Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
На промена на време по 2-3 дена нон стоп имам тапа болка во левата нога во делот кај коленото и под него и на левата рака под лактот па се до прстите.Забележав една мала попуштена вена, не се којзнае колку познава, ама ме интересира дали е можно да е од неа или пак нешто друго?Работата не ми е во стоечка положба, па за целата тежина да ми е на нозете.
... дали кај коленото или под него постои оток? и дали болката на лева рака па све до прсти вклучува болка и на малото прсте од раката?
а тоа што работата е повеќе „седечка“ отколку „стоечка“ носи повеќе ризик на промена на коленото зашто е свиткано и е под поголем притисок, отколку стоечки на „исправено“ колено тежината паѓа повеќе на зглобот на ногата, па потоа може да речеш тежина на колено!
...промена на времето важи и за десното колено, кое е исто твое и трпи иста тежина, нели? ...тоа како вицот кога жената се жалела кај доктор дека ја боли десната нога, а докторот и кажал дека тоа е од времето и годините, а таа му одговорила дека и левата нога е исто толку стара како десната нога, а не ја боли!
... и таа мала попуштена вена (површински) ја гледаш,а не знаеш внатре што друго „попуштено“ имаш? што кажуваш за малото прсте на раката која те боли, те боли ли тоа или болката е само до прстите?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Нема никаков оток и немам болка на малиот прст на раката.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
Постојано вадам суви парчиња од носов. Вака ништо поозбилно не осеќам, што уствари и не појавува потреба да одам на лекар и да се проверам.Но стално сум со салфетки по џебовите, дека стално вадам суви.Да и се дешава да имам кивање и слина од време на време. Сега за летово кога се мењаше од топло во ладно и обратно. Дали имам некоја болест на синуси/нос или можеби загаден воздухов па телото само се чисти од штетните честици?
...кога ќе кажеме зошто „ни служи“ носот , најчесто ќе кажеме за да помирисаме нешто т.е. тој е орган за мирис, така? но тој не е само орган за мирис туку е и респираторен орган поточно филтер на воздухот што го внесуваме со дишење, тој воздух влегувајќи во носот „се загрева“ и „се навлажнува“ и за тоа е заслужена добрата носна слузница која е влажна, со ситни крвни садови, со ситни влакненца т.н. цилии кои се вистински филтер и на нив се закачуваат сите честици од прашина, бактерии, вируси со што гарантира чист вдишен воздух!
... правилно сите треба да дишеме преку нос кој е природен филтер и прочистувач на воздухот кој го вдишуваме, а тие „суви“ или „суви парталки“ или „суви мрсули3 преставува сето тоа што е загадено во воздухот, а се допира на тој филтер!

1564590450241.png 1564591975136.png

...е сега зошто имаш толку„суви“ највероватно ти е поради средината каде се движиш т.е. воздухот во таа средина може ти е многу прашлива, загадена, многу сува или студена, но исто може да биде поради еписоди на течни мрсулави слини што поради губење на влажноста доаѓа период на сувост на носната слузница!
... најчесто во зимно време треба одржување на влажноста на средината (воздухот) со сад со вода над радијаторот и препорачливо секое домаќинство да си има некое апаратче кое мери и влажноста (водата за влажноста треба да се менува секој ден оти може да се нафати со бактерии што иде проблем во друг правец) и ДА, престој во претопли затворени простории повторно даваат ефект на сува носна слузница!
... важно е да не биде често тие „суви“ во носот оти влажноста на носната слузница брани од влез на бактерии, а ти добро што ги исфрлуваш со салфетка, а не пикаш прсти во нос со што дополнително може да дојде до инфекција од самите прсти, а и може појава на „крваво одлепување“ на тие суви од носот, така да не се префорсирај во исекнување на носот!

1564591369675.png

... значи немаш здравствен проблем, ама зависи многу начинот како и каде живееш и што дишеш и твојата НЕхигиена може да создаде со време, во иднина, ако не внимаваш, промена на таа носна слузница да ја изгуби својата влажност, па да направи дополнителни проблеми кога ќе настинеш!
...
ама пак ќе речам ништо страшно, само сме малку повеќе нежни и премногу се грижиме за нашето тело, одиме од крајност во крајност !

Нема никаков оток и немам болка на малиот прст на раката.

... штом немаш болка на малиот прст на раката, а другите прсти те болат можно е да имаш „Карпал тунелов синдром„ зошто?

1564592984558.png 1564593620230.png

затоа што болките, отрпнувањето или парализа ги зафаќа сите прсти освен малиот прст и сега може да се направат дополнителни тестови:

1564593411195.png 1564594797106.png
- Фахлен тест со свиткување неколку минути на дланката кон раката колку што е можно повеќе некоја минутка, со враќање на нормална позиција раката ни трне, чувствуваме болка тестот е позитивен!
- Тинел тест со притискање на местото каде е нервот и ако се појави болка, треперење тогаш тестот е позитивен!
- Дуркан тест со стискање на дланката тупаница неколку минута при што се појавува утрнување при позитивен тест!


еве малку вежби доколку мислиш дека го имаш овој проблем!

1564595893404.png 1564595920170.png

... а за ногата штом немаш оток, смени ја секојдневна позиција од седечка на нешто измеѓу да биде „полуисправено“ коленото , а таму каде имаш болка може да поставиш во текот на денот неколку минути ладна облога и намачкај некоја маст или гел хербален од костен или хепатромбин највероватно е некоја вена која ете некој период имала „зорт“ па сега ти возвраќа на ваков начин!
 
Последно уредено:

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Моментално сум во Грчка, Паралија и денес баш пред да искочам од вода, згазнав со десното стопало на нешто боцкасто (најверојатно морски еж), и се набодев. Арно што брзо изреагирав и веднаш го извадив стопалото. Завршив со 4 убоди, барем како што видов.
Е сега, на почетокот ме болеше ептен малце, ама болката беше како да ме штипнал некој. Кога се вратив во хотел веднаш ставив ракија, и после кога искочив не осетив никаква болка.
Е сега страв ми е да не е нешто отровно, па да се влоши ситуацијата, пошто нели и отровни морски ежови постојат. Али сепак како што имам гледано од претходно ако е некој отровен убод, пр. од отровна змија, кожата ќе помодри. Мојата не помодри.
Слика неможам да пратам, тиња е интернетот али нема ништо посебно, само едни 4 мали црвени точки. Сега не ни се приметуваат.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Моментално сум во Грчка, Паралија и денес баш пред да искочам од вода, згазнав со десното стопало на нешто боцкасто (најверојатно морски еж), и се набодев. Арно што брзо изреагирав и веднаш го извадив стопалото. Завршив со 4 убоди, барем како што видов.
Е сега, на почетокот ме болеше ептен малце, ама болката беше како да ме штипнал некој. Кога се вратив во хотел веднаш ставив ракија, и после кога искочив не осетив никаква болка.
Е сега страв ми е да не е нешто отровно, па да се влоши ситуацијата, пошто нели и отровни морски ежови постојат. Али сепак како што имам гледано од претходно ако е некој отровен убод, пр. од отровна змија, кожата ќе помодри. Мојата не помодри.
Слика неможам да пратам, тиња е интернетот али нема ништо посебно, само едни 4 мали црвени точки. Сега не ни се приметуваат.
А бе какви отрови какви глупости, ништо не ти е.
Сепак треба убаво да те види медицинско лице да не имаш некое трнче што треба да се извади или да е подлабоко навлезено па да треба да го чекаш подолго време само да излезе.
Еве ти ја внука ми со околу 20 боцки
1564608363983.png

1564608376929.png
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
А бе какви отрови какви глупости, ништо не ти е.
Сепак треба убаво да те види медицинско лице да не имаш некое трнче што треба да се извади или да е подлабоко навлезено па да треба да го чекаш подолго време само да излезе.
Еве ти ја внука ми со околу 20 боцки
Прегледај го приврзокот 213895

Прегледај го приврзокот 213896
Чим нема отров ништо страшно.
Уште 2 дена сум тука па кога ќе се вратам ќе одам кај матичната, ее за 4 боцки тоа ќе се среди, важно нема никаков отров, ништо страшно :)
Danke.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
На баба ми, мајка на жена ми денес по втор пат и била направена крвна слика и докторите зачудени како може толку да и е слаба крвта. Не ги знам точните вредности, ама само дека железото е ниско и демек имала губење на крв.
Стандард докторите препишуваат ампули Тотхема.
Жената освен замор, грчеви во мускули и поспаност ништо друго од симптоми, нормално има апетит, нема главоболка и однадвор никакви знаци на губење на крв.

Ако загубата е од некое внатрешно краварење дали има некакви знаци однадвор?
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
Жената освен замор, грчеви во мускули и поспаност ништо друго од симптоми, нормално има апетит, нема главоболка и однадвор никакви знаци на губење на крв. Ако загубата е од некое внатрешно кревање дали има некакви знаци однадвор?
... да речеме, ете имаме внатрешно крварење и „загуба“ на железото? каде оди таа крв? останува внатре некаде? каде? таа крв на околните ткива нема да притиска? нема ли да се создаде силна болка на самиот орган или на соседниот орган? ако некаде имаме крварење , крвта „ќе најде пат“ да излезе од телото, ако крварењето е во дигестивниот тракт излезот ќе биде или со повраќање крв или преку фецес и ЦРНАТА боја на фецесот ќе ни го каже тоа, ако крварењето е во урогениталниот тракт пак урината наместо жолта боја ќе биде портокалева, темна боја па дури и крвава! ако се има некое „гинеколошко“ крварење од патолошка природа пак таа крв визуелно ќе ја видиме, ако пукне некој крвен сад околината на тој сад ќе помодре, ако тој крвен сад е во некој орган ќе реагира со давање на знаци опасни по живот, значи не може телото да има крварење и да не реагира, па и да се нема никаква болка!
... многу е непрофесионално, барем во денешно време така да се искоментира со паушална претпоставка кога има различни начини на прегледи, па и мануелни!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
На баба ми, мајка на жена ми денес по втор пат и била направена крвна слика и докторите зачудени како може толку да и е слаба крвта. Не ги знам точните вредности, ама само дека железото е ниско и демек имала губење на крв.
Стандард докторите препишуваат ампули Тотхема.
Жената освен замор, грчеви во мускули и поспаност ништо друго од симптоми, нормално има апетит, нема главоболка и однадвор никакви знаци на губење на крв.

Ако загубата е од некое внатрешно кревање дали има некакви знаци однадвор?
Автоматски споено мислење:
Од слично искуство со роднина - направете колоноскопија.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
докторите зачудени како може толку да и е слаба крвта. Не ги знам точните вредности, ама само дека железото е ниско Стандард докторите препишуваат ампули Тотхема.
... ако докторите се „толку зачудени“ како може да биде слаба крвта сигурно нема да препишуваат „стандард“ Тотхема ампули кои се пијат, ако немаат личен комерцијален интерес од тој лек (претпоставка, но оправдана), на жалост не во интерес на некои пациенти затоа што при тешкии анемии тие пациенти не се лекуваат со орална терапија... но не ги знаеме сеуште вредностите на повеќе параметри чиј показател се за присутната анемија!
и ДА, феро солите (ампули Тотхема)слабо се ресорбираат, до 20% од внесената доза и доколку се има проблем со ресорпција на примарното место во дуденумот, тогаш Тотхема само „ќе прошета“ низ телото и како си влезе преку уста така ќе си излезе без да се ресорбира во крвта во дуденумот, со што пациентот си останува секогаш со вредноста на железото како што си беше пред пиењето на Тотхема!
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Ова ми го испрати.

IMG_20190801_153939.jpg
Од слично искуство со роднина - направете колоноскопија.
Во понеделник треба да направи ова и плус уште нешто, а претходно треба да се има некаква подготовка за оваа процедура?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ова ми го испрати.

Прегледај го приврзокот 213958

Во понеделник треба да направи ова и плус уште нешто, а претходно треба да се има некаква подготовка за оваа процедура?
Не се јаде ден два мислам и може да ти кажат кисела вода или алое вера да пиеш, на секој што знам досега различно му кажувале :/ ама кога има загуба на железо а нема некој евидентен доказ, човек на колоноскопија под хитно се праќа. Кај случајов за колитис се работеше.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
На баба ми, мајка на жена ми денес по втор пат и била направена крвна слика
... не се работи за дете или можеби некоја слаба исхрана, тука имаме веќе постар човек, па зашто да не размислиме на поинаков начин во испитување, што велам јас да се почне од најсложената и најтешката причина кон најбанална причина!
... еритроцитите или црвените крвни клетки содржат хемоглобин кој е железен протеин кој носи кислород во сите делови на телото, кога нивото на црвените крвни клетки е премногу ниско, деловите на телото не добиваат доволно кислород и тие не работаат правилно!
... од каде ни идат црвените крвни клетки? кои ги создава? - коскената срцевина, тоа меко, сунѓересто ткиво кое се наоѓа во поголемите коски и хормон наречен еритропоетин му кажува на телото кога да направи повеќе црвени крвни клетки, а тој пак се создава во бубрезите! ете краен заклучок оштетувањето на коскената срцевина или бубрезите може да предизвика анемија, ако таму делуваме и нешто подобриме ако имаме некоја „штета“ анемијата ќе се повлече!
или
... одредени видови на тумори и карциноми (леукемија, лимфом и мултиплекс миелом) ја оштетуваат коскената срцевина или карциномите кои се шират на коската или коскената срцевина може да ги намалат нормалните црвени крвни зрнца со што ете ти појава на анемија и да ја решиме ова препоставка се прават дијагностички тестови во лабораторија т.н. туморски маркери, ако имаме некој резултат несоодветен тука ќе делуваме соодветно и анемијата ќе се повлече!

1564672664075.png

... јас во составот на Тотхема не гледам фолна киселина, Вит Б12, освен железо како феро облик, не дека треба да ги има ТУКА, туку како забелешка дека на пациент со недокажана причина на анемијата веќе ако се дава железо се дава и ( фолна и Б12) и таа лимунска киселина во Тотхема би рекле дека е Вит Ц кој е неопходен за подобра ресорпија на железото, а дали воопшто спомнаа дека железо се зема со најрано еден час празен стомак без храна, млеко ич, кои доколку се присутни ја спречуваат ресопцијата на железо и пак ќе речам Тотхемата ќе „прошета“ само низ телото!
Од слично искуство со роднина - направете колоноскопија.
... ендоскопските испитувања на дигестивниот тракт, конкретно колоноскопија на дебело црево во случајов поради крварење, НЕ МОРА веднаш, ако се сомневаме околу крварењето, оти постои лабораториско испитување на фецес т.н. „ фекално окултно крварење тест“ што преставува квалитативен биохемиски тест на парче фецес од пациентот со што се открива и најамал траг на крв која не се гледа со голо око и доколку имаме позитивен резултат не мора да биде патологија на дебело црево, може од внатрешни хемороиди, полипи, колитис или анални фисури!

1564675208584.png 1564675650295.png
... зарем толку е тешко, доколку е толку ниско железото, да се препорача некоја венозна инекција со железо што ќе ги „прескочи“ сите бариери на апсорбција во дигестивниот тракт од оралните железни препарати?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
Ова ми го испрати.Прегледај го приврзокот 213958Во понеделник треба да направи ова и плус уште нешто, а претходно треба да се има некаква подготовка за оваа процедура?
... овде не ја гледам вредноста на железото и резервите на железо (серумско) феритин? мислам ејјјј тоа МОРА да се испита да се одреди за каков вид анемија се работи па дури и дали е од тип на вродена анемија ако имаме намалени MCV, MCH вредности (ги има тука во тестот) ама со нормално ниво на серумско железо??

1564758220381.png
па каде е железото, феритинот???

1564756392249.png

како да е, на приложената крвна слика конкретно имаме промени на вредности како последица од црвените крвни зрнца т.е. еритроцитите иако тие се во ниска граница на нормалата или RBC (red blood cell) !
HGB - хемоглобин,
MCH -просечно количество хемоглобин присутен во една црвена крвна клетка
MCV -просечна големина на црвените крвни клетки (еритроцити)
HCT- хематокрит или процентот на волумен на црвените крвни зрнца во крвта и зависи од бројот и големината на црвените крвни клетки!
сите овие вредности се пониски и тие меѓу себе се поврзани иако RBC (red blood cell) еритроцити се во референтната граница на пониско ниво!

1564757393482.png

... на крвната слика вредноста која е малку повисока од нормалната вредност т.е. RDW и со низок MCV тоа значи дека имаме т.н. микроцитна анемија, што не е значи помала количина на еритроцити туку телото не создава доволно НОРМАЛНИ еритроцити тие се помали од нормалните еритроцити и најчесто тоа е индикација за недостаток на железо, ама пак ќе кажам анемија не е болест туку симптом последица од некоја друга болест која мора да се открие да се делува и анемијата ќе се повлече, кажав дека проблеми со бубрезите, јетрата, или проблеми со дигестивниот тракт со пореметена ресорција на железото, проблеми со функцијата на штитната жлезда? така да со право треба да се направат други лабраториски тестови како вкупен билирубин, јетрените трансаминази, креатинин и уреа поради функцијата на бубрегот, тиреоидни хормони, Вит Б12?!

1564760760895.png 1564760835127.png

... вака, на твојата баба и даваат чист железен препарат Тотхема, без витаминот Б12 и фолната киселина кои се многу важни во синтезата на ДНК при созревање на еритроцитите, а од друга страна пак не и прават испитување на Вит Б12, фолна киселина, серумското железо, феритинот, а ја лечат анемијата како болест да е кај неа па како одредена дијагноза- анемија и даваат лек? а рековме дека анемијата е симптом на НЕКОЈА ДРУГА БОЛЕСТ која треба да се открие и со тоа ќе се повлече анемијата, единствено само да не е генетска што не ми се верува во овој случај!
и друго, дали бабата секојдневно прима некои специфични лекови кои ете може да се антагонисти на фолна киселина (methotrexat, trimethoprim), антиепилептици (phenytion, phenobarbiton, primidone)??
еве како пример, постојат лекови што интерферираат со метаболизмот на витамин Б12 како што е ,,metformin,, кој го даваат денес ама буквално кај сите со дијабетес, и? нели секојдневно се пие поради покачен шеќер во крвта, а од друга страна го пореметува Вит Б12 важен за синтеза и созревањето на еритроцитите? така да сами ако не ја побарате причината која како последица е анемијата, тешко да некој се погрижи, освен давајќи бесконечно Тотхема или некој друг желесен препарат против анемија во долг период, онака од око и да се чудат од никакви резултати од истата, на жалост!
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Секојдневно зема лекови за покачен шеќер Глуформин, а од пред година дена и за тироидна оние што ги даваат стандард.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom