@loophole, може треба ти и ја да продолжиме со расправијата уште неколку километри за да престанат да го бараат Син

Јест да нашето не е со ист квалитет ама можеме да парираме до некаде.
Инаку околу трансферов се надевам дека јуве ќе го соберат Лукаку затоа што премногу чини. Би бил среќен да го земат Кавани ама мислам дека тоа нема да се случи. Кавани е ѕверотиња, доволно е две години да игра, од тука во Џангсу Сунинг, се покриваат капитал геинс и чао рагаци.
Ова за Џеко не знам што те чуди, сите така прават, освен нас. Виде лани за Рафиња душата ни ја извади Барселона, не го пуштија а за такво не им требаше. Малколм го купија за 40, го цементираа на клупа и сега го продаваат за 45. Дибала не им е во никаков план на јуве а упорни се да му искешираат 100. Манчестер сака да извади за Лукаку колку што го плати, иако Солшер не го игра а и со помалку би биле во позитива. Џеко ти викаат 20, ако ви чини, иако е во војна со фановите таму итн итн... .
Само кај нас се прават вонредни напори да се избркаат играчи и по цена на губење пари (Најнголан), да не почнувам за другиот, да не ја отвораме таа врата