Здраво кајгањџии.
Ја сум возач-почетник и ете, дојде време да се размислува за автомобил.
Ме интересира што мислење имате за Мерцедес Б 180/200 CDI 2006/2007 год. општо како кола?
Какви се вашите искуства, или искуствата на вашите познаници со овој модел?
Колку се здрави генерално овие коли по плацевите. Колку кошта одржавање, делови и тн?
Дали вие што повеќе се разбирате од автомобиле би купиле некоја од
овие коли(според тоа што го гледате)?
Лошо е што врска неам од автомобили и хиените познати како големи шминкери (плукни-залепи) што продаваат може да ме видат ко "лесен плен". Имам неколку дилери на половни автомобили кои ми се дамнешни познаници, и мислам дека куче не би им доверил да чуваат, а не пак кола да купам од нив, што го праи процесот на размислување и одлука уште потежок.
Читав доста позитивни коментари онлајн за моделов и мислам дека ова е колата која што мене највеќе ми фаќа око.
Не дека сум дефинитивен во одлуката дека овој модел ќе го купам, и секое мислење од секаков калибар е добредојдено бидејќи едноставно не сакам да правам грешки при купување.
Доколку сте фини и дадете некој генерален совет за купување половен автомобил, би бил екстремно благодарен.
Искрено фала за одвоеното време.