Од прошлата год. некаде Март па до ден денес, неможе да се опoравам. Тахикардија „јака“, многу отчукувања, (понекаш толку јаки што мислам гради ке ми излезат - најчесто на промена на време), некаде во Февруари годинава морав да се проверам, ЕКГ-то ми беше во ваздух - 140b/s, измореност/напнатост, како да губам воздух, навечер дури така у дремка кога си, знам да станам нагло како да се гушам без воздух. И ред други работи..
Некогаш, еве на пример вчера и денес, се си е океј.. На Кардио после неколку тестови, ми рекоа нема од што да се плашам, да се навикнам на вакви ситуации и да пробам да се смирам психички (што и да значи тоа). Ми препишаа Деметрин(Demetrin/Prazepam), лабаво апче за анксиозност, кое (би требало) да се пие како терапија околу месец дена. Некогаш стварно не ми делува, ништо не ме смирува па полка диазепам зимам бар да заспијам.
Близок пријател, кардиолог во 8ми Септември ме тешеше со тоа како се повеќе и повеќе млади луѓе имале слични проблеми и дека треба да пробам да не „мислам“ на тоа и да не се устручавам да земам дијазепам доколку помогне во смирување (нормално нели, да не го искористувам па да се дрогирам ко луд). 25 имам иначе..