ОК, се надевам само дека и Перишич истиот третман ќе го добие. За Икарди комплетно го разбирам и оправдувам секој потег, ама бркање на Наинголан на ваков начин е газење по тенок мраз. Не дека е професиналец за пример, ама сумата за која е платен пред една година е прилично голема. Плус е единствениот вистински квалитетен играч во средината. Шпекулациите кои се споменуваат, се за позајмици во Кина, што е логично, зошто не верувам дека има клуб што ќе плати доволно за Интер да нема загуба од трансферот.
Ја ќе почекам да видам како ќе изгледа тимот на крајот на траснфер периодот, пред да давам мислење за него. Само се надевам дека покрај Барела и Сенси, таргетираат некој екстра квалитетен мидфилдер до крај на преодниот рок, зошто инаку би немало смисла инсистирањето со продажба на Наинголан, а сигурно место за Весино и Гаљардини. Лукаку за Икарди и Барела за Наинголан најверојатно ќе значи мачна сезона, треба поголем, многу поголем квалитет тука. Марота и другар му имаат битна работа да сработат ова лето и имаат услови да ја сработат. Изјави како “Конте ни е најдобар играч“ не ми значат ништо. Ни ќе прават разлика ако имаат тренер со 10+ милиони евра плата, на чело на тим што нема и не може да се бори за титула. Притисокот со кој и он и Конте се соочиле до сега во кариерите, не е ништо во споредба со тоа што ги чека во Интер ако сезоната не им оди по план.
Од мене имаат benefit of the doubt, дури не се докаже спротивното, ради досегашните нивни кариери. Али, подобро да не ја посерат ситуацијава.
Иначе, се надевам дека не се сериозни за Матич шпекулациите. Тогаш ростерот ќе им изгледа како Манчини да го составувал.