- Член од
- 18 октомври 2010
- Мислења
- 1.824
- Поени од реакции
- 6.093
Идеме во нова Калчо сезона со ново лого
Иако често ме фаќаат кризи дека жабариштата местат увелико и демек готово ќе ги баталувам, ама не можам бе да не ги глеам, особено што освен Лига шампиони, другиве национални лиги не се my mug of beer.
Секоја година сме оптимисти дека ќе го тргне некој Јувентусот од тронот, ама како изглеа, и оваа година пак битката ќе биде од второ до четврто место. Имаат нов тренер што фура скроз различен стил од нивниот досегашен, па малце можеме да имаме надеж дека промената ќе ги кошта бодови, бар за поинтересна сезона.. Како и да бладаме, by far најквалитетен состав плус управа, имаат план и успешно го остваруваат. Прилично добро се засилија, ги земаа Де Лихт, Рабио, Рамзи, Демирал, им се врати Џиџи, па ќе видиме како се‘ тоа ќе го склопи Сари годинава и дали ќе ги оправда очекувањата, пред се за атрактивен фудбал, веќе кога се шампиони да не се мачни за гледање.
Интер моите побратими, тргнаа солидно со назначување на висококвалитетен мотиватор, што години уназад им фалеше за тие мртваците по терен, ама прееееемногу драма околу клубот и тоа главно нефудбалски елементи. Донесоа некое засилување до сеа, сепак не доволно за атак на Скудетото, ама барем одбраната им е коска. Ќе видиме дали ќе му ја исполнат желбата на Конте за Лукаку пошто очајно им фали напаѓач, досега му ги донесоа Барела, Сенси и Лазаро, ама колку се квалитет плус ќе ни покаже Конте од 25ти август.
А Наполи па со Де Лаурентис, куче шо лае а не каса. Шпекулации многу, де Хамес, де Пепе (ху д фак ис Пепе), де Икарди и на крај со Елмас и Манолас ќе останат. Горе-доле костурот им е непроменет неколку години, ама скоро невозможно да парираат за Скудето на вака појачан Јуве. Али мора да признаам дека со поголема желба ќе ги глеам годинава заради нашето дете, дај боже да биде полн погодок, многу ни е битно за репрезентација. Единствено Анчелоти ми е несигурен дали ќе му дава шанса...
Миланезите нешто као се заозбилија, некои надежни комбинации праат Малдини и Бобан. Донесоа прилично млади таленти, прашање е колку Џампаоло ќе се снајде, притисокот во Милан е преголем, особено после задњиве трагични сезони. Се надевам ќе се погодат за атер на Кимо, кој ќе го гледа како се распаѓа цела сезона
Рома стандард, распродај го првиот тим, купи си цел нов, ако се погодат децата супер, ако не, следна година исто, иако мислам дека во Спинацола имаат екстра играч. Не знам зошто само се ослободија од капитенот, да стар е, ама сепак искуството и љубовта кон клубот требаше да биде доволно бар за негово присуство у соблекувална. Како и да е, би требало да бидат интересни за гледање пошто и они имаат нов тренер.
За моиве добро е што не го сменија многу составот, стандардни пазарења до 10тина милиони (уааа Лотито). Ептен сакам Сергеј да остане барем уште една сезона, ама веќе ако си оди до крај на трансфер периодов, нека биде надвор од Италија, ич не сакам да го гледам у друг италијански клуб. Супер би било ако е Јунајтед како што се шпекулира. Исто добро за Лацио е што Инзаги не си отиде. Ама со ваков состав скоро неможно е да завршиме во топ 4 со оглед на конкуренцијата, од друга страна пак, секогаш кога сите го отпишуваат Лацио, на тимот како да му олеснува, па може да изненадат. Битно Рома да ја тепаме
Фиорентина ми се мистерија, колку што сум запознаена имаат нов газда милијардер, ама најголемо засилување до сега им е Терзиќ од Звезда, да видиме дали ќе направат нешто или ќе се мотаат од 6то до 10то место.
Аталанта минатава сезона изиграа тимски и заслужено си завршија на трето место. Летово им отидоа Кристанте и Манчини во Рома, а го зеле Мјуриел од Севиља, Гасперини е уште таму, па дај боже да не се брукаат по ЛШ.
Морам да ја спомнам Болоња заради Михајловиќ, се надевам ќе даваат 100% во секој натпревар за полесно да се справува со грдата болест. Секоја чест за јачината на човеков што ќе продолжи со работа покрај битката која му претстои. Држи се Синиша, и ние сме со тебе
На огромна жал на Ширеа, Киево се опрости од Серија А, и шо поише нека си останат таму доле, со нив отидоа и Фросиноне и Емполи. Еден тим од Верона си отиде, ама другиот влезе и тоа само после година дена пауза, така да пак ќе ги гледаме Хелас Верона. Освен нив, влезе Бреша после 8 години пауза од елитата, а исто и Лече после 7 години, па добро е малце освежување да не се вртат истите тимови.
Во ЛШ одат Јуве, Наполи, Интер и Аталанта, во ЛЕ директ иде Лацио (како освојувач на купот) и требаше Милан, ама заради ФФП-то (за кое експерти без конкуренција се интерашите) ќе отсуствуваат од европска сцена, па на нивно место иде Рома, а Торино ќе игра квалификации.
Сезоната почнува на 25ти Август, трае до 24ти Мај. Распоредот за натпреварите излезе вчера, во отсуство на големи дербија во првото коло, највпечатливо би требало да биде на Фиорентина - Наполи, али затоа второ коло идеме со две – Дерби Дела Капитале и Јуве – Наполи, па таман ќе има време да се дискутира малце и за судиите.
Тоа би било тоа момци, на сите нека ни е со среќа во новава, се надеваме далеку поинтересна, сезона.
Мрчењето може да почне