Мене ме изненадува, доколку се вистинити бројките, колкав раст на приходите има клубот овие неколку години. 460 милиони евра е блиску до приходите на Јуве, без да имаат свој стадион. Тоа е импресивно. Уште повеќе потврда дека пари за трошење ова лето има, прашање е само како ќе се потрошат. Екстремно битен трансфер период, ако заебат работа го враќаат Интер многу години наназад.
Иначе Конте се понаша како големо бебе. Требало да биде свесен дека не може секоја желба да му биде исполнета, Интер уште не е во таа категорија на клубови. Знаел уште пред да потпише со каков ростер си има работа, никој не го донесе тука со врзани очи. Патетично е во средина на јули да кука како да е помината пола сезона, бараш клубот да даде рекордни суми за играч кој моментално е на клупа, стрпи се малку. А и не знам колку е паметно да му се оди слепо по желбите за играчи на тренерот, посебно кога е Конте во прашање. Во Челзи носеше играчи како Дринквотер, Запакоста и Емерсон, Бакајко не го ни споменувам.
Изјавата на Марота што
@Vatren ја цитирал е пресмешна. Не биле спремни за промена на тренер и идеи, а он е тој кој ја донесе одлуката за промена на тренер, кој го направи најплатен тренер во Италија. Практично кажува дека самиот не знам што прави, или што му е поентата? Искрено, за сега во овој трансфер период прави некои чудни (да не речам аматерски) работи. Ова на непочната сезона, изгледа како и он и Конте да си бараат изговори. Немаат изговори, и двајцата се најплатени на својата позиција во Италија, едниот треба да состави шампионски тим, друг да го тренира до титула. За мене, се освен титула во следните две години е неуспех. Никој нема да го плаќа 12 милиони за да обезбедува ЛШ место. Тоа и Спалети го можеше за 1/3 од платата.
Денес има информација дека и Политано веќе не бил соодветен за плановите на Конте

. Скоро сите што играа нешто лани не се во плановите на клубот, фали уште Скриниар и Ханда да речат дека не одговараат на играта на Конте. Од друга страна Кандрева, Дамбросио, Гаљардини и Весино се во ред.

Ич не ми е јасна стратегијата. Затоа секогаш викав дека треба прво да се состави тим со квалитет за титула, па после да се донесе тренер за титула. Се избегнува ваков хаос, со од корен менување на идентитетот на тимот.