Serie A 2019/2020

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    122
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Идеме во нова Калчо сезона со ново лого


Иако често ме фаќаат кризи дека жабариштата местат увелико и демек готово ќе ги баталувам, ама не можам бе да не ги глеам, особено што освен Лига шампиони, другиве национални лиги не се my mug of beer.

Секоја година сме оптимисти дека ќе го тргне некој Јувентусот од тронот, ама како изглеа, и оваа година пак битката ќе биде од второ до четврто место. Имаат нов тренер што фура скроз различен стил од нивниот досегашен, па малце можеме да имаме надеж дека промената ќе ги кошта бодови, бар за поинтересна сезона.. Како и да бладаме, by far најквалитетен состав плус управа, имаат план и успешно го остваруваат. Прилично добро се засилија, ги земаа Де Лихт, Рабио, Рамзи, Демирал, им се врати Џиџи, па ќе видиме како се‘ тоа ќе го склопи Сари годинава и дали ќе ги оправда очекувањата, пред се за атрактивен фудбал, веќе кога се шампиони да не се мачни за гледање.

Интер моите побратими, тргнаа солидно со назначување на висококвалитетен мотиватор, што години уназад им фалеше за тие мртваците по терен, ама прееееемногу драма околу клубот и тоа главно нефудбалски елементи. Донесоа некое засилување до сеа, сепак не доволно за атак на Скудетото, ама барем одбраната им е коска. Ќе видиме дали ќе му ја исполнат желбата на Конте за Лукаку пошто очајно им фали напаѓач, досега му ги донесоа Барела, Сенси и Лазаро, ама колку се квалитет плус ќе ни покаже Конте од 25ти август.

А Наполи па со Де Лаурентис, куче шо лае а не каса. Шпекулации многу, де Хамес, де Пепе (ху д фак ис Пепе), де Икарди и на крај со Елмас и Манолас ќе останат. Горе-доле костурот им е непроменет неколку години, ама скоро невозможно да парираат за Скудето на вака појачан Јуве. Али мора да признаам дека со поголема желба ќе ги глеам годинава заради нашето дете, дај боже да биде полн погодок, многу ни е битно за репрезентација. Единствено Анчелоти ми е несигурен дали ќе му дава шанса...

Миланезите нешто као се заозбилија, некои надежни комбинации праат Малдини и Бобан. Донесоа прилично млади таленти, прашање е колку Џампаоло ќе се снајде, притисокот во Милан е преголем, особено после задњиве трагични сезони. Се надевам ќе се погодат за атер на Кимо, кој ќе го гледа како се распаѓа цела сезона :icon_lol:

Рома стандард, распродај го првиот тим, купи си цел нов, ако се погодат децата супер, ако не, следна година исто, иако мислам дека во Спинацола имаат екстра играч. Не знам зошто само се ослободија од капитенот, да стар е, ама сепак искуството и љубовта кон клубот требаше да биде доволно бар за негово присуство у соблекувална. Како и да е, би требало да бидат интересни за гледање пошто и они имаат нов тренер.

За моиве добро е што не го сменија многу составот, стандардни пазарења до 10тина милиони (уааа Лотито). Ептен сакам Сергеј да остане барем уште една сезона, ама веќе ако си оди до крај на трансфер периодов, нека биде надвор од Италија, ич не сакам да го гледам у друг италијански клуб. Супер би било ако е Јунајтед како што се шпекулира. Исто добро за Лацио е што Инзаги не си отиде. Ама со ваков состав скоро неможно е да завршиме во топ 4 со оглед на конкуренцијата, од друга страна пак, секогаш кога сите го отпишуваат Лацио, на тимот како да му олеснува, па може да изненадат. Битно Рома да ја тепаме :kuracc:

Фиорентина ми се мистерија, колку што сум запознаена имаат нов газда милијардер, ама најголемо засилување до сега им е Терзиќ од Звезда, да видиме дали ќе направат нешто или ќе се мотаат од 6то до 10то место.
Аталанта минатава сезона изиграа тимски и заслужено си завршија на трето место. Летово им отидоа Кристанте и Манчини во Рома, а го зеле Мјуриел од Севиља, Гасперини е уште таму, па дај боже да не се брукаат по ЛШ.
Морам да ја спомнам Болоња заради Михајловиќ, се надевам ќе даваат 100% во секој натпревар за полесно да се справува со грдата болест. Секоја чест за јачината на човеков што ќе продолжи со работа покрај битката која му претстои. Држи се Синиша, и ние сме со тебе (y)

На огромна жал на Ширеа, Киево се опрости од Серија А, и шо поише нека си останат таму доле, со нив отидоа и Фросиноне и Емполи. Еден тим од Верона си отиде, ама другиот влезе и тоа само после година дена пауза, така да пак ќе ги гледаме Хелас Верона. Освен нив, влезе Бреша после 8 години пауза од елитата, а исто и Лече после 7 години, па добро е малце освежување да не се вртат истите тимови.

Во ЛШ одат Јуве, Наполи, Интер и Аталанта, во ЛЕ директ иде Лацио (како освојувач на купот) и требаше Милан, ама заради ФФП-то (за кое експерти без конкуренција се интерашите) ќе отсуствуваат од европска сцена, па на нивно место иде Рома, а Торино ќе игра квалификации.
Сезоната почнува на 25ти Август, трае до 24ти Мај. Распоредот за натпреварите излезе вчера, во отсуство на големи дербија во првото коло, највпечатливо би требало да биде на Фиорентина - Наполи, али затоа второ коло идеме со две – Дерби Дела Капитале и Јуве – Наполи, па таман ќе има време да се дискутира малце и за судиите.



Тоа би било тоа момци, на сите нека ни е со среќа во новава, се надеваме далеку поинтересна, сезона.
Мрчењето може да почне :icon_mrgr:
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
Иако често ме фаќаат кризи дека жабариштата местат увелико

Демек не местат?..секоја година Болоња се претвора во Јувентус кога ќе му зажежи и газат се пред себе..глата ја ставам дека последните 6 кола сите утакмици се местени...еве ќе пишам од перспектива на Интер..секоја ебана сезона си го имаат натиго-дајмиго(додуша е повеќе натиго од перспектива на Интер) со Саусоло и Аталанта..не е хумано ова како ги редат натпреварите.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Демек не местат?..секоја година Болоња се претвора во Јувентус кога ќе му зажежи и газат се пред себе..глата ја ставам дека последните 6 кола сите утакмици се местени...еве ќе пишам од перспектива на Интер..секоја ебана сезона си го имаат натиго-дајмиго(додуша е повеќе натиго од перспектива на Интер) со Саусоло и Аталанта..не е хумано ова како ги редат натпреварите.
Не мислев у таа смисла бе Џони, него неколку пати се имам накурчено, баш ради вакви моменти ко шо си навел, дека веќе не ги следам, кој ги ебе бла бла, ама од коа ќе ми помине нервозата и ќе дојде следна утакмица, не можам да не ги глеам, тоа е муабетот.
Иначе не сакам да навлагам во шпекулации и заговори, кога би се докажало местењето во ред, до тогаш е се‘ наше само сомневање.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
кога би се докажало местењето во ред, до тогаш е се‘ наше само сомневање.
Се дотогаш Болоља>Јувентус последните 10 кола секоја сезона...газат дечките..уште од времето на Ди Вајо кога имаше 58 години и се понашаше како Меси+Роналдо комбинирано.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Се дотогаш Болоља>Јувентус последните 10 кола секоја сезона...газат дечките..уште од времето на Ди Вајо кога имаше 58 години и се понашаше како Меси+Роналдо комбинирано.
Ама па шо е крив Јувентус шо во последни 10 кола влага со 500 бода предност? Да се кршат играчи за џабе? Нормално е кога си обезбедил титула да олабаиш малце. Затоа ти викам, ние може да си шпекулираме, ама док не се докаже, не може да тврдиме дека е факт.
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.870
Демек не местат?..секоја година Болоња се претвора во Јувентус кога ќе му зажежи и газат се пред себе..глата ја ставам дека последните 6 кола сите утакмици се местени...еве ќе пишам од перспектива на Интер..секоја ебана сезона си го имаат натиго-дајмиго(додуша е повеќе натиго од перспектива на Интер) со Саусоло и Аталанта..не е хумано ова како ги редат натпреварите.
od kaj izvlece be vakva logika, so sasuolo si go imale natigodajmigo :))))
Pa pustite na DVE kola do kraj na sezona, koga za apsolutno nisto ne se borea, gi pobedija u Milano, koga inter se tegavea so lazio za LS. Lazio naredniot den ako pobedese so krotone gosti, ke si obezbedea plasman vo LS, ama cela sreka i na krotone ocajno im trebaa poeni za opstanok pa izdrzaa za 1-1, i se desi na krajot toa sto se desi.

I za atalanta ne se soglasuvam, ne se sprdnja od tim momentalno atalanta pa da delat bodovi nekomu, nit pa bea u situacija sezonava da se pazarat, sekoj poen im bese biten u bitkata za Evropa.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.021
Демек не местат?..секоја година Болоња се претвора во Јувентус кога ќе му зажежи и газат се пред себе..глата ја ставам дека последните 6 кола сите утакмици се местени...еве ќе пишам од перспектива на Интер..секоја ебана сезона си го имаат натиго-дајмиго(додуша е повеќе натиго од перспектива на Интер) со Саусоло и Аталанта..не е хумано ова како ги редат натпреварите.
Јас сум сигурен дека Лацио-Интер во последното коло беше наместена, исто како и претходно Интер-Јуве 2:3 кога заврши. Ама кај така не можеме во фан клубон да се погодиме, уште ваков пост да напишам и ќе се одериме.
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.870
Јас сум сигурен дека Лацио-Интер во последното коло беше наместена, исто како и претходно Интер-Јуве 2:3 кога заврши. Ама кај така не можеме во фан клубон да се погодиме, уште ваков пост да напишам и ќе се одериме.
valjda se zaebavas, taka ?
:)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.281
Мала грешка во текстот.
Кристанте замина лани во Рома.
Плус ги купија Веретут и Диавара и мислам дека овие двајца ќе се одлични трансфери иако малце се заебаа со продажбата на Манолас.

Инаку гласам за мојот Интер, иако ќе биде еднакво на чудо доколку успеат без мака да бидат во топ 4 освен ако не се случат некои супер засилувања.
Ама како поминува време, ништо чудно со Лукаку да биде истата ситуација како со Модриќ и Видал.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.021
valjda se zaebavas, taka ?
:)
Па за таа со Јуве може и да сум грешка ама за со Лацио 205%. Сеа ќе побараш докази, а нормално дека немам. Мое мислење во кое што сум прилично убеден дека е точно.
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.870
Па за таа со Јуве може и да сум грешка ама за со Лацио 205%. Сеа ќе побараш докази, а нормално дека немам. Мое мислење во кое што сум прилично убеден дека е точно.
не гледам како лацио од ова би имале корист, нарочито што секоја година имаат проблеми со трансфер буџет. Стварно нема никаква логика, плус, интер тој меч имаа 1 тон среќа, у прво дур водеа лацио имаа зицери, стативи, тоа едностанво не може да се режира а лесно можеа да имаат и 2 гола предност.
Единствена грешка на лацио тој меч беше што играа со де вриј.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.021
не гледам како лацио од ова би имале корист, нарочито што секоја година имаат проблеми со трансфер буџет. Стварно нема никаква логика, плус, интер тој меч имаа 1 тон среќа, у прво дур водеа лацио имаа зицери, стативи, тоа едностанво не може да се режира а лесно можеа да имаат и 2 гола предност.
Единствена грешка на лацио тој меч беше што играа со де вриј.
Па од каде знаеш дека немаше да заврши 2-0 2-3 на пример? Тоа никој не може да го знае. Имало еден куп такви битни мечеви.
Јас мислам дека местенката е падната многу одамна и е многу покомплицирана. Не е во игра само тој меч, туку и некои претходни киксови на Интер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom