Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ако не побара сам трансфер ќе си се крева ценава.
 
Не знам за што преговара?
Гризман го завршија за 10дена,Хазард исто, колку бараат плаќаш и готово.
Да ми простете ама нашите се за е.ење не тие од Лестер.
Мегваер реално нема ништо освоено, оние гореспомемати 2ца барем имаат, на која основа ќе бараат 90м?
Освен што им се може, ама тоа не е професионално.
 
Па не било лесно да се договорат трансфери, се тврдеше. Што до некаде и е точно, особено за нашата управа.
 
Вака ако се курназат Лестер, треба да прешалтаат и да го земат Тоби, иако е краткорочно решение. Ама Вудвард и се е можно.
 
Последно уредено:
Ако тоа е тоа од трансфери за оваа сезона максимум ќе ни биде повторување на ланскиот "успех".
 
Гризман го завршија за 10дена,Хазард исто, колку бараат плаќаш и готово.

Гризман го договараа цела година а Азар мислам дека после 3 години успеаја да го земат.
 
Гризман го договараа цела година а Азар мислам дека после 3 години успеаја да го земат.
Jok, за 10 дена ги зеле, гледаш :) И тоа зборуваме за клубови што имаат што да понудат, ние освен финансии, не гледам што повеќе би понудиле. Нека се докаже Солскер сезонава и да се вратиме во ЛШ па ќе одат полесно работиве.

Солскер пред малце кажал дека треба да се донесат правилните играчи а не да скокаме од мета на мета, ова во превод е го сакам Мегваер а не Алдервирелд што до некаде и ми е разбирливо, за 2 сезони пак ќе треба да купуваме стопер.
 
Исто така кажа и дека е задоволен со тимов што го има моментално, или ми ти во превод, ако неатикатните во управа не успеат да договорат уште играчи, ја ке си ја сносам вината.
 
Па за тоа што е тешко да се финализираат трансфери!
Со овакви луѓе, под овакви услови 2-3 години се малку за да доведат 3 играчи.
 

Очекувано, Малок вели дека нема никаков интерес ни за двајцава и како што и дискутиравме, дека агентите и претседателите на клубовите сакаат да започнат некаква си аукција. Од 200 клуба, некој досега ќе ги земеше.
 
Не, само за нашите неспособни е толку тешко. Ситуацијата со Гризман и Азар никако не е иста. Гризман уште лани ќе отидеше у Барса, сам одлучи да остане у Атлетико ради банот. И не го договараа година дена. За Азар немаше место у Реал покрај Роналдо и Беил, така да никако не биле 3 години, туку пробаа само лани, али разликата е што не се натегаат ко Јунајтед тоа што го прави. Месец дена веќе се во преговори со Лестер и се уште нема ништо. Месец дена преговараа за Ван Бисака и на крај пак платија 50 миниони. Не ова само сега, од кога пезема Вудвард, секој трансфер е ваков. Поима нема човекот од оваа работа. Да не спомнам дека лани он одлучи дека Алдервирел, Мегваер и не знам кој уште беше на трансфер список, не се ништо подобри од моменталните Линделоф, Смолинг, Џонс, Рохо, Баји. Јунајтед има дупка у средина која мора да ја попуни со двајца играчи, еве бар еден нека биде, има дупка на десно крило години наназад, тешко дека и овој трансфер тоа ќе се среди. Ако го продаде Лукаку ќе треба замена да се бара за него. Ако е точно, а не не гледам зошто не би било, дека работат трансфер по трансфер, уште 5 периоди ќе му требаат на Вудвард да ги пополни дупките у тим, а за апгрејт на веќе постоечките да не збориме.
 
Па ги спомнав како пример Гризман и Азар со оглед на нивната афирмација и ниво, величина, и до некаде очекувано е да не биде лесно. А Мегваер е добар ама не е нивно ниво, а трае така подолг период. Мене почнаа да ми објаснуваат колку не разбирам за трансфери.
За тоа во првичниот пост пишав или луѓето од Лестер не се професионалци или нашите се за никаде.
 
Салах е најдобро десно крило во свет, после Меси. Ако овој има подобра техника од Салах, тука негде со Меси е.

Мора да си undercover скаузер, друго објаснување немам.

Manchester United want £5.4m to sell Matteo Darmian this summer (telegraph) #mufc https://t.co/zn9irpKgBh

Глупоста на Ед Факинг Вудвард.Лани се ценкаа бараше 12м а му нудеа италијаниве 10м.Годинава за 5м го шиткаат + плата за една година му дадоа.Легенда.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom