Лингард добил и дисциплинска од Оле поради незрело однесување кога се вратиле на тренинг, веројатно поради екцесите на Инстаграм![]()
Ваљда му се заканиле дека ќе му забранат да денса, па затоа трча ко коњ сеа.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Лингард добил и дисциплинска од Оле поради незрело однесување кога се вратиле на тренинг, веројатно поради екцесите на Инстаграм![]()
Нашите кога им гори под нозе, трчаат. Само што, прашање е дали ке можат ова ниво да го држат во поголемиот дел од сезоната.
Од тоа што се шпекулира за трансферите, Пепе, Мегваер и Фернандеш, јасно става до знаење дека Оле на пола тим не им верува.
Некои од трансферите кои се спомнуваат имаат смисла - играчите се достапни за реални цени, позиции кои ни се потребни, играчи кои се расположени за трансфер, пример Бруно Фернандеш, Николас Пепе. Ако се комплетираат овие трансфери, плус стопер (најверојатно Мегваер) тогаш летово ќе завршиме добра работа. На хартија изгледа возможно.
Не само со нас, и со Ливерпул и со Тотенхем мада со Тотенхем прекинаа откако овие си го купија Ндомбеле. Исто ако паметиш уште пред да заврши сезоната имаше новости демек готово, веќе и има потпишано со Сити ама се чека крајот да го објават.Фернандес и тој претседателот на Спортинг лиферуваат инфо по веснициве на скоро секои 3 дена за Јунајтед, само да му напумпаат цена. 90% од информацииве излегуваат од португалска страна.
Jaс пак баш сметам дека на Ливерпул им треба таков тип на играч на средина, што знае со топка, ама ништо чудно да форсираат со шпекулациите. Почна нервоза да ме фаќа малце со оглед на тоа дека останаа две недели од трансфер периодот а на нас сеуште ни фалат 2 или 3 играчи за да имаме конкурентна екипа. На крај може Оле да го изеде ради неспособната управа.Не само со нас, и со Ливерпул и со Тотенхем мада со Тотенхем прекинаа откако овие си го купија Ндомбеле. Исто ако паметиш уште пред да заврши сезоната имаше новости демек готово, веќе и има потпишано со Сити ама се чека крајот да го објават.
Баш со @Peja989 зборевме дека истиве статии ги има и за Ливерпул ама дека тие се стокмени на таа позиција не се интересни по медиуми и приказната уште од старт знаеш дека е боса шпекулација. Не велам сега дека нема никаков интерес, верувам дека играчов е скаутиран и на листа на можни решенија ама да бевме напалени по него како што се добива впечаток, досега ќе беше купен.