https://burevesnik.news/index.php/blog-bozinovski/417-vetar-duva-kocho-inkasira
Пошто пред некоје време имаше коментар овде околу законот за регенеративна енергија и имаше прашалници. Еве ви одговорот. Тогаш не стасав да коментира али законот е така пишан што приватни домаќинства не смеат да внесат регенеративна енергија во мрежата значи само лица/фирми кои произведуваат а не трошат. Законот скоцкан за овој значи. Во Германија на пример секој може соларни панели да си става на куќа и да внесува струка. Тоа е субвенционирано и секој киловат чац се плаќа со фиксна сума за да расте нели регенеративната енергија.
Е сега Кочо ќе си гради соларни полиња или на ветар па по фиксна цена ќе си продава. Плус интервенциите во мрежата која секако ги има а се скапи, не ги плаќа како што читам. Непланското внесување струја во мрежата, а сонце или ветар не се планираат, доведува до интервенции да се чува ставилноста на мрежата а од тие трошкој ќе би ослободен. Авал да му е покрај сите напади сеуште се држи и направи најголеми бизниси. Па вие после плаќајте скапа струја. Овој ви ја продава.
Ооооо Игорче-Мк, гледам пишуваш за
обновливи извори на енергија и како фамилијата го легализира грабежот (бизнис грабеж се е тоа исто куде нас). Веднаш една замолба не се регенеративни туку обновливи па ако не ти е тешко користи го тој збор, сигурно не си од техничка струка па преводот е таков. Знам не е оваа технички форум па да се користи соодветна терминологија ама нека не биде тешко да се користи полесно ќе се разбереме.
Ме интересираше соларната технологија а има и соларна архитектура, секогаш кога некој наш архитект ќе го прашав за соларна архитектура добивав одговор дека тоа кај нас се изучува површно и дека немаат никакви сознанија за истата. Па се прашував зошто во земја каде за свој симбол го има Сонцето каде од 350 денови во годината има 250 сончеви, соларната архитектура и технологија се толку високо развиени и “пичат пичат у пи*ку материну“. Одговор нема така е како што е никој не знае ниту го интересира, магистри и докторанти како печурки после дожд ама на никој не му паѓа на памет да го истражи тоа и да даде некакви свои проекции.
Едно време околу 6-8 месеци интензивно истражував и вршев компаративни... како е на пример у Џерманија и на други места решено популаризирање на овие технологии (соларни колектори и фотоволтаици), таму државата го поттикнува овој вид на обновливи извори на енергија има буџетски средства па дури и е внесено во образованието за школување на профили кои подоцна би работеле на таквите системи со еден збор решението е севкупно и со стратешка проекција.
Добро сега, ние сме земја со скромни ресурси во техничка и кадровска смисла ама сме богати со сончеви денови... тогаш дојдов до еден податок доколку во Македонија почне да се применува соларна технологија малку посериозно бенефитот би бил во најмала рака трострук:
- би имало за 30-40% помало оптеретување на енергетскиот систем (се однесува само за колектори);
- еко ефектите би биле да така речам чудесни (емисијата на СО2 би била намалена за 50-60% -Скопјанишчана нема да дишат на шкрги);
- во регионите каде има преку 200 денови сончеви би имало и ефект врз стандардот на тие семјства (подобрување на квалитетот на животот)Ч
...
Да речеме во Германија тнр “зелена струја“ се плаќа 3-4 пати поскапо (сакам да речам дражавата на произведувачите им ја плаќа 3-4 пати повеќе) од онаа произведена во ТЦ или НТЦ...
И повторно се враќаме на почеток, не може држава да опстане има или планира развој ако не создаде свои институти за стратешки истражувања и тоа во сите области или бар за природни, технички и социо... геостратешките ете да ги оставиме затоа што имате само една иднина, кој да ги едуцира политикантиве кои се борат кој подобро да им служи на газдите, не дека тие слушаат ама тогаш таа анализа-студија што и да е може да се објави и на тој начин да се врши притисок врз тутурутките.
Секое добро ама соларната технологија е само еден од инструментите кои се во техносферата, другите се на социјален и...