Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Едно 99% од народот овде кога критикува не тргнува прво од себе, туку прво се оградува демек свесен, јас не сум од тие, па после продолжува да фрла со дрва и со камења по се живо. Просто се добива впечаток дека овде никој за ништо не е виновен, сем политичарите, овде живее општествено одговорен и освестен народ, имун на партизација, корупција, непотизам...па логички се наметнува прашањето ако никој не е крив за ништо тука, зошто сме на ова дереџе?
Упорно се тера една иста реторика на барање виновнивци под дрво и под камен, во секој двор смрди само во мојот не. И повторно доаѓаме до моментот на (не)сносењето на колективна одговорност. Политичките партии станаа бироа за вработување оти народот е без морални дилеми, дека кај него не постои клиентелистички порив и хронични склоности кон корупција?

И оние кои што реално се исклучоци сносат одговорност. Има еден куп образовани луѓе, интелектуалци кои што се пи*ки во душа и во моменти кога требаше да го кренат гласот одлучија да молчат. Таквите можат комотно да се замотаат во сите тие нивни титули и дипломи и да се самозапалат. Кај нас затаи интелектуалата и образовниот систем. Направија на просечниот студент императив во животот да му биде чистењето нужници по Германија. Наместо да стимулираат критичко размислување каде младите ќе бидат носители на општествени промени во иднина, тие во прв ред ги ставија личните интереси и на површина излегоа нивните клиентелистички особини, станаа вазали на Грујо и Зајко од Муртино.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Друг муабет кој го слушам од нив деновиве(а ги слушам многу зошто најголемиот дел од роднините се "комуњари") е тоа дека Заев бил притиснат од надвор да не прави ништо за државата ни да се отвараат фабрики ни да се поправат патишта и реновираат клиники затоа што на некој од надвор не му одговарало силна и просперитетна Македонија.
Но главниот заклучок декаЗаев не е ништо виновен бил притиснат од надвор човекот.
Ќе испадне дека Грујо го „јадеше“ дека (меѓу другото) не ги слушал од надвор, па правел силна и просперитетна Маќедонија.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.676
Поени од реакции
16.883
Нема брашно нема мир, србите немаат доволно жито за извоз, шо значи за леб има да се прострада. Сите политички игри одат надвор кога ќе почни народ да гладува очекувајте арапска пролет среде зима.
ќе каже зајко, ако нема народот леб нека јаде кољачи...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
Ќе испадне дека Грујо го „јадеше“ дека (меѓу другото) не ги слушал од надвор, па правел силна и просперитетна Маќедонија.
Тоа си го знаевме ние одамна. Него го уценуваа со децата да прави срања, иначе он по сопствена воља никад не би напраил такви гомнарии и све убаво би праел.
Сега еве и Заев го притискаат од надвор, иначе ќе бевме до сега балкански Сингапур. Меѓу членството на СДСМ се знае тоа - дека се врши притисок врз премиерот да не ја оправа земјава. Некој од надвор не сака да има просперитетна Македонија и цело време кочи (масоните или Евреите, нема друг). А ние мислиме дека политичарите наши се криви.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Да сме искрени, ни Бугарија, ни Севернава не се зрели, ни узреани за ЕУ. И никогаш нема ни да бидат. Има и други, не само ние.
Тоа са твои лични тези.[DOUBLEPOST=1562166568][/DOUBLEPOST]
Добро сега, намали малку таа рибата, велиш дека имало 25 држави сигурен си дека се тоа држави, Или и колониите ги сметаш за држави?
Ако имаш докази,дека били колонии... повели... докажи. Колонии на кого?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
Нема брашно нема мир, србите немаат доволно жито за извоз, шо значи за леб има да се прострада. Сите политички игри одат надвор кога ќе почни народ да гладува очекувајте арапска пролет среде зима.
Немаат заради климатските промени, предизвикани од глобалното затоплување, предизвикано од човекот и индустријата.[DOUBLEPOST=1562170642][/DOUBLEPOST]Кога не би донеле одлука за изгонување на Охридско Езеро од УНЕСКО, деновиве во Баку, тоа би била голема неправда кон објективноста и здравиот разум.
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.552
Поени од реакции
5.279
Ај те молам препрочитај го уште еднаш мојот пост и потруди се да разбереш што сакав да кажам, затоа што се си кажав:icon_mrgr:
Зошто не се поставуваат прашања како “Кога пратениците ќе почнат да земаат плата од наши СМС пораки, а децата ќе се лекуваат од нивните плати“?
Воздражано и строго кон традиционалниот образовен тренд, имам завршено бечка школа (некои ја мешат со бечка шницла) балкански смер и затоа овој пат само линкови : линк1 линк2 линк3
само и понатаму не можам да сватам што повеќе те повреди: 30 февруари или прашањето до-од другарчето!

Тоа са твои лични тези.[DOUBLEPOST=1562166568][/DOUBLEPOST]
Ако имаш докази,дека били колонии... повели... докажи. Колонии на кого?
Па кај си ти? Се загрижив дека од срам заради глупостите што ги шараш наоколу одлучи да не напуштиш, попусто се надевав, а?

Наједноставно да се објасни (категорија)принципот на слобода или колонија (тоа е спротивно од слобода, да знаеш) е ако се направи аналогија која би била разбирлива и јасна и за некои кои не се толку вешти во социјалните игри!


Па така кога за некое семејство во кое главниот збор го води еден од членовите и се грижи за благосостојбата на останатите затоа што самиот се нафатил на таква работа одлучува т.е. носи одлука за некое прашање, и по кој пат ќе се оди за да се оствари целта зависи пред се од неговото разбирање (
ганглии треба ганглиииии) и самостојноста во носењето на одлуките. Па така тој има пресудна одлука по многу прашања а степенот на слобода на останатите членови зависи од воспоставениот систем, но неважно. Важно е дали тој самостојно и под кои притисоци ги носи одлуките. Па така ако тој согледувајќи ги околностите односно дека соседите или газдите имаат вакви или такви интереси тој под притисок на тие околности ги носи одлуките, ... НО! Кога тој добива директни притисоци ќерката да ја носи во бордел или да ја продаде во системот на бело робје, а синот да го носи во педеролиберална школа за да создаде од него нова надеж (горд ... што и да значи) на тој нов систем тогаш, не само што можеме да речеме и заклучиме дека тој не е слободен-суверен туку дека тој е едноставно вазал-роб-колонизиран со се...


Па така, аналогно може и за државите, ако властите самостојно ги носат одлуките и ги определуваат интересите без да имаат притисок или директни барања од империјалните центри тогаш можеме да говориме за суверени држави, но кога тие се изложени на директни “директиви“ со кои паралелно следуваат и закани дека ако така не сторат и не ги усогласат своите политики ќе бидат нападнати или изложени на санкции-ембарго па и војна, тогаш верувам на секое дете му е јасно за кој тип на држава говориме!


Истово “твое“ прос... секојдневно ни се случува, на страниците на слободните демократски и независни медиуми ќе најдеме текст во кој некој научник се дискредитира во стил дека тој и неговата теорија се про-комунистички или анти-комунистички. Како да науката се темели на комунизам и антикомунизам, а не на докази и емпириски показатели и други научни методи за да се воспостави некоја теорија како научна или ненаучна. Ама не, ние постојано имаме наметната ситуација од страна на големобугарските тутурутки во која некој сегмент или целата научна теорија -историја на Македонците- не им се допаѓа па најлесно е ако творецот се дискредитира дека е комунист, Македонист или Македонец и со тоа се доведува и неговата наука -вистина- во спекулативни води.

и сега најпосле за еуропејските погледи на Булгарите кои се почесто им се наметнуваат и на Македонците...
Некои народи архетипски и историски се навикнати да бидат третирани како добиток, и со восхит доброволно прифаќаат странци да ги управуваат, а некои не дозволуваат и не се продаваат, дури и по цена на многу поскромна живеачка, но со чист образ и мирна совест.

(за докази па и материјални обрати се во некој од архивите или владите во Берлин, Брисел, Лондон, Париз и Вошингтон!)
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.404
Поени од реакции
23.239
Просечната старост на амбулантните возила е 11 години, едно поминало 1,36 милиони километри

Еве уште една од познатите „нешто да се дешава“ ситуации. Ботовите од двете страни ќе се откорнат од релативизирање сега и нормално никому ништо и за ова, само онака се спомнува демек имаме истражувачко новинарство. Ама дај битно за ебениот датум да збориме и да видиме уште некоја куртонска изјава дали на некој бугарски измеќар или таму некој висок претставник за куротресизам. Линч и Буњуел гомна да јадат за македонскиов надреализам.
Спикинг оф

 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ова официјалниот профил му е? Шо па на латиница? Нели горд македонец е?

Едно 99% од народот овде кога критикува не тргнува прво од себе, туку прво се оградува демек свесен, јас не сум од тие, па после продолжува да фрла со дрва и со камења по се живо. Просто се добива впечаток дека овде никој за ништо не е виновен, сем политичарите, овде живее општествено одговорен и освестен народ, имун на партизација, корупција, непотизам...па логички се наметнува прашањето ако никој не е крив за ништо тука, зошто сме на ова дереџе?
Оkay, confession spree - you can start any time!
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.390
Поени од реакции
24.111
Ne ja pocituva republikata i ustavot. Treba izgleda da pocnat kazni da frcat.
A i temata koga sme kaj toa. Za koi slucuvanja pisuvame. Za koja makedonija. Komotno mozam da pisam za Florina, Edesa ili Tesaloniki i kako nekoj tamu pominal na crveno i zgaznal pesak, kako nekoj neznam sto i kako. Dajte seriozno malce,realnosta e taa. Nie sme Republika Severna Makedonija po ustav, po zakon. Toa e imeto na republikata za vnatre i za nadvor, nema potreba da se glumi ludilo.
 
Последно уредено:

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.945
Поени од реакции
50.849
Toa e imeto na republikata za vnatre i za nadvor, nema potreba da se glumi ludilo.
Па да де, ама зошто упорно глуми тогаш. Како тоа Република Македонија е кога се обраќа дома, а кога се обраќа пред западните ментори е нашата земја.
И јас сум за тоа да не се глуми. Ете нека се држи до теми од тип на цената на малините и како ги прогонувал Заев, нека се труди на тие теми да ги стекне нивните симпатии и нека не го фарба народов со овие несреќни џонглирања.

Мицкоски очекува да го уапсат, тврди дека го набљудуваат специјалци од МВР

еве ќе го апселе, и како да не се сожали сега таа Урсула и да не го помогне неговото доаѓање на власт :icon_lol:
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom