Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Со случајов Рекет уствари ќе се види дали има шанси Македонија да биде правна држава или не..

Боки сигурно на своја рака со Кичеец не мавале рекет, сигурно имале подршка од Јанева која пак имала грб од функционери на СДСМ. Искрено не верувам ЗЗ да е вмешан во ова ама неговите пајташи Фрики и Кики и те како поготово вториот, за кој уште пред ова се шушкаше како во неговиот роден град со рекет успеал да добие бесплатно градење на куќа на атрактивна локација + веднаш сместил аптека и деловниот простор на наш познат бизнисмен (исто го рекетирале) а влијаел и врз градоначалничата за да Боки биде ослободен од плаќање на комуналии за градење на старечки дом. Која е улогата на Фрики баш не знам, ама со оглед дека мажот и е во ДБК јасно е се
 
Од работите кои се интересни е што последните 20 години завршија политичка кариера Црвенковски,Георгиевски,Груевски,Тачи,Костов,а ке завршат со политичка кариера и Заев,Мицковски најверојатно и следните ликови но што со АА.
Ако малце се анализира тој човек ја контролира државава во која насока се одвиваат работите последниве 20г. и политичката кариера на сите политичари.Тој им ја има завршено кариерата на Лубчо,Груевски следниот ке биде Заев и најверојатно по 6/8 години и со Мицковски исто ке биде.
Интересно за државава е тоа што не е толку голем проблемот со рекетов,прислушкувањето и сл. други страња туку мокта која ја има еден човек врз државава.Едноставно премиер,претседател,избор на гувернер,уставен судија се мора да оди со негова одлука и одобрување.Преголема моќ во еден човек,Заев/Пендаровски,Мицковски заедно не тежат толку политички колку што влијание има АА.
 
затоа економски тежат ѓаволипол оти работеле напорно 24/7/365. И никој од нив досега не одговарал за ништо. Освен за тенковски делови и мерцедес :ROFLMAO:


https://www.mn.mk/iselenici-region/14835-D-r-Igor-Janev-–-branitel-na-imeto-na-Makedonija
Кратко кажано, јасно е дека преговорите што ги води Метју Нимиц се влезени во ќор-сокак. Прво, како што гледаме од пресудата од Хаг донесена по тужбата на Република Македонија против Грција, ние според Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН бр. 817 не РАЗГОВАРАМЕ, туку, како што се вели во неа, ПРЕГОВАРАМЕ за името (односно, на сите места во Пресудата се користи поимот „Talks“, а не „Negotiations“, или сличен израз). Само правно неуки квазиексперти сè уште сметаат дека ние РАЗГОВАРАМЕ, а не ПРЕГОВАРАМЕ за името! Преговорите што ги води Метју Нимиц се влезени во ќор-сокак бидејќи три аспекти не можат никогаш да се доближат во овие односи. Прво е местото на кое треба да стои зборот Република (пред или по дополнителната одредница Горна или, на пример, Северна), и заклучуваме дека овде никогаш нема да може да се постигне компромисот. Второ, опсегот Erga Omnes за Грција е Conditio sine qua non (услов без кој не се може), а подразбира користење на компромисното име и во односите со сите 134 (или повеќе) држави што веќе не признале под уставното име, со државите и организациите надвор од ОН, како и користење во сопствениот правен поредок (лични документи, пасоши...).

Тој ова постојано барем последниве 15 години го изјавува везден, никој не го слуша 2%.

и во 2017
и во 2018
и во 2012 и во 2010.
Дека ќе се врати името е уште една голема лага на која ќе се залепат подоста граѓани. Прашање и во што ќе се врати, фиром, налепници за переци за внатрешна употреба.
"Сакавме" преговори и преговаравме и покрај опомените од фијаско...епа еве го резултатот.
 
Последно уредено:
Од работите кои се интересни е што последните 20 години завршија политичка кариера Црвенковски,Георгиевски,Груевски,Тачи,Костов,а ке завршат со политичка кариера и Заев,Мицковски најверојатно и следните ликови но што со АА.
Ако малце се анализира тој човек ја контролира државава во која насока се одвиваат работите последниве 20г. и политичката кариера на сите политичари.Тој им ја има завршено кариерата на Лубчо,Груевски следниот ке биде Заев и најверојатно по 6/8 години и со Мицковски исто ке биде.
Интересно за државава е тоа што не е толку голем проблемот со рекетов,прислушкувањето и сл. други страња туку мокта која ја има еден човек врз државава.Едноставно премиер,претседател,избор на гувернер,уставен судија се мора да оди со негова одлука и одобрување.Преголема моќ во еден човек,Заев/Пендаровски,Мицковски заедно не тежат толку политички колку што влијание има АА.
Грујо уште ја нема завршено политичката кариера, да има избори каде ќе излезат Грујо вс Мицко, Грујо 100% тепа, Мицко е попаметен од Грујо ама не го бива за ништо.

На прецедателските не гласав, ама на следните гласот ќе ми оди против владата, дали некоја друга партија ќе добие ЗА незнам, сега за сега нема никаква друга понуда.
 
Со случајов Рекет уствари ќе се види дали има шанси Македонија да биде правна држава или не..

Боки сигурно на своја рака со Кичеец не мавале рекет, сигурно имале подршка од Јанева која пак имала грб од функционери на СДСМ. Искрено не верувам ЗЗ да е вмешан во ова ама неговите пајташи Фрики и Кики и те како поготово вториот, за кој уште пред ова се шушкаше како во неговиот роден град со рекет успеал да добие бесплатно градење на куќа на атрактивна локација + веднаш сместил аптека и деловниот простор на наш познат бизнисмен (исто го рекетирале) а влијаел и врз градоначалничата за да Боки биде ослободен од плаќање на комуналии за градење на старечки дом. Која е улогата на Фрики баш не знам, ама со оглед дека мажот и е во ДБК јасно е се
корења имало и по амбасади..


Arsim Zekolli@ArsZek
https://twitter.com/ArsZek/status/1151117898863271938


Is it time for EU & OLAF to open an investigation into the role of Dutch Embassy in the massive racketeering & corruption case involving Special Prosecutor Katica Janeva? With special focus on Ambassador Walter Plomp & his preferred local officials.https://expres.mk/zoshto-evroambasadorite-molchat-po-sredbite-so-liderot-na-opozicijata-mickoski/ …



iDCrcgo6
 
Јас мислам дека веќе киднала...
Ленче пребрзо скокна да се оградува,Фатиме ја нема пред камери,а Катица на 16 зема боледување и ништо чудно ако се реши да кидне.
Кој знае уште кој е вмешан...
 
Јас мислам дека веќе киднала...
Во западните земји не смее да оди, во Унгарија не е пријател со Орбан, од Србија и бугарија одма ќе ја лансират кај нас, Грција нема да и даде азил со сигурност, од соседите Албанија и Косово можеби...
 
Катица Јанева на спикерфон додека Боки 13 барал рекет- тоа го снимил сведокот, потврди за Телма Рускоска

Да добиеш поддршка од мнозинството на јавноста, целокупниот дипломатски кор во земјата за борба со корупција, и на крај да завршиш исто со корупција...на 5000 евра месечна плата, сума која мнозинството граѓани не ја примаат на годишно ниво. Мизерија.

Уште да видиме кој е ликот кој е позади псевдонимот Кики, кое е тоа партиско џукелче кое на бранот на револтот за корупција на претходната власт се догура до функција се за да се покака туто комплето на се шо ветуваа како опозиција.
Трошка милост не смее да има за вакви ликови, ако не ти држи не преземај обврски а не заради вакви ликови да се урниса последната надеж дека може нешто повеќе да биде од оваа територија освен темен удбашки вилает. Лејки невидени зинати за пари.

Најако е шо се шпекулира дека Хидрожмицко има компромитирачки материјали за оваа власт и тоа му биле дадени уште лани, арно ама пошто qr го боли исто како овие сега за правда и демократија со нив веројатно врши притисок да не се процесуира ниту еден функционер од претходната власт т.е компањоните апашки. Исто како шо ако прифатеше Груевски тивко да се повлечи Заев ќе се скапеше од вистини објавување.

Мафијшки приказни во сатирична мапет шоу верзија :icon_lol:

 
Грујо уште ја нема завршено политичката кариера, да има избори каде ќе излезат Грујо вс Мицко, Грујо 100% тепа, Мицко е попаметен од Грујо ама не го бива за ништо.

На прецедателските не гласав, ама на следните гласот ќе ми оди против владата, дали некоја друга партија ќе добие ЗА незнам, сега за сега нема никаква друга понуда.
леле, за кој ли ќе гласаш, баш е голема мистерија!:eek:
 
На 1.30, нелегални снимки и јавен интерес. Животот е интересен токму заради некои ситни нешта
со кои си играат мајтап
 
"Медиумите веќе пишуваат, а СДСМ уште веднаш да одговори – како е можно луксузни автомобили да завршиле во семејството кај Зоран Заев, односно кај неговиот братучед Трајче Заев? Потенцирам луксузни автомобили кои што биле во сопственост на рекетираните бизнисмени. Истите коли може да се видат како ги возат роднини на Зоран Заев низ Скопје или низ Струмица."

https://www.mkd.mk/makedonija/polit...znismeni-podaruvale-skapi-avtomobili-na-zaevi
 
И ја мислев така, како што можеш од линкот да видиш, али валидно е и прашањето испод.
Ако не може да бега, тогаш можеби ќе ја најдат во некој ендек? Премногу луѓе може да повлече со себе - и тоа не само во Македонија. Многу незгодно ако почне да зборува, знаеме веќе од искуство дека ако и се даде вистинска понуда, секого ќе продаде.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom