... тоа може тука на форум, во лекарските ординации нема израз „највероватно“!!!
... после земената тројна терапија треба да се докаже „излекувањето“ со повторна анализа и тоа не во крвта, оти телото има антитела па ќе дава повторно лажен позитивен резултат (до 3 години е активна) и затоа после антимикробната терапија проверката на Helicobacter pylori и ако сакате да знаете најточното испитување на ова бактерија е со позитивен тест Helicobacter pylori Stool Antigen т.е
тестирање на Helicobacter pylori во столица кој дава таква препорака за испитување во фецес? односно кој направил испитување на ХБ.пилори во столицата како примерок даде фецес во лабораторија?
- никој никогаш или ретко некој некогаш!
... зашто е „сомневањето“ за позитивен резултат на испитување кога е даден примерок крв за испитување на Helicobacter pylori? затоа што присуство на многу други бактерии делуваат на позитивноста на тој тест како Enterococcus, Escherihia, Klebsiela, Proteus, Campylobacter, Candida, Clostridium, Enterobacter, Lactobacilus, Listeria, Pseudomonas и со тоа излегува позитивно, но не мора да е од бактерија Helicobacter pylori, а со тоа иде прашањето ...колку пациенти непотребно ја примиле тројната терапија? па кога ќе се надоврзам на тоа што штета може да направи тие лекови, а замислите непотребно дадени!
...ете затоа не не бидува во здравството, ај овде на форум можеби совети вакви такви ќе речеме социјални мрежи нема цензура итн, ама вака во јавни здравствени установи каде нема шала со здравјето на човекот!!???
... жалосно што денес не функционира специјална комисија „Болнички комитет“ иако секоја болница законски ја има да ги проверува токму ваквите погрешни препораки, погрешни несоодветни терапии и што е најлошо сите „важни“ здравствени работници лечат по еден ист терк и шема посебно пишана од некој истакнат и никој не одговара за погрешен пристап на лечење НЕбазиран на докази на медицината од памет, ли??
... имало стар и нов лек...мислам која глупост, „најстар“ антибиотик е пеницилин / ампицилин нели? и? не се применува ли?
ај вака,
pantoprazol како лек инхибитор на протонска пумпа, од кога се појавил како лек при краткотрајно лечење на ерозии, улцерации да речам попросто при крварење од чир во желудникот и тоа активен при многу мал pH 3, во мнооооооогу кисела средина делува и тоа под pH 3 вредност и тоа секогаш се давало ВО БОЛНИЧКИ УСЛОВИ ПОД МОНИТОРИНГ на пациентот кој имал многу тешки гастрични ерозии опсани по живот поради крварењето! и нели, за кратко време излезе „на пазар“ и орална форма да би тој ист пациент од болнички услови во домашни услови би продолжил со иста терапија од пантопразол,
...е сега, гледајте ја ситуацијава, како му рекле на членов погоре „излегоа нови лекови“ и “може да се пие без прекин“ што е тотално неточно!
...прво пантопразол доколку pH 3 во желудникот се покачи СТАНУВА НЕАКТИВЕН, така да овој лек апсолутно не се дава на пациенти кои имаат лесни гастрични проблеми без никакви промени, нема чир, крварење...ерозии.... секој може да има гастритис било кога и да трае подолг период зависно од исхрана и стресот, но тоа не значи дека треба да се даде пантопразол? оставете го овој лек за тоа што е наменет за пациенти со тешки индикации на гастро болести!
Прегледај го приврзокот 214226 Прегледај го приврзокот 214227
... и уште ова, терапија со пантопразол веќе ако се даде НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРИМЕНИ подолго од 8 недели тоа е 2 месеца, нели?? а не со месеци и години!
Прегледај го приврзокот 214228 Прегледај го приврзокот 214229
...мислам ејјјјј кога ќе ви се кршат коските од остеопороза, и добиете анемија, мускулни болки, главоболки, вентрикуларна аритмија, а посебно ќе го сјебете бубрегот и јетрата, тогаш барајте ги тие што ви го препорачаа пантопразолот за еден обичен гастритис да се пие нонстоп подолго време!