@Dee_Jay, никој нема факти, имаме само различни погледи на настаните кои се случија, ги мешаме со малку претпоставки и логика и си правиме ментална гимнастика за да заборавиме што (не) се случува на терен.
@loophole, добро што си се потрудил преку футбол италиа, ама таму има само мал дел од сето она што излегуваше на дневна база. Затоа имаш пропуштено или заборавено многу изјави и случувања. Само во делот на договорот да ти кажам дека Интер никогаш не мрдна од 7м нагоре а овој им бараше 9м. После во јавност Перо Помош ти вика дека му понудиле (ѓубре) договор и малиот е крив што не го прифаќа. Патем, му бараа и да се тргне клаузулата. Со кој памет бараа да се тргне клаузула од 110 милиони и ја не знам, за колку мислеа да го продадат? И која е потребата да се натегаш година дена за 1 милион и да се доведеш во ситуација да го продаваш играчот а неговата замена да ја плаќаш 9м? Тоа од принцип некој...
Не сакам јас да ги насликам како аматери ама не можам да најдам никаква економска оправданост во нивниве потези година и кусур наназад.
Тука ќе завршам со што било како било со Икарди, се додека не заврши трансфер летово, затоа што ги напнавме сите на форумов
Иначе колку е тешко да најдеш и зачуваш оригинална изјава види по пресот на Конте. Завчера беше а луѓево не можат да се договорат што рекол и што мислел

Во меѓувреме Перишиќ е прозван дека не се прилагодил на новата улога и дека може да игра само напаѓач

по што утрово читав дека и тој сака да си ги пакува куферите. До сега барем го знаеме како лик кој не сака многу да се зборува за него по медиуми

Исто и како лик кој секој трансфер рок, летен или зимски, очајно се обидува да си замине.
Се разбира најдобро е да зборуваме за трансфер рокот кога ќе заврши, ама во моментов имаме многу тешка ситуација:
- Икарди и Најнголан се аут
- Перо е на пат да им се придружи
- Никој не сака да ни купи играч
- Екипата се подготвува без напаѓачи
- Дури и да дојдат Лукаку и Џеко, ништо не сме направиле да го решиме најголемиот проблем - средината.
- Конте енд Далберт ар нао ин а рилејшншип
- Дефеза а тре.
Четврто место ќе биде премија оваа година.