здраво
пред неколку дена приметив климата кога ке ја пуштам да лади на почеток смрди како на оцет/кисело. тоа е првите неколку минути и после тоа се е ок. исто така сум приметил доколку темп. на ладенје е над 26 степени исто така мириса, кога е испод 26 тамам е. дојде еден дечко што чисти клими ја исчисти демек ама пак исто. али чистењево му беше 10 минути, ја расклопи, прсна со едно такво пластично шише со пумпица 4-5 пати, ги изми филтрите на чешма и пак ја склопи. значи јас што не се разбирам од такви работи јасно ми беше дека е по кур работата. така да има некој некоја идеја од што така смрди и како да се реши? дај некој нека каже некое чаре или некој добар мајстор што чисти да викнам убаво машински да ја среди ко што треба. инвертерот е стар само 2 години и е cooper&hunter модел, еден куп пари го платив така да не е некој скапан колку да се каже дека имам инвертер па да смрди и сл..