Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Сигурно нема да кажат преговараме за Сане, не се чуди :) ова го прават Сити да не ги обвини за tapping up. Последно вака што памтам беше со Ливерпул и ВВД.
1564683544378.png
 
.
1cc4892c0b37cb758ba78fbc33ca97a6.jpg


Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 
99 % ќе се реализира трансферот, вака демантираа преку соопштенија и за Лукас кога имаше преговори за Баерн, и за Гризман, и за Феликс, за Ван Дајк па видовме сите шо се случи.
Туку кого планираат Сити да го доведат за негова замена, се шушка нешто или ?
 
Според Фалк
Стандардно е ова, Јунајтед пример никогаш не брифира новинари дека преговара со некого баш поради опасноста некој клуб да те пријави за врбување, испраќаат denial само за тие што спамаат по весници, последно Фернандеш од Спортинг и затоа пишувам дека сомнителна ми е помпата. Исто и оној Митен кога беше во Скопје ни кажуваше дека секоја можна изјава од две страни кои преговараат влијае меѓудругото и негативно за нив на цената. Освен ако не е веќе играчот на медицински прегледи или било што откако ќе се договори цената, никој нема да потврди интерес.

Сане во Баерн ми е што би рекле на подфорумов сигурица трансфер за летово.
 
Сега отворив линк, 75 милиони е клаузулата на Ојарзабал :eek:
Добар играч ама ништо посебно, овој ќе скапи на клупа кај Пеп, нешто слично како Нолито шо го снајде, едноставно не е материјал за Сити
 
Ненормални пари се вртат во ПЛ кога екипа како Волфс може да лупне 60 милиони фунти за играч, и кога Лестер можат да одбијат 75 милиони за играч.

 
Ако се случи размената Дибала за Лукаку (плус пари) ова ќе биде можеби и најголемиот wtf трансфер за нас обичните луѓе.

Не верувам дека постои некој нормален на форумов што на местото на Јуве би форсирал ваков трансфер.

Што во превод значи...или овие од Јуве се ненормални...или тука има нешто сериозно што од Јуве го знаат, а ние обичните луѓе не го знаеме.

Ајде, ќе видиме, ама одеднаш некако ептен глуп потег е ова за вака квалитетна управа како оваа на Јуве, така да најверојатно знаат што прават.

До душа...ова малце ме потсеќа и на трансферот на Мата во Јунајтед.

Ама...од друга страна...Јунајтед се во win-win ситуација со трансферов, свака им част ако се исполни, ќе бидат интересни за гледање следна сезона со Дибала.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom