Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.469
Поени од реакции
7.802
Јако е чувството кога те цитира игнориран член... Помалку токсичност во темава... Поготово за Икарди и 'неспособната' управа.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.398
Поени од реакции
11.878
Претпоставувам дека ќе се мачиме до пола сезона, после тоа ќе фатиме ритам и ќе завршеме 3-4ти. Со тоа повторно ќе има хајп овде како се чека 1ви јули и доџите сад. Буквално онаа иста ситуација како и пред 2 месеци. Сезоната после тоа никој не знае што ќе се случува со нас, ама голема е можноста да го бојкотираат Конте, оти тој ќе биде крив за немрднувањето.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
5.137
Поени од реакции
6.585
Ako nisto drugo barem imame trener so muda koj na igracite direktno im kazuva ili igraj toa sto go baram ili goni se u pm.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.992
Поени од реакции
23.988

Нови имиња во списокот на Аусилио и Марота.

Реални се овие опции после изјавата на Конте, иако мислам дека тешко ќе се купува од Челзи сезонава со оглед на тоа што имаат забрана за трансфер.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.344
Поени од реакции
6.028
h
Све е ова убаво брату ама ти ја гледаш едната страна од приказната.
Што правиме ако Конте е безобразно излажан?Што ако му се ветени играчи по негов терк(лукаку и кој ти ја знам),а не му се донесени и абер нема дека ќе му се донесат?
Па тогаш да бидиш сигурен дека Конте ќе ја летни од тимот, дури и непочната сезоната.

Од Јуве замина крајот на Јуни месец сред подготовки зошто не му го купија Квадрадо а му го ветија.

Јас почитувам искрено такви тренери што знаат што сакаат. Си имаат одредена замисла и цел. Кога за неуспех прв кривец е тренерот, тогаш донеси му ги играчите што ги бара и барај отчет за евентуален неуспех. А не купувај треторазредни играчи и очекувај од тренерот со волшебно стапче да ги направи шампионски тим од чета на просеци.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.269
Поени од реакции
10.377
Marotta: “We are a bit off this year because it’s the year of change with coach Conte and his new ideas. Next year, we will be ready and more aligned.”
Дечки, без паника. Мало недоразбирање, многу неспремни ги фатило ова со Конте. Само пола година знаеја дека ќе доаѓа. Затоа следната ќе си газиме.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Мене ме изненадува, доколку се вистинити бројките, колкав раст на приходите има клубот овие неколку години. 460 милиони евра е блиску до приходите на Јуве, без да имаат свој стадион. Тоа е импресивно. Уште повеќе потврда дека пари за трошење ова лето има, прашање е само како ќе се потрошат. Екстремно битен трансфер период, ако заебат работа го враќаат Интер многу години наназад.

Иначе Конте се понаша како големо бебе. Требало да биде свесен дека не може секоја желба да му биде исполнета, Интер уште не е во таа категорија на клубови. Знаел уште пред да потпише со каков ростер си има работа, никој не го донесе тука со врзани очи. Патетично е во средина на јули да кука како да е помината пола сезона, бараш клубот да даде рекордни суми за играч кој моментално е на клупа, стрпи се малку. А и не знам колку е паметно да му се оди слепо по желбите за играчи на тренерот, посебно кога е Конте во прашање. Во Челзи носеше играчи како Дринквотер, Запакоста и Емерсон, Бакајко не го ни споменувам.

Изјавата на Марота што @Vatren ја цитирал е пресмешна. Не биле спремни за промена на тренер и идеи, а он е тој кој ја донесе одлуката за промена на тренер, кој го направи најплатен тренер во Италија. Практично кажува дека самиот не знам што прави, или што му е поентата? Искрено, за сега во овој трансфер период прави некои чудни (да не речам аматерски) работи. Ова на непочната сезона, изгледа како и он и Конте да си бараат изговори. Немаат изговори, и двајцата се најплатени на својата позиција во Италија, едниот треба да состави шампионски тим, друг да го тренира до титула. За мене, се освен титула во следните две години е неуспех. Никој нема да го плаќа 12 милиони за да обезбедува ЛШ место. Тоа и Спалети го можеше за 1/3 од платата.

Денес има информација дека и Политано веќе не бил соодветен за плановите на Конте :pos:. Скоро сите што играа нешто лани не се во плановите на клубот, фали уште Скриниар и Ханда да речат дека не одговараат на играта на Конте. Од друга страна Кандрева, Дамбросио, Гаљардини и Весино се во ред.:facepalm: Ич не ми е јасна стратегијата. Затоа секогаш викав дека треба прво да се состави тим со квалитет за титула, па после да се донесе тренер за титула. Се избегнува ваков хаос, со од корен менување на идентитетот на тимот.
 
За Политано не знам што те чуди од авион се гледаше дека не е за Интер, поготово за Конте кој не игра со напаѓачки крила туку со wingbacks. Meне не ми е јасно зашто пукнаа без врска 30 милиони освен ако не го продадат за 40 што е тешко.

Мене друго ме чуди, како не му одговара Перишиќ, пред тоа рака ќе сечев дека ќе му биде омилен, ликот секад покривал во одбрана и во просек со Брозо најмногу имаа истрчано.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.683
Поени од реакции
59.832
@loophole, мене ништо не ми е јасно и се надевам дека има пилот во авионот. Пред некое време кога почнав да пишувам со скептицизам за работите, на социјалните мрежи владееше општо воодушевување од Марота/Конте и силен оптимизам. Денес отворам да прочитам нешто и како да отворив портал од друга димензија. Не скептицизам, општа хистерија владее во Интер универзумот.

Само Син си остана доследен, рече човекот: Конте е тука, Марота е тука, ја ќе си го ладам... и си го лади некаде, ние овде се замараме :pos:

Не знам што да речам. Клубот одлучи да се ослободи од двете најзвучни имиња и јавно да објави, девалуирајќи им ја цената. На сред подготовки, Конте се откажува од играчот за кој сите мислевме дека ќе се препороди под негово водство. Лани имавме најдобра или втора најдобра одбрана во лигата, а годинава го учиме Скринијар да игра во одбрана со тројца. Чепкаме во најсилниот дел од екипата. Форсирајќи го новиот систем по секоја цена и Политано станува вишок, а вчера го откупија...

На крај од оваа ситуација клубот ќе мора

1. или да продаде играчи под цена и да ги преплати засилувањата, бидејќи сите знаат дека сме во дно позиција,

2. или да останеме со 1-2 дупки во тимот и да одиме на варијантата дека Конте и Марота ни се најголеми засилувања.

Второто е поверојатна опција според мене.
 
Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.276
Поени од реакции
13.238
Абе ја коа зборев претерував,песимист сум бил,не сум разбирал...

Незнам само како Конте не знаеше во што се впушта.
А и не ме чуди да се има заштитено некои клаузули и да ја летне со пуни куфери пари ако не му ги исполнат трансфер желбите.

Незнам за вас ама јас горам од желба да ги прочитам оправдувањата на @Syn за задњиве циркузи што ни ги приреди по кузнае кој пат управава .

Sent from my SM-G955F using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom