно време беше поефтин. Се на се, што би рекол Strelec-ќумбе.