Многу глуп муабет е "баталете хелекси и чуда".
Мислам океј, факт е дека тие ствари се ХЕМИЈА, и доколку станете зависни би можеле да имате проблем. Ама тие од друга страна, се шанса за да можете колку толку (макар и како зомбиња) да функционирате во текот на денот, додека паралелно работите на себе.
Реално страшна ствар се АКО и само ако се стане зависен од истите и ако се земаат на долгорочен план во континуитет.
Ама морате да сфатите дека на човек кој до толку е анксиозен што неможе да функционира е тешко да има immediate импакт ако е физички активен или про-активен (у секоја смисла на збор), тешко дека демек еј ќе се истрчам, ќе исфурам една 10 минутна guided meditation, и толку чао пријатно анксиозност. Ова посебно е невозможно ако имаш проблеми со спиење. Ако анксиозноста ти се одразува на спиењето - тоа е next level shit. А многу често е тоа случај.
Доколку објективно сметате дека анксиозноста ви го има нарушено секојдневието и не можете да идете на работа/факс/школо, слободно пијте по препорака на доктор такви апчиња, и паралелно со тоа средувајте исхрана, вежбајте идете у природа и активно соочувајте се чекор по чекор со она што ве плаши/грижи и што ви ја предизвикува нелагодноста и нападите.
Бидејќи анксиозноста на моменти скроз ќе ве извади од такт и ќе ве напраи да бидете нефункционални, дајте си време и направете си добра стратегија и промена во навиките за како да искочите од истата.
Стварно неможе на некој што толку е анксиозен или депресивен да му кажуваш ај иди трчај ќе ти биде боље, кога тој во тие моменти се прашува за самата своја егзистенција и е целосно искочен од реалноста и од сопствените сетила (мисли на ствари кои се тотално нереални). Да не зборам за оние што имаат себеповредувачки или суицидални мисли. Кај таквите состојби МОРА лекарства иницијално, бидејќи тоа е длабока и напредна фаза, скроз комплицирана.
За месец-два е сосема океј да се пијат апчиња при тоа паралелно работејќи на себе и имплементирајќи ги сите оние веќе клише муабети кои толку страници се изнапишаа.
Реално пример медитацијата е стварно одржливо решение за излез од анксиозност, ама додека да стигне човек до тоа ниво да биде целосно "вземјен" и in the moment, време и време треба да помине.
И да, често пати самата неможност да функционирате ради анксиозноста, ве прави уште по анксиозни. Ќе почнете да мислите дека нема да можете да ги завршите обврските, дека ќе има некаков конфликт ради тоа,и уште повеќе ќе забегувате во ирационалности.
А проблемот е што кај нас има стигма - фармакомафија, хемија, зомбија, чуда... и некако сите се кријат и имаат предрасуди спрема некој што користи такви апчиња (а пола држава ги конзумира - парадокс тотален). Секако, тоа се опасни и зависни апчиња, ама служат за immediate relief, и не се одржливи на долг рок, и можам да кажам дека да не биле тие 1/2 месеци време додека да сменам многу нешта кај себе, денеска немаше да бидам тоа што сум. Да сум бил свесен, и при првите анксиозни напади да имав при себе хелекс, верувам и убеден сум дека проблемот немаше толку да се прошири и толку да трае, туку тоа ќе траеше многу кратко.
Како зомби може да функционираш до некаде, ама не и во ек на хардкор анксиозен напад.