Никогаш не сум рекол дека не знаеш да насликаш приказна.

Значи да сумирам, не требало да му ја одземат лентата на Икарди, без разлика на изјавите на Ванда и ситуацијата ќе деескалирала, така? Како знаеш дека тоа ќе се случело? Претпоставуваш дека ќе се случело. Што ако тоа што го правеше Икарди почнеа да го прават играчите што неговиот агент ги критикуваше, Перишич, Наинголан, Брозович, (можеби Политано, и он е задолжен за давање топки на Икарди), па клубот требаше нив да ги продава за пола цена и да им наоѓа замени ова лето, што ако почнеа интерни пресметки, да даваа нивни агенти изјави што им смета во клубот и кој не е доволно добар. Или ако пола тим, од куроболие почнеше да си џогира на терен и да не се замара на тренинг, па ќе требеше на сред сезона да ги заменат со имагинарна друга постава на играчи. Треба негде да се стави точка, така?
Друга работа, од кај знаеш дека Ванда ќе престанеше со изјави. Што ако си продолжеше, па секоја недела даваше оценки на тоа глупата емисија кој како изиграл, кој колку не му помогнал на Икарди, да изнесува детали од соблекувална, можеби дека и сопствениците се срање, не само соиграчите и тренерот. Има некоја линија, после која ти би сметал дека е оправдано да се реагира? Или без разлика на што Ванда и Икарди би направиле, клубот да чека до лето и да се понаша како ништо да не се случило?
Хронологијата е од официјални изјави и официјални одлуки на едната и другата страна, ништо друго. Имаше три изјави од Ванда, вклучително и онаа каде изиграва спортски директор, па казна поради доцнење, некоја недела после тоа одземање капитенска лента (откако не се извинил or something) и на крај платен одмор за Икарди. Грешка сум некаде? Поправи ме ако грешам негде.
Јас мислам дека има позадина и од двете страни. Интер сакаше да почне да практикува дисциплина и да си ја зачува репутацијата откако агентот на капитенот почна да се сере на клубот. Икарди (и агентот негов) сакаше да практикува моќ и да добие нов договор, каков што он сака. Јас тоа го тврдам од почеток, дека целата поента на Ванда беше да добие левериџ за нов договор. Не се Бони и Клајд што имаа мастерплан за да си заминат од клубот, туку се двајца неписмени мангупи што мислеа дека можат цел клуб за јајца да го држат и да добијат што сакаат. Само една од двете страни во оваа игра беше непрофесионална и прва влечеше потези, и затоа одговорнста јас ја препишувам кај нејзе.
Ела назад да се вртиме во кругот сега.
Иначе, во другите вести, Конте веќе почна индиректно да кука зошто не му се донесени нови напаѓачи. На 19 јули, со повеќе од цел месец останат од трансфер периодот. Ќе биде интересно ако се влече ова до накај 15 август. Ништо чудно овој со откази да почне да се заканува.