Прoблем сo желудникoт

Член од
31 јули 2019
Мислења
7
Поени од реакции
0
Здрaвo нoв сум нa фoрумoв и свaрнo имaм мaкa сo желудникoт бев скoпје нa снимaјне нa гaстрoскoпијa и вaкa ми пиши вo нaoдoт дуoденум лигaвицaтa нa булбус е демaтoзнa вoспaленa без лези некoј тaблети дa ми препoрaчaте или нештo сличнo и дa ми кaжите некoј чaј нештo oти свaрнo не се издржвa oсекaм жештинa и бoлкa истoврменo
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626

Прво и најважно мора да сфатиш дека ако сакаш навистина да имаш подобување на твојата состојба, ќе мораш целосно да избегнуваш идиотска храна и пијалоци (пици, хамбургери, чипсови, газирано, благо, алкохол итн). И да не те интересира дали си на свадба, роденден или било каква пригода. Батали кафани.
Знам дека тебе сега ти е приоритет болката да ја средиш но веруј на долг рок оваа болка што ја имаш сега е помал проблем затоа што проблеми со стомакот носат шанси за други посериозни заболувања во иднина.
Не пиј вода со храна. Само пола саат пред јадење и саат-два после јадење во зависност од што си јадел (ако е полесна храната за варење можеш порано ако е потешка подоцна).

Гастритис имаш веројатно. Треба да се провериш и дали имаш хеликобактер. Ако имаш хеликобактер ќе мораш антибиотици. Ако зимаш антибиотици многу е важно да зимаш и пробиотици неколку саати пред или по антибиотикот.
Има и други лекови кои најверојатно треба да ти ги препише матичен или специјалист ако имаш киселини а и антациди ако ти треба за брзо смирување на болката.

Води си дневник со храна за да провериш што ти ги влошува симптомите.

Можеш да пробаш и да отидеш на хомеопат. Другар цврсто е убеден дека хомеопат му помогнал за гастритисот.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.685
Поени од реакции
9.523
Здрaвo нoв сум нa фoрумoв и свaрнo имaм мaкa сo желудникoт бев скoпје нa снимaјне нa гaстрoскoпијa и вaкa ми пиши вo нaoдoт дуoденум лигaвицaтa нa булбус е демaтoзнa вoспaленa без лези некoј тaблети дa ми препoрaчaте или нештo сличнo и дa ми кaжите некoј чaј нештo oти свaрнo не се издржвa oсекaм жештинa и бoлкa истoврменo
А лекарства ти препиша ли докторот што ти правел гастроскопија, сигурно он веќе ти дал терапија и совет!?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.685
Поени од реакции
9.523
мене ми препишаа ноплаза таблети, но не ги пијам редовно, сепак исхраната е најбитна тука, мора да внимаваш на количината и на видот на исхраната....инаку знам како боли, како инфаркт да ке те стрефи имаш чувство, жеже напред и назад во градите
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.502
Поени од реакции
34.603
имaм мaкa сo желудникoт бев скoпје нa снимaјне нa гaстрoскoпијa
Дa дa ренaтaдин сaмo
... колку плати за гастроскопија? и види ваму, ти дале само Тбл.Ранитидин цццц ццц!
и како кажа @Anon погоре треба прво да се направи лабораториска анализа на Helicobacter pylori, ртг снимка на желудник, а не веднаш на гастроскопија ендоскопски да видат што, да земат дел за хистолошка анализа поради што? имаш историја на желудникот? чир, крварење, патолошки промени на твоја возраст? мислам ејј, нормално дека еден обичен гастритис ќе создаде болка, барем кај тебе немаше потреба до толку освен дисциплина на исхрана, чести оброци во помали количини никако прејадување, ладни, топли и газирани напитоци НЕ извесен период ... зашто не опиша еден ден кога и со што се храниш, колку кафиња, алкохол пиеш, дали пушиш, дали си нервозен?

1564859647559.png 1564859812828.png

...лабораториско испитување на инфекцијата со Helicobacter pylori се манифестира со покачени нивоа на специфичните IgA и IgG антитела во серум, предизвикува:
воспаление на желудникот (гастритис)
... симптоми кои укажуваат на инфекција од хеликобактер, односно воспаление на слузокожата на желудникот, кое може да биде акутно или да премине во хронична форма:
- болки во желудникот.
- често подждригнување, киселини,
- печење или жарење во пределот на желудникот,
- надуеност во стомакот.
1564860115499.png 1564860227861.png

ако толку „жежи“ лижни една таблета од овој лек (антацид) !
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.690
Поени од реакции
33.323
Јас го имам истиот проблем. Имав хеликобактер во желудник, и тоа го открив случајно, при правење анализи за сосема друга работа. Тогаш бев на дерматолог, тој ми препиша терапија од 2 антибиотика + Нолпаза (нормално, и пробиотик, што вика Анон, зашто инаку ќе се исцедиш). Многу беше тешка терапијата, зашто антибиотиците ги пиев цел месец, а Нолпазата 3 месеци. Во устата постојано имав горчлив вкус, а и едниот од антибиотиците беше голема таблета која тешко се голташе. Е сега, по терапијата бев супер - хеликобактер нема, киселини и болки нема, ама се тоа траеше само околу месец дена, по што се вратија проблемите два пати појаки. Бев пак на лекар, овојпат на интернист. Ме праша дали пијам нешто за киселините, и кажав и за терапијата за хеликобактерот, и плус дека пиев Ранитидин за киселините (само тоа ми помагаше). Она тогаш ми рече дека сега киселините не мора да се предизвикани од хеликобактерот, тој најверојатно е излечен со антибиотиците, но дека Ранитин наводно бил некој стар лек и дека не требало да го користам. Имало нови, посовремени лекови. Ми препиша Аципан, од 20 mg. (тоа е всушност истиот лек како Нолпаза која ја пиев со антибиотиците, само од друга компанија, и со таа разлика што Нолпаза ја пиев од 40 mg.) Од тогаш Аципанот го пијам еве веќе 4-5 месеци без престан (докторката рече дека нема никакви штетни ефекти од него, дека можам да го пијам без прекин) и немам буквално никаква мака ни со некоја храна, ни со киселини, со ништо. Се пие на празен желудник (најубаво наутро), минимум 30 мин. пред да земеш било каква храна, само по 1 на ден. Плус, и лекот иде на рецепт, па така не мораш да плаќаш 300 и нешто денари за да го купуваш секој месец (толку е една кутија, мислам дека 28 апчиња има во неа).
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.502
Поени од реакции
34.603
.. Она тогаш ми рече дека сега киселините не мора да се предизвикани од хеликобактерот, тој најверојатно е излечен со антибиотиците,
... тоа може тука на форум, во лекарските ординации нема израз „највероватно“!!!
... после земената тројна терапија треба да се докаже „излекувањето“ со повторна анализа и тоа не во крвта, оти телото има антитела па ќе дава повторно лажен позитивен резултат (до 3 години е активна) и затоа после антимикробната терапија проверката на Helicobacter pylori и ако сакате да знаете најточното испитување на ова бактерија е со позитивен тест Helicobacter pylori Stool Antigen т.е тестирање на Helicobacter pylori во столица кој дава таква препорака за испитување во фецес? односно кој направил испитување на ХБ.пилори во столицата како примерок даде фецес во лабораторија?
- никој никогаш или ретко некој некогаш!
... зашто е „сомневањето“ за позитивен резултат на испитување кога е даден примерок крв за испитување на Helicobacter pylori? затоа што присуство на многу други бактерии делуваат на позитивноста на тој тест како Enterococcus, Escherihia, Klebsiela, Proteus, Campylobacter, Candida, Clostridium, Enterobacter, Lactobacilus, Listeria, Pseudomonas и со тоа излегува позитивно, но не мора да е од бактерија Helicobacter pylori, а со тоа иде прашањето ...колку пациенти непотребно ја примиле тројната терапија? па кога ќе се надоврзам на тоа што штета може да направи тие лекови, а замислите непотребно дадени!
.. Од тогаш Аципанот го пијам еве веќе 4-5 месеци без престан (докторката рече дека нема никакви штетни ефекти од него, дека можам да го пијам без прекин)
...ете затоа не не бидува во здравството, ај овде на форум можеби совети вакви такви ќе речеме социјални мрежи нема цензура итн, ама вака во јавни здравствени установи каде нема шала со здравјето на човекот!!???
... жалосно што денес не функционира специјална комисија „Болнички комитет“ иако секоја болница законски ја има да ги проверува токму ваквите погрешни препораки, погрешни несоодветни терапии и што е најлошо сите „важни“ здравствени работници лечат по еден ист терк и шема посебно пишана од некој истакнат и никој не одговара за погрешен пристап на лечење НЕбазиран на докази на медицината од памет, ли??
... имало стар и нов лек...мислам која глупост, „најстар“ антибиотик е пеницилин / ампицилин нели? и? не се применува ли?
ај вака,
pantoprazol како лек инхибитор на протонска пумпа, од кога се појавил како лек при краткотрајно лечење на ерозии, улцерации да речам попросто при крварење од чир во желудникот и тоа активен при многу мал pH 3, во мнооооооогу кисела средина делува и тоа под pH 3 вредност и тоа секогаш се давало ВО БОЛНИЧКИ УСЛОВИ ПОД МОНИТОРИНГ на пациентот кој имал многу тешки гастрични ерозии опсани по живот поради крварењето! и нели, за кратко време излезе „на пазар“ и орална форма да би тој ист пациент од болнички услови во домашни услови би продолжил со иста терапија од пантопразол,

...е сега, гледајте ја ситуацијава, како му рекле на членов погоре „излегоа нови лекови“ и “може да се пие без прекин“ што е тотално неточно!
...прво пантопразол доколку pH 3 во желудникот се покачи СТАНУВА НЕАКТИВЕН, така да овој лек апсолутно не се дава на пациенти кои имаат лесни гастрични проблеми без никакви промени, нема чир, крварење...ерозии.... секој може да има гастритис било кога и да трае подолг период зависно од исхрана и стресот, но тоа не значи дека треба да се даде пантопразол? оставете го овој лек за тоа што е наменет за пациенти со тешки индикации на гастро болести!

1564924773285.png 1564924805211.png

... и уште ова, терапија со пантопразол веќе ако се даде НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРИМЕНИ подолго од 8 недели тоа е 2 месеца, нели?? а не со месеци и години! :facepalm:

1564924860182.png 1564925000674.png

...мислам ејјјјј кога ќе ви се кршат коските од остеопороза, и добиете анемија, мускулни болки, главоболки, вентрикуларна аритмија, а посебно ќе го сјебете бубрегот и јетрата, тогаш барајте ги тие што ви го препорачаа пантопразолот за еден обичен гастритис да се пие нонстоп подолго време! :toe:
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
ете затоа не не бидува во здравството, ај овде на форум можеби совети вакви такви ќе речеме социјални мрежи нема цензура итн, ама вака во јавни здравствени установи каде нема шала со здравјето на човекот!!???
Некои луѓе често слепо им веруваат на докторите. И после патат.
Некои луѓе пробуваат да се едуцираат за болестите преку интернет и после се наречени хипондрици или добиваат одговори од докторот „е што ти знаеш повеќе од мене“. И после патат.
У секој случај патиш :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.690
Поени од реакции
33.323
... тоа може тука на форум, во лекарските ординации нема израз „највероватно“!!!
... после земената тројна терапија треба да се докаже „излекувањето“ со повторна анализа и тоа не во крвта, оти телото има антитела па ќе дава повторно лажен позитивен резултат (до 3 години е активна) и затоа после антимикробната терапија проверката на Helicobacter pylori и ако сакате да знаете најточното испитување на ова бактерија е со позитивен тест Helicobacter pylori Stool Antigen т.е тестирање на Helicobacter pylori во столица кој дава таква препорака за испитување во фецес? односно кој направил испитување на ХБ.пилори во столицата како примерок даде фецес во лабораторија?
- никој никогаш или ретко некој некогаш!
... зашто е „сомневањето“ за позитивен резултат на испитување кога е даден примерок крв за испитување на Helicobacter pylori? затоа што присуство на многу други бактерии делуваат на позитивноста на тој тест како Enterococcus, Escherihia, Klebsiela, Proteus, Campylobacter, Candida, Clostridium, Enterobacter, Lactobacilus, Listeria, Pseudomonas и со тоа излегува позитивно, но не мора да е од бактерија Helicobacter pylori, а со тоа иде прашањето ...колку пациенти непотребно ја примиле тројната терапија? па кога ќе се надоврзам на тоа што штета може да направи тие лекови, а замислите непотребно дадени!

...ете затоа не не бидува во здравството, ај овде на форум можеби совети вакви такви ќе речеме социјални мрежи нема цензура итн, ама вака во јавни здравствени установи каде нема шала со здравјето на човекот!!???
... жалосно што денес не функционира специјална комисија „Болнички комитет“ иако секоја болница законски ја има да ги проверува токму ваквите погрешни препораки, погрешни несоодветни терапии и што е најлошо сите „важни“ здравствени работници лечат по еден ист терк и шема посебно пишана од некој истакнат и никој не одговара за погрешен пристап на лечење НЕбазиран на докази на медицината од памет, ли??
... имало стар и нов лек...мислам која глупост, „најстар“ антибиотик е пеницилин / ампицилин нели? и? не се применува ли?
ај вака,
pantoprazol како лек инхибитор на протонска пумпа, од кога се појавил како лек при краткотрајно лечење на ерозии, улцерации да речам попросто при крварење од чир во желудникот и тоа активен при многу мал pH 3, во мнооооооогу кисела средина делува и тоа под pH 3 вредност и тоа секогаш се давало ВО БОЛНИЧКИ УСЛОВИ ПОД МОНИТОРИНГ на пациентот кој имал многу тешки гастрични ерозии опсани по живот поради крварењето! и нели, за кратко време излезе „на пазар“ и орална форма да би тој ист пациент од болнички услови во домашни услови би продолжил со иста терапија од пантопразол,

...е сега, гледајте ја ситуацијава, како му рекле на членов погоре „излегоа нови лекови“ и “може да се пие без прекин“ што е тотално неточно!
...прво пантопразол доколку pH 3 во желудникот се покачи СТАНУВА НЕАКТИВЕН, така да овој лек апсолутно не се дава на пациенти кои имаат лесни гастрични проблеми без никакви промени, нема чир, крварење...ерозии.... секој може да има гастритис било кога и да трае подолг период зависно од исхрана и стресот, но тоа не значи дека треба да се даде пантопразол? оставете го овој лек за тоа што е наменет за пациенти со тешки индикации на гастро болести!

Прегледај го приврзокот 214226 Прегледај го приврзокот 214227

... и уште ова, терапија со пантопразол веќе ако се даде НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРИМЕНИ подолго од 8 недели тоа е 2 месеца, нели?? а не со месеци и години! :facepalm:

Прегледај го приврзокот 214228 Прегледај го приврзокот 214229

...мислам ејјјјј кога ќе ви се кршат коските од остеопороза, и добиете анемија, мускулни болки, главоболки, вентрикуларна аритмија, а посебно ќе го сјебете бубрегот и јетрата, тогаш барајте ги тие што ви го препорачаа пантопразолот за еден обичен гастритис да се пие нонстоп подолго време! :toe:
Не можам да читам, зашто:
1. многу е долго
2. мислење од личност која смета дека исхраната треба да се прилагодува според хороскопот ми е подеднакво релевантно колку рандом мислење на Иван исцелител, рецимо. ;)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.502
Поени од реакции
34.603
Не можам да читам, зашто:
1. многу е долго
2. мислење од личност која смета дека исхраната треба да се прилагодува според хороскопот ми е подеднакво релевантно колку рандом мислење на Иван исцелител, рецимо. ;)
... е ДА! имаш право, не требаше да те цитирам, иако те цитирав не мора да читаш иако е за твое добро (Зоки Поки единствен успех на „најдолго“?),
... ќе чита тој што ќе разбере и ќе се замисли и ќе разговара со докторот од друг агол со макар минимално познавање, а за тебе нема проблем има време ќе се сетиш кога треба што сум напишала, кај да е погрешните терапии и дози брзо збувнуваат на друга страна во телото и тогаш вака цинично нема да размислуваш, морам да те запамтам да не ти одговарам на пост во иднина!
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Здрaвo нoв сум нa фoрумoв и свaрнo имaм мaкa сo желудникoт бев скoпје нa снимaјне нa гaстрoскoпијa и вaкa ми пиши вo нaoдoт дуoденум лигaвицaтa нa булбус е демaтoзнa вoспaленa без лези некoј тaблети дa ми препoрaчaте или нештo сличнo и дa ми кaжите некoј чaј нештo oти свaрнo не се издржвa oсекaм жештинa и бoлкa истoврменo
Ќе ти каже паталец. Мене ми помогна пред повеќе од 20 години. Не можеш да имаш зијан од природни состојки.
Тегла мед од големите, ама ќе земеш природен не од овие по маркетите што се сируп и растопен шеќер. Иста таква тегла таан, најдобар е неготинскиот ако го најдеш. Мешаш целата количина однос 1:1. По една супена лажица и тоа добро „натоварена“, наутро веднаш штом станеш, и најмалку 1 час ништо да не јадеш ни пиеш.

П.С. Избегнувај газирани пијалоци дури и пиво и јако зачинета храна.
 
Јас овој рецепт го користам заедно со децата со години, но знам дека е за кашлање, имунитет, за менопауза ама за болки во желудец дека лечи, прв пат слушам..но, можно е:)
 
Член од
31 јули 2019
Мислења
7
Поени од реакции
0
20190731_134705.jpg еве сликa oд гaстрoскoпијaтa вaкa ми пишувa секoјa вечер гoрaм oд темперaтурa вo стoмaкoт и oсекaм бoлкa
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.685
Поени од реакции
9.523
Прегледај го приврзокот 214259еве сликa oд гaстрoскoпијaтa вaкa ми пишувa секoјa вечер гoрaм oд темперaтурa вo стoмaкoт и oсекaм бoлкa
А само навечер ли имаш болки?
Што ти помага, сигурно од некоја таблета си осетил подобрување, јадеш ли луто....ако не, па оди кај друг доктор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom