Шпорет? Зимава ќе е 2020та година. Две илјади и дваесетта година!
Страшно.
Со шпорет само ќе труеш комшии, нас ќе не труеш, децата ќе си ги труеш и домашните, ќе се мачиш цепејќи и палејќе. Згора на тоа ќе се изнадаваш пари за дрва.
Шпорет е за неписмен народ заглавен во 1820та година со паметот. А таква е пола држава. Ако некој се навреди, слободно нека се навреди. Ама сега сме 2020та година,живееме во најзагаден реон на европа и пак муабети за ќумбиња? Јас СТВАРНО не разбирам со кој памет не се ИСПОЗАБРАНАТ СО ЗАКОН тие ќумбишта што живи не затруја веќе секое зимо.
Шпорет и дрва ќе те кошта дупло од инвертер.
Инвертери има еден тон, види Вивакс Аери 18, Грее Хансол 12 или Хаиер Тундра 18ка, тие се најефтини што нудат греење попристојно и коштаат околу 40000 денари сосе монтажа. 2020та година! Стиснеш копче изаџе куварица.
Срамота е бре на ова загадување шпорети дс се спомнуваат. Срамота. Малку осет за цивилизација, за здравје за добробит треба да се има.