Развод на "стари"години

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Секој се менува и не е истиот после 50 години, нервите не се исти и не можеш да трпиш, ама тоа не е некој голем проблем, па да дојде до развод. Старите се караат за глупости, ама пак некако се смируваат. :D
На 50 години ебач, таквите на млади години гледаат во туѓи жени после откако нема да можат се прибираат кај онаа што ги има трпено цел живот.

Проблемот е уште од почеток, ама мислат дека ќе се среди и дека нема да имаат проблеми во иднина. Ќе прекине да оди по други, да пие, ќе ја/го засака итн. Нема да има плескање во лице дека никогаш ја/го нема сакано, дека заедно се поради децата, парите или нема факултет или добра работа.

Првите што ги познавам што се разведоа после 20 години родители на другарка со која се дружевме како мали. Жената живееше сама со две деца, мажот шофер по патишта и се прибираше еднаш во 3-4 месеци.

Живеа богат живот, овој праќаше пари, ама оваа после толку време осети дека и треба маж. Овој ја примети и и праќаше смс пораки да се најдат и да се договорат да избега со него заедно, тогаш немаше фб нели денес фб ви е крив за се. :D
Оваа колку испадна глупа и наивна. :pos:
Абе на невидено и преку смс ќе те бара некој да бегате во Острелија, ни не помисли дека е мажот и. :pos:

Овој проблем да си го решеа на млади години и да идеа некаде заедно да живеат или овој да сменеше работа и да не беше толку отсутен од дома може немаше да дојде до тоа. Џабе не викаат каде едниот, таму и другиот.

Исто една жена околу 50че мислам дека беше се жалеше дека и фали секс, а мажот и алкохоличар од кога се заедно. Сигурно не е од вчера и тој освен на пиење на друго не му текнува.
Проблем уште од почеток. Кога знаеш дека е таков и нема да те чува ај чао.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.855
Најдобра работа за да нема развод е кога ќе го видиш партнерот/партнерката уште во врската од неколку месеци веднаш да се батали.

Треба да се процени партнерот/партнерката уште во првиот месец од врската каква е/каков е...

Пример некоја оди со некој пијаница, ја тепа уште од првите месеци откога се во врска и зошто не го батали таквиот???

Или некој скоро секој ден мава по автоматите во казино и што бара таквата со таков?

Зарем потакај таквите мажи ќе се опаметат откако официјално ќе се оженат???
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Главниот проблем е кај жените кој 90 и кусур % од нив летаат у облаци и олекуваат дека мажот ке се смени и ке биде онаков каков тие сакаат. Си имаат замислено верзија од човекот и уствари ја сакаат таа верзија.
Иначе мажите углавном се реални...Една пријатела која е околу 55-6 години ми кажано дека уште на денот на свадбата знаеле дека ке се раделат со мажо и само не знаела кога. После 20 години се разведени.
Значи жените не дека не се свесни, само го игнорираат очигледното и се филмаат и очекуваат невозможно.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.336
Поени од реакции
10.206
...Една пријатела која е околу 55-6 години ми кажано дека уште на денот на свадбата знаеле дека ке се раделат со мажо и само не знаела кога. После 20 години се разведени.
.
Зарем не ја праша ти таа твоја пријателка зошто се венчала кога знаела предвреме дека ке се разведе?:rolleyes:..и она ли ти е показател дека сите жени сакаат да го сменат карактерот на мажот?
не ми се верува..ние жените сме нереални а мажите биле реални..од каде ли ти е оваа теза:facepalm:
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Зарем не ја праша ти таа твоја пријателка зошто се венчала кога знаела предвреме дека ке се разведе?:rolleyes:..и она ли ти е показател дека сите жени сакаат да го сменат карактерот на мажот?
не ми се верува..ние жените сме нереални а мажите биле реални..од каде ли ти е оваа теза:facepalm:
После месец дена ти текнува да реплицираш. Шо мислење си удрила ма Каталино за ваков одговор :eek:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.217
Поени од реакции
84.126
нема ни десет дена
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.336
Поени од реакции
10.206
Точно 10 дена, а ја имам филинг као цел месец да минало. Интензивен ми беше периоди, затоа изгледа. Па и 10 дена мауку ли е за мислење ?

Десет дена бев на одмор на кој размислував за многу битни работи...десет дена апстинирав од интернет, штрумфував, анализирав што би било кога би било, но на жалост, освен сознанието дека потешко ќе ми биде ако започнам нов живот и тргнам во непознато отколку да се помирам со ситуацијата и си легнам на брашно, фактот дека сепак ние луѓето, колку и да сакаме да не признаеме, живееме за ШТО ЌЕ РЕЧАТ ЛУЃЕТО!
:( Најлошото е она кога ќе слушнеш како велат дека се мрднале по стари години.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.274
Често читам ова погоре -се мрднале на стари години. Зашто би ги делеле тие "мрднувања" на млади и стари години? Зарем повеќево млади кои се заедно со години (позаедно од што ние сме биле, спијат, живеат, се хранат заедно, 24/7), кои за пола до 1 година, две од венчавка, таман се родило и бебенце, се разведуваат. Зарем тоа е поинакво "мрднување"?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.392
Поени од реакции
4.237

,,Мрднувањето,, на млади години (зборувам кога во бракот има и деца) е многу полошо од ,,мрднувањето,, на стари години. Кога се разведуваат млади, најголема жртва се оние најмалку виновните- децата. Тие страдаат по сите основи. Но разводит на млади години има смисла од аспект на започнување ,,нов живот,,. При развод на стари години не страда никој, ,,децата,, (од по 30-40 години) се доволно возрасни и самостојни да развод на нивните родители не им предизвика трауми, може би само нервоза и срам во околината но трауми и последици дефинитивно не. Но развод на стари години нема никаква смисла од аспект на ,,започнување нов живот,,. Кој ебен нов живот на 65- 70 години? Еве би ја прашал и pozdrav eden topol како го замислува тој ,,нов живот,, на тие години?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Десет дена бев на одмор на кој размислував за многу битни работи...десет дена апстинирав од интернет, штрумфував, анализирав што би било кога би било, но на жалост, освен сознанието дека потешко ќе ми биде ако започнам нов живот и тргнам во непознато отколку да се помирам со ситуацијата и си легнам на брашно, фактот дека сепак ние луѓето, колку и да сакаме да не признаеме, живееме за ШТО ЌЕ РЕЧАТ ЛУЃЕТО!
:( Најлошото е она кога ќе слушнеш како велат дека се мрднале по стари години.
У тие десет дена да си нашла некој што ќе ти го сврти паметот за 360 степени до поинакви заклучоци ќе дојдеше. :)
Ама нема никој и ти си викаш дај што даш.....тука е проблемот кај доста жени, утнуваат да најдат прави мажи кога највеќе им требаат. Лов е во прашање...
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Бракот е ствар на договор, разводот некогаш не е, кога одлуката е донесена еднострано.
Впрочем има три основи за развод, накратко, една поради неподносливост, друга да не функционира повеќе од 1 година брачната заедница, трета спогодбено. Сум имал пракса со последнава и обично луѓето после тоа седнувале на кафе и си разговарале најнормално, се разделиле како возрасни без погани зборови, напнувања и слично. Дури сигурен сум дека повеќе љубов во моментот на разделба имало меѓу нив, отколку во некои кои се во брак и глумат хармонија. Ама тоа е животот, одлуки и последици. И не е секогаш пресудна љубовта, една од најголемите заблуди кај човештвото дека ако се има љубов се се средува.
Кај нас системот е така поставен да склучувањето брак е полесно, отколку разводот, кој сам по себе кошта ѓавол ипол во судска постапка ако се наплаќа по тарифа. Па имаш рочишта за мирење, па курци палци, дури да дојди до мигот на развод. Веројатно сето тоа е така поставено за да ги одвраќа луѓето од намерата. Инаку од пракса, досега речиси на сите што им чкрипнало да се разведат се разведиле. Тие помирувања траеле привремено, одреден период до наредно пукање на тиквата.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.336
Поени од реакции
10.206
У тие десет дена да си нашла некој што ќе ти го сврти паметот за 360 степени до поинакви заклучоци ќе дојдеше. :)
Ама нема никој и ти си викаш дај што даш.....тука е проблемот кај доста жени, утнуваат да најдат прави мажи кога највеќе им требаат. Лов е во прашање...
Многу грешиш душо, ова нема врска со никаков лов, едноставно ти е преку глава од мажи...луѓе се разведуваат едноставно само кога нема веќе комуникација, немаат ништо заедничко, си сметаат еден на друг, нема секс, нема љубов, има само заеднички ручек и вечера ама и тоа останало од навика, не дека им е убаво.
Во моментов немам потреба за друг маж, сакам само да не тинтрам веке некој...убива монотонија.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.593
Поени од реакции
37.521
У тие десет дена да си нашла некој што ќе ти го сврти паметот за 360 степени до поинакви заклучоци ќе дојдеше. :)
Ама нема никој и ти си викаш дај што даш.....тука е проблемот кај доста жени, утнуваат да најдат прави мажи кога највеќе им требаат. Лов е во прашање...

...кхх, кххх, кхх, само да се вмешам да степените што ги спомнуваш е иста ситуација како моментална при вртење на памет и заклучоци што ги предлагаш !

...промената што би била целосна во спротивност би била за 180 степени! така да промена за 360 степени НЕМА, ами има за 180 степени! :)
... инаку доколку „постарата особа“ е независен/а во смисол со (на плата / пензија) и стамбено обезбеден/а тогаш ако не ги врзува ништо во брак (освен деца, внуци кои не се присутни), а самиот брак е нездржлив во секој смисол пекол за едниот партнер, тогаш за да има мир и добра старост подобро е да истите се разделат, оти предверемено ќе си умре поради тоа едниот партнер или двајцата, нели, секојдневно нетрпение зависи кој пати или едниот партнер или двајцата!

...инаку парите, решено стамбено прашање како и други дополнителни повластици како викендица, автомобил би биле отворена врата за нов/а партнер/ка бил/а помлад/а, бил постар/а !
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Десет дена бев на одмор на кој размислував за многу битни работи...десет дена апстинирав од интернет, штрумфував, анализирав што би било кога би било, но на жалост, освен сознанието дека потешко ќе ми биде ако започнам нов живот и тргнам во непознато отколку да се помирам со ситуацијата и си легнам на брашно, фактот дека сепак ние луѓето, колку и да сакаме да не признаеме, живееме за ШТО ЌЕ РЕЧАТ ЛУЃЕТО!
:( Најлошото е она кога ќе слушнеш како велат дека се мрднале по стари години.
Значи си осознала дека живееш за ШТО ЌЕ РЕЧАТ ЛУЃЕТО и си решила да се помириш со фактот и да си легнеш на брашното. Браво за еуреката на твојот живот :bravobe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom