Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.826
Поени од реакции
17.774
Утре и Јувентус ќе е во исто светло против Тотенхем. Мислам дека доста порано им почнаа подготовките на тимовите од премиер лига, сосема нормално е. Во лето под конте изгледавме како Пиаченца, пособено првото лето.
 
Член од
16 јули 2019
Мислења
113
Поени од реакции
189
Овој Јунајтед лани заврши на 6то место и не игра во ЛШ.
Овој Јунајтед е со исклучок на позицијата на Шкрињар подобар на секоја друга позиција во тимот од Интер. Ниту еден друг играч на Интер освен Шкрињар не би можел да фати место во нели, ОВОЈ Јунајтед.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Очите ми истекоја од дресојте.....и не знам што се губите..пријателски натпревар на сред лето со измешани состави и измешани формации го земате за репер.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
@loophole, да те спасам од натпреварот што го гледаш :)


Следи една попара од цитати ама морав така, некои работи се повторуваат, јбг:


Хронологијата е од официјални изјави и официјални одлуки на едната и другата страна, ништо друго.
За жал немам букмаркс зачувано за да те демантирам, а бидејќи текстовите беа во главно италијански не можам да ги изгуглам. Во секој случај од она што го читав во тоа време имаш пропусти во хронологијата, а некои работи се претпоставки. Еве:

Ај да се потсетиме на хронологијата на настаните малку. Прва изјава на Ванда, само неколку дена откако Аусило изјавува дека во тек се преговори за нов договор, јавно, без никаква причина изјавува дека немаат никаква понуда добиено од клубот, дека немаат ни еден состанок одржано и индиректно дека клубот ги лаже (да се создаде престава дека клубот е несериозен и не го цени Икарди). Никаква реакција од клубот.
Имаше артикли во тоа време дека ќе дојде до состанок оваа среда, следниот петок... а Аусилио беше зафатен. Класично мафтање за да помине време, на 3-4 закажувања еднаш ќе се видат. Во еден момент оваа реагираше дека два месеци ги мафта Перо Помош. Имаше изјава негова дека бил многу зафатен. Немам зачувано ништо, ама го следев ова. Не е Перо така наивен :)

Патем, болдираното е претпоставка, не знаеме дали имала некаква намера или била исфрустрирана што не ја играат.

Втора изјава, повторно неиспровоцирана, Интер и Јуве во текот на летото преговарале за продажба на Икарди, а Икарди не прифатил (да се создаде престава дека менаџментот, Аусило и Марота, е некомпетентен и се предавници).
Повторно, можеби е така, но имаш и изјава од новинар дека преговори имало и Икарди одбил и изјава од Перо Помош дека ќе разговараат и неколку сајтови кои пренесуваа дека таму и таму има средба помеѓу клубовите... факт е дека се разговараше, а дали тој одбил или не, не е факт.


Повторно никаква реакција од клубот. Трета изјава, отворен напад кон тренерот на тимот и изјава дека соиграчите од тимот не се доволно квалитетни, со потенцирање на “оние што му делат топки на Икарди“ значи меѓудргото Перишиќ, Наинголан, односно најплатените после него.
Јас никогаш не ја слушнав изјавата (се обидов да најдам видео) а ја прочитав во многу различни верзии. Од она што се пишуваше, изјавата е дадена во афект кога се брани од вербални напади на соговорниците, и оди нешто како: „би се согласил на помала плата да има некој да му даде саглам крос“ мислејќи на Перо (кој и самиот се пронајде во изјавата). Во тие моменти Перо во два месеци го немаше најдено Икарди два пати. Секако не е на место изјавата, не ја бранам, само сакам да потенцирам дека се однесува на еден играч и не е дадена со умисла туку во расправија. Ние не знаеме колку од соиграчите биле револтирани од оваа изјава, освен Перо и брат му Брозгара. Реакцијата на играчите на натпреварот со Џенова, прославата на голот на Политано додека Икарди беше казнет... и контрираат на медиумската слика дека малиот е општо омразен во соблекувалната.

*Ова со изјавата со резерва го кажувам, пак ќе повторам, ја немам слушнато. Не дека разборам Италијански како Бене ама барем да видам во што атмосфера е дадена. Мене ми менува тоа, некому можеби не.

на 22 години беше ставен капитен на клубот, откако отворено и се закануваше на навивачката група на тимот,
Не се сеќавам најдобро за ова ама мислам дека прво беше ставен за капитен, подоцна му излезе автобиографијата (заради пишување автобиографија на 22 години требаше да го избркаат :pos: ) и таму не се заканува на К.Норд туку објаснува за некој инцидент од минатото и како незрело реагирал. Во медиумите заврши цитатот и тоа ескалираше инстантно.

За тоа зошто изјавија отворено дека е на продажба, искрено и јас не знам. Јас зборам за перидот додека да се донесе одлука дека Икарди ќе се продава ова лето. Оваа одлука јавно да се каже дека е на трансфер листа, ќе давам коментар откако ќе заврши трансфер периодот и ќе видам каде е продаден и кој е купен како замена.
Ти можеби ќе почекаш ама на Конте не му е повеќе до чекање :pos: Не најдов и тоа да те цитирам а сакав кога го пиша, дека еве веќе втор тренер по ред не го сака Икарди. Конте го потврди мојот став дека одлуката да не се смета на Икарди и Најнголан е на клубот и тој ја прифача од старт (кажано му е). И сега е исфрустриран затоа што треба да игра со деца. Еве за вас што форсирате дека Интер требало да се срами од ова и од она... не е срамота еден напаѓач да немаме на припреми? Професионална екипа приморана со деца да игра.


Значи да сумирам, не требало да му ја одземат лентата на Икарди, без разлика на изјавите на Ванда и ситуацијата ќе деескалирала, така?
Ситуацијата ескалираше со одземањето на лентата. Не знаеме што било предходно, дали имало Бунт на бродот Баунти, дали пола од играчите мрчеле или само Екс-Ју кланот. Тоа се претпоставки, не знаеме, вие ги терате како факт следејќи ја логиката: да не биле сите против Икарди немало да му одземаат лента. Не знаеме дали било така. Знаеме што се случи откако му ја одзедоа.

Друга работа, од кај знаеш дека Ванда ќе престанеше со изјави. Што ако си продолжеше, па секоја недела даваше оценки на тоа глупата емисија кој како изиграл, кој колку не му помогнал на Икарди, да изнесува детали од соблекувална, можеби дека и сопствениците се срање, не само соиграчите и тренерот. Има некоја линија, после која ти би сметал дека е оправдано да се реагира? Или без разлика на што Ванда и Икарди би направиле, клубот да чека до лето и да се понаша како ништо да не се случило?
Еве на пример откако се врати Икарди во тимот немаше никакви непријатни изјави. Што значи дека не било невозможно да се најде компромис и порано.

И на крајот ќе се согласам дека има линија која не може да се премине ама сметам дека не беше премината и можеше да се оди со поблаги мерки како цементирање на клупа 2-3 натпревари и опомена пред одземање на лента (мислам дека не и имаа дадено според реакцијата и се што се случуваше тие денови по одземањето но и тоа е претпоставка од моја страна).

Исто мислам дека да беше клубот поразумен сега ќе имавме:

А) Задоволен играч и капитен со плата од 8.5м
Б) Играч со откупна клаузула од 110м која веројатно ќе ја кешираа летово
В) Пари за нов напаѓач и остаток за нешто во среден ред.

На прашањето: зошто мислиш дека ако му дадеа 8.5 оваа ќе престанеше да зборува, не знам што да одговорам. Видете точка Б. :)

Јбг, не те спасив од натпреварот. Примивме некој гол или 0-0?
 
Член од
6 април 2014
Мислења
5.137
Поени од реакции
6.585
Kakvi inter kakvi gomna awe decata na junajted im prodavat lekci po fudbal na nasite kopita koi neznaat edna akcija da napravat. Inter da igra vo premier ligata ke se bori za opstanok.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Овој Јунајтед е со исклучок на позицијата на Шкрињар подобар на секоја друга позиција во тимот од Интер. Ниту еден друг играч на Интер освен Шкрињар не би можел да фати место во нели, ОВОЈ Јунајтед.
Подобар ростер имаат севкупно, ама не е толкава разликата. Линдгард, Линделоф, другиот централен, па и Марсијал се страшно просечно играчи. Погба, Рашфорд, Матич и Шо се топ играчи нема збор.
Очите ми истекоја од дресојте.....и не знам што се губите..пријателски натпревар на сред лето со измешани состави и измешани формации го земате за репер.
Репер е за квалитетот на играчите. Нападот ќе биде подобар, дефинитвно. Меѓутоа средината не импресионираше баш.
Денес беа лоши, за понатаму ќе видиме.
 
Член од
16 јули 2019
Мислења
113
Поени од реакции
189
Подобар ростер имаат севкупно, ама не е толкава разликата. Линдгард, Линделоф, другиот централен, па и Марсијал се страшно просечно играчи. Погба, Рашфорд, Матич и Шо се топ играчи нема збор.
А кои се топ играчи во Интер што секој клуб би ги посакал?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595

Јас никогаш не ја слушнав изјавата (се обидов да најдам видео) а ја прочитав во многу различни верзии. Од она што се пишуваше, изјавата е дадена во афект кога се брани од вербални напади на соговорниците, и оди нешто како: „би се согласил на помала плата да има некој да му даде саглам крос“ мислејќи на Перо (кој и самиот се пронајде во изјавата). Во тие моменти Перо во два месеци го немаше најдено Икарди два пати. Секако не е на место изјавата, не ја бранам, само сакам да потенцирам дека се однесува на еден играч и не е дадена со умисла туку во расправија. Ние не знаеме колку од соиграчите биле револтирани од оваа изјава, освен Перо и брат му Брозгара. Реакцијата на играчите на натпреварот со Џенова, прославата на голот на Политано додека Икарди беше казнет... и контрираат на медиумската слика дека малиот е општо омразен во соблекувалната.

*Ова со изјавата со резерва го кажувам, пак ќе повторам, ја немам слушнато. Не дека разборам Италијански како Бене ама барем да видам во што атмосфера е дадена. Мене ми менува тоа, некому можеби не.

Да се надоврзам на муабетот, пример во НФЛ ова не е непознато, и не се сфаќа трагично.
[URL]https://www.businessinsider.com/tom-brady-contract-discounts-patriots-bargain-2018-7[/URL]

Мислам дека и во писмото од Икарди имаше слична поента, дека играл испод платата која ја заслужувал и дека сега требаше да го наградат.

Шо знам, Интер не искочи со никакво соопштение, излезе само Икарди. Мислам дека кога ќе одземеш капитенска лента треба да дадеш и објаснување.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.826
Поени од реакции
17.774
https://derbi.mk/nezadovolniot-konte-na-vonreden-sostanok-rakovodstvoto-na-inter/?fbclid=IwAR3ii8gIs8-sFbst2cPzHqCy0-68i6KimrsH-qfUvWkt-k1Irq8gaq9m2Kk
Види го конте глупиот што вика?
Ни он не знае дека све што посака му е донесено :sramezliv:
@Trolejbus
И според Италијанците го имало истиот

https://app.football-italia.net/index.htm#article/footballitalia-141007&menu=news-all

Си плачи по навика за вакви работи и на прес ќе изјавува дури не му купат. Тоа е Конте.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.469
Поени од реакции
7.803
https://derbi.mk/nezadovolniot-konte-na-vonreden-sostanok-rakovodstvoto-na-inter/?fbclid=IwAR3ii8gIs8-sFbst2cPzHqCy0-68i6KimrsH-qfUvWkt-k1Irq8gaq9m2Kk
Види го конте глупиот што вика?
Ни он не знае дека све што посака му е донесено :sramezliv:
@Trolejbus
Ериксен и Хамес готово... Па се разбира дека ќе сере кога го сака Лукаку одма, вашата ноќна мора, без напаѓачи е пола припреми плус сака да се отараси од Икарди и Нианголан, баш акцентот го ставил на продажбата.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.276
Поени од реакции
13.238
Ериксен и Хамес готово... Па се разбира дека ќе сере кога го сака Лукаку одма, вашата ноќна мора, без напаѓачи е пола припреми плус сака да се отараси од Икарди и Нианголан, баш акцентот го ставил на продажбата.
Aбе ти можеш до сабајле сеа да спинуваш ама тоа си е твое.Чоекот си кажа дека е незадоволен до сеа како се одвиваат работите.Он не знае дека ти поише од него ги знаеш неговите желби :D
И не се брукај со Ериксен - класа погоре (ако не и 2) е за сите инвалиди у нашава мизерија од средина и е баш тоа што му фали на Интер.2 додавања неможеа да врзат,глеав со друштво,потонав од срам.
Хамес никад го неам спомнато,мада и он е доктор за нашиве гниди.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
@loophole, да те спасам од натпреварот што го гледаш :)


Следи една попара од цитати ама морав така, некои работи се повторуваат, јбг:




За жал немам букмаркс зачувано за да те демантирам, а бидејќи текстовите беа во главно италијански не можам да ги изгуглам. Во секој случај од она што го читав во тоа време имаш пропусти во хронологијата, а некои работи се претпоставки. Еве:


1. Имаше артикли во тоа време дека ќе дојде до состанок оваа среда, следниот петок... а Аусилио беше зафатен. Класично мафтање за да помине време, на 3-4 закажувања еднаш ќе се видат. Во еден момент оваа реагираше дека два месеци ги мафта Перо Помош. Имаше изјава негова дека бил многу зафатен. Немам зачувано ништо, ама го следев ова. Не е Перо така наивен :)

Патем, болдираното е претпоставка, не знаеме дали имала некаква намера или била исфрустрирана што не ја играат.


2. Повторно, можеби е така, но имаш и изјава од новинар дека преговори имало и Икарди одбил и изјава од Перо Помош дека ќе разговараат и неколку сајтови кои пренесуваа дека таму и таму има средба помеѓу клубовите... факт е дека се разговараше, а дали тој одбил или не, не е факт.



3. Јас никогаш не ја слушнав изјавата (се обидов да најдам видео) а ја прочитав во многу различни верзии. Од она што се пишуваше, изјавата е дадена во афект кога се брани од вербални напади на соговорниците, и оди нешто како: „би се согласил на помала плата да има некој да му даде саглам крос“ мислејќи на Перо (кој и самиот се пронајде во изјавата). Во тие моменти Перо во два месеци го немаше најдено Икарди два пати. Секако не е на место изјавата, не ја бранам, само сакам да потенцирам дека се однесува на еден играч и не е дадена со умисла туку во расправија. Ние не знаеме колку од соиграчите биле револтирани од оваа изјава, освен Перо и брат му Брозгара. Реакцијата на играчите на натпреварот со Џенова, прославата на голот на Политано додека Икарди беше казнет... и контрираат на медиумската слика дека малиот е општо омразен во соблекувалната.

*Ова со изјавата со резерва го кажувам, пак ќе повторам, ја немам слушнато. Не дека разборам Италијански како Бене ама барем да видам во што атмосфера е дадена. Мене ми менува тоа, некому можеби не.


4.Не се сеќавам најдобро за ова ама мислам дека прво беше ставен за капитен, подоцна му излезе автобиографијата (заради пишување автобиографија на 22 години требаше да го избркаат :pos: ) и таму не се заканува на К.Норд туку објаснува за некој инцидент од минатото и како незрело реагирал. Во медиумите заврши цитатот и тоа ескалираше инстантно.


5. Ти можеби ќе почекаш ама на Конте не му е повеќе до чекање :pos: Не најдов и тоа да те цитирам а сакав кога го пиша, дека еве веќе втор тренер по ред не го сака Икарди. Конте го потврди мојот став дека одлуката да не се смета на Икарди и Најнголан е на клубот и тој ја прифача од старт (кажано му е). И сега е исфрустриран затоа што треба да игра со деца. Еве за вас што форсирате дека Интер требало да се срами од ова и од она... не е срамота еден напаѓач да немаме на припреми? Професионална екипа приморана со деца да игра.



6. Ситуацијата ескалираше со одземањето на лентата. Не знаеме што било предходно, дали имало Бунт на бродот Баунти, дали пола од играчите мрчеле или само Екс-Ју кланот. Тоа се претпоставки, не знаеме, вие ги терате како факт следејќи ја логиката: да не биле сите против Икарди немало да му одземаат лента. Не знаеме дали било така. Знаеме што се случи откако му ја одзедоа.


7.Еве на пример откако се врати Икарди во тимот немаше никакви непријатни изјави. Што значи дека не било невозможно да се најде компромис и порано.

И на крајот ќе се согласам дека има линија која не може да се премине ама сметам дека не беше премината и можеше да се оди со поблаги мерки како цементирање на клупа 2-3 натпревари и опомена пред одземање на лента (мислам дека не и имаа дадено според реакцијата и се што се случуваше тие денови по одземањето но и тоа е претпоставка од моја страна).

Исто мислам дека да беше клубот поразумен сега ќе имавме:

А) Задоволен играч и капитен со плата од 8.5м
Б) Играч со откупна клаузула од 110м која веројатно ќе ја кешираа летово
В) Пари за нов напаѓач и остаток за нешто во среден ред.

На прашањето: зошто мислиш дека ако му дадеа 8.5 оваа ќе престанеше да зборува, не знам што да одговорам. Видете точка Б. :)

Јбг, не те спасив од натпреварот. Примивме некој гол или 0-0?
Натпреварот беше мачење, ама ништо ново. :)

Ти мене ме обвинуваш дека ги презентирам Ванда и Икарди како некакви Бони и Клајд мастермајнди, ама од друга страна ти ги презентираш како наивни Ивица и Марица, кои се фрлени во злобниот свет на фудбалот каде сите сакаат да ги експлоатираат. Перо не е наивен, ама уште помалку наивна е Ванда. Типката по кариера е старлета што како лош вирус се закачува на богати спортисти, има подобар бизнис њух од сите нас тука заедно. :) И мојата и твојата интерпретација на нејзините намери се претпоставка, ти претпоставуваш дека е само кутра емоционална жена. Јас не, мислам дека е многу поискалкулирана, а претпоставката ја влечам од контекстот. Само не е доволно паметна, па единствено што прави е, непотребни проблеми и штета за двете страни. Ти си се расцитирал, јас ќе ги пишувам по точки работите, зошто ме мрзи на делови да го делам постот.

1. Зошто ти не најде цитати, јас се потрудив да најдам од футбал италија, за да ја расчистиме хронолигијава.
Некаде на крај на месец октомври Перо Помош (одличен превод :pos:) им дава официјална понуда за нов договор на Икардевци. Имаше изјава од тој период од него, меѓутоа тоа не можам да го најдам, еве линк од изјава од некој месец после тоа, кога потврдува дека имаат испратено официјална понуда за нов договор. “I have been very honest, I said how things stand. Icardi received a new contract two years ago and signed it. The most recent proposal was two months ago, he received it and at this moment has not accepted.“
https://www.football-italia.net/132210/ausilio-icardi-received-inter-offer
Исто така и Икарди во неколку наврати изјавува дека се преговара и дека се блиску до договор. Во меѓувреме дава неколку голови во ЛШ. Во средина на декември Ванда како тинејџер пишува на социјални медиуми дека разгледува нов предлог за договор, кој после вика дека наводно бил за договор со Најк.
https://www.football-italia.net/132050/icardi-ready-sign-inter-deal
Сеедно, после неколку дена ја дава оваа изјава,
“Icardi is a footballer whose quality can’t be disputed. His contract must be renewed, period.
“The market? It’s better if I don’t talk about it, although it makes me laugh when I hear that Icardi isn’t on the market.
“You saw how much I wanted us to go through and how much I cried. Inter’s offer doesn’t exist. I have to sit down and talk to them and I haven’t done that yet“. (Паѓа во вода муабетот дека се ова не е за нов договор)
https://www.football-italia.net/132188/inter-wanted-sell-icardi-juve
Тоа ги накурчува Помош и Занети, па Перо ја дава горната изјава, а Занети оваа https://www.football-italia.net/132249/zanetti-snaps-back-icardi-agent. Никаква друга реакција.

2. Во исто време, на 18 декември, го изјавува тоа дека Интер сакал да го продаде Икарди во Јуве, ама Икарди одбил. Во времето кога тоа се случувало спортски директори на Јуве и Интер се Марота и Аусило. Они го негираат тоа:
https://www.football-italia.net/132220/marotta-juve-only-asked-after-icardi
https://www.football-italia.net/132210/ausilio-icardi-received-inter-offer
Бонус: изјава од Паратичи кој е исто човек за трансфери во Јувентус.
“The action we took was to inform them that if Icardi were to change club, Juve could well be interested. These are things that all clubs do with many players during the transfer sessions.
https://www.football-italia.net/134820/paratici-icardi-and-zaniolo
Никаде дека Интер прифатил и дека Икарди одбил трансфер. Ова се изјави од официјални преставници на двата клуба, кои би преговарале во тој момент. Ванда може што сака да тврди, а ако веќе збориме за претпоставки, нема поголема препоставка од тоа да им се верува на двајца новинари кои тврдат дека се било договорено, само Икарди одбивал. Дури и да било така, тие работи не се изнесуваат во јавност од рандом причини, освен ако се лажеме двајцата дека нема задна намера.
Пак никаква реакција од клубот.

После, на почеток на 2019 година, Икарди самиот пишува тинејџерска порака дека Интер треба да му даде вистинска понуда, а не да се шират лаги за него и слично.
https://www.football-italia.net/133072/icardi-truth-will-come-out-when
Веднаш после тоа, доаѓа симболичната казна за каснење,

3. Абе дадена во афект, што пиштоли да не имала вперено во глава додека изјавува? :pos:Премногу непотребни гимнастики правиш. Не е мало дете, “професионален“ агент е. Еве ја изјавата, како е пренесена на англиски.
“I would like for Mauro to be better protected by the club. It’s hard to tell if the mean and untrue rumours come from within or outside the club.
If I had to choose between a new contract and the arrival of someone who will give Icardi five decent passes per game, I’d prefer the latter.
https://www.football-italia.net/134811/wanda-icardi-distraught-armband
Ова го вклучува цел тим, не само Перишич. Не му дава само Перишич топки, тоа им е работа и на Политано, Наинголан, Брозович, Весино. Во истата изјава му дава совети на Спалети дека треба тимот да му дава повеќе топки на Икарди и да игра со двајца напаѓачи.
Колку тимот го сака, се гледаше и преку тоа што Перишич, Политано и Наинголан си ја префрлаа топката последните два месеци од сезона, наместо да пробуваат да го најдат Икарди во 16ик (што не е за оправдување). Ако ова не ти било страшно, претпоставувам дека не би ти било страшно и агентот на Перишич да дадеше изјава дека Перишич немал повеќе асистенции зошто Икарди промашува зицери? Или тогаш би требало да реагира клубот? :)
После ова доаѓа одземањето на лентата, што за мене е симболична казна, и платениот одмор. Ни го казнија парично, ни го седнаа на клупа некој натпревар.
4. Никој не вика дека требало да го избркаат ради автобиографијата. Само аргумент против тврдењето дека Интер не го ценел доволно Икарди. Клубот буквално по гз му одеше 5 години. Ако бил капитен уште повеќе оди во прилог на тој аргумент. Ќе донесам 100 луѓе од Аргентина и ќе ги успоубијат сите, што е за тебе ако не е закана? Дури и да било само раскажување на некоја случка, која е потребата да го ставаш тоа во книга.

5. Клубот цел трансфер пазар го базира на желбите на Конте. Ако толку сакал да остане Икарди, ќе го ставел како услов за да потпише, штом инсистира толку на Лукаку тогаш е ок со продажбата. Сега цел клуб ќе ја игра јавно блејм гејм, не сум јас он е. Факт е дека клубот го става на проажба, а Конте нема ништо против. Иначе, не можам да коментирам за нешто што не се случило. И јас мислам дека немаше потреба јавно да се изјавува дека е на трансфер листа, ама ќе видиме што ќе биде до крај.
6. Јас не викам дека му ја одземаа ради бунт на другите играчи, да не си ме помешал со некој друг. Јас викам дека му ја земаа заради изјавата која горе ја цитирав. Агент на капитен да изјавува дека соигрчите не се доволно добри за него е преседен, дај ми друг таков пример. Јас не знам друг пример за обичен играч да изјавува, не капитен. Мора клубот како организација да почитува некои стандарди на однесување, не е ова локална трафика. Ако Ванда не може да се контролира, нека не искача на телевизија, во спортивно ќе остане без лента.
Исто е претпоставка дека немало да ескалира ситуацијата понатаму ако не му ја земеле лентата. Ако викаш дека другата алтернатива беше подобра, треба да видиме што можело да се случи ако таа се изберела, во моментот кога се бирало.
7. Од кога се врати, се знаеше веќе дека ќе биде продаден на лето. Преговорите за нов договор беа готови, немаше на кој во Интер да се покажува сила.
И јас мислам дека Интер ќе ги имаше тие три работи што си ги напишал, ако Икарди и агентот беа малку попрофесионални и со малку повеќе такт. Така можеби и ние ќе добиевме некоја убава сума од тим ко Реал и он ќе добиеше подобар клуб и подобра плата. Вака остава имиџ на профил на фудбалер со кои најголем дел од тимовите не сакаат да си имаат работа. За мене одземање на лента е многу поблага санкција од седнување на клупа неколку натпревари. Мислиш дека поблаго ќе реагираше ако не го повикаа во тимот неколку натпревари? :pos:Човекот мртов-ладен не си дојде на тренинг после земањето на лентата, па клубот јавно го молеше да дојде да тренира. (веројатно сега пак ќе ми речеш дека се ова се претпоставки, ќе ги гушнеше сите ако го оствеа дома :)). Да потсетам, Наинголан и Перишич паузираа натпревари, Наинголан и беше казнет кога они ги кршеа правилата. За разлика од Икарди, наведнаа глава и како професионалци продолжија да тренираат, не си отидоја дома и преку социјални медиуми да тераат правда. Технички, ти мислиш дека Икарди требаше да има преференцијален третман. Јас мислам дека тоа е причината зошто еден куп на играчи си го сваќаа играњето за Интер како излет. Или има некаква хиерархија и правила, или некој нема да го ебе и Марота и Помош и тренерот.

Ух, се изморив упм.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
5.137
Поени од реакции
6.585

Kajgana Shop

На врв Bottom